Book
- Id
- 12789
- Title
- Македонија и Рим, архитектонско-урбанистички паралели
- Author Name
- Вангел Божиноски
- Description
- First Published
- Keywords
- Project
- Area
- Template
- Македонија
- Language
- Status
- 1
- Nodes Count
- 1
- Authors Count
- 0
- Created
- 2008-07-13 22:15:15
- Modified
- 2008-07-13 22:40:36
- Published
- 2008-07-14
Related Nodes
Id | Book Id | Filename | Nodetype | Description | Default | Actions |
---|---|---|---|---|---|---|
2585 | 12789 | 1 | 1 | View Edit Delete | ||
Body Во секојдневноста терминот ИСТОРИЈА го објективизираме како интернационално дефиниран со додавката дека „ИСТОРИЈАТА ЈА ПИШУВААТ ПОБЕДНИЦИТЕ“. Се согласувам со секојдневноста иако во реалноста на јазикот постојат суштински стојни точки според кои секој народ го дефинира ова исклучително и се поважно поле на интерес. На пример, најпопуларниот јазик на денешнината, англискиот, зборот го изговара како „history“, што етимолошки значи дека потекнува и реферира на третото лице еднина: „his story“ - негова приказна. Германскиот го произведува зборот како инфинитив: „geschichte“, што значи „она што се случило“, хрватскиот изговара „повијест“ и делува некако новинарски итн. Македонскиот јазик во својот корен реферира кон третото лице множина: „ИСТОРИЈА“ и-сторија, односно тие направија. Како што забележувате, македонскиот јазик под историја подразбира во основа градителски чин. Затоа ако сакаме да ја откриеме вистината за македонското минато од Младото Камено време до XX век по Богомладенецот со Крстот најупатно е да ја бараме во историјата на архитектурата и градоградителството. Како дел од поновата историја на македонското градителство, да ја одбереме паралелата Македонија-Рим како две спротивставени страни во II век пред новата ера. Кога велам спротивставени, најмалку мислам на воениот судир. Македонија и Рим, пред сè, имаат различни стојни точки во филозофскиот поглед на светот. Рим е познат во светот според популарната типично римска мудрост која (треба да се признае дека сентенцата е актуелна и денес) гласи: Раздели и потоа владеј! Колку и да е делотворна оваа реченица, во основа е деструкција (потсетувам дека Емилио Паул по победата кај Пидна срамнил со земја 70 града во Македонија). Таа функционира со создавање на хаос во просторот кој потоа се „реорганизира“ по принципот на присила, поримјанување, поробување. Авторитетот се темели пред сè на добро организирана, добро платена воена сила. За опстојување на овој животен начин на организирање на дневната структура, Рим се темели на воена економија. Престанокот на освојувачките походи за Рим значи почеток на пропаѓањето. Рим нема снага и традиција да се развива сам од себе ако нема туѓа култура, тело и територија на која ќе се накалеми. Македонија се темели на друга традиција во однос на светогледот. Како прва држава во Европа организирана околу авторитетот на кралот кој пред да седне на престолот мора да ги мине сите квалификации кои и денес го дефинираат моделот за лидер (треба да се потсетиме дека античката критика го слави Филип Втори Македонски како најмудар државник на стариот свет (Диодор Сикула) Македонија гради сопствен општествено-политички систем кој се темели врз филозофијата на македонизмот. Она што нашата историографија му го припишува на Гоце Делчев е всушност основниот принцип на македонизмот: Светот како натпревар на култури. Почитувајќи го овој принцип, Александар Македонски на својот поход (спротивно на Емилио Паул) изградил преку 70 града, никаде не ја посеал разновидната гнасотија на грабежот, секаде ја оставил градската управа да владее по своите традиции, дури организирал торжествени свадби како симбол на соединување на народите. Да потсетам, по поделбата на Македонија 146 г. п.н.е., Рим забранува секаков контакт и меѓу најблиските роднини од другата страна на четирите ѕида, прототипи на популарниот берлински ѕид. Непотчинување, туку учество во владеењето е принципот на кој се темели македонизмот. Да се освои не значи да се демонстрира моќ преку уривање, туку да се сочува сè. (Потсетувам на епизодата со возобновата на вавилонската кула при освојувањето на Вавилон). Македонизмот рано ја проценува снагата на организиран воспитно-образовен систем и е прв кој во европски размери создава посебни простори за образование. Логична е веројатноста дека проценката за основање на лицеумот во Миеза е последица на кралската заштита на филозофите и уметниците кои се засолниле во Пела, во периодот на атинските прогони од V век п.н.е. (во времето на градоначалникот Перикле). Колку овие факти и интерпретација на фактографијата можат да бидат потврдени во архитектурата и градоградителството на Македонија и Рим? Првиот сигурен знак дека суштествува цивилизација е: организиран, низ човечка промисла посаден и со човечки раце изграден простор. Архитектурата е метонимија за цивилизација. До процутот во стилскиот израз МАКЕДОНИЗАМ (во историјата на европската уметност без научна поткрепа се користи произволниот термин „хеленизам на Јохан Дројзен од XIX век) македонската култура мина искуство од најмалку б.ооо години. Македонизмот како архитектура и уметност е директна последица на светогледот на организираната Македонска држава. Колку и да делуваат апстрактно, градителските принципи на македонските градови се, пред сè: СВЕТОСТ, СВЕЧЕНОСТ И СОБОРНОСТ. Без сомнение, најдобар претставник според чии остатоци можеме да го дефинираме придонесот на македонизмот е Александрија Прва. Во учебникарството според навика, но не и според фактографија, се смета дека Хиподам од Милет како основоположник на урбаното планирање доживеал отелотворување на неговите решеткасти планови во атинските колонии со кои Атина го освојувала Медитеранот. Според најоптимистичките претпоставки во периодот на најголемата моќ (Перикловото време, односно втората половина на V век п.н.е.) Атина нема повеќе од 25.000 жители. Можеме да го додадеме и економското засилување по воените победи и заедништвото во нестабилните сојузи со другите градови, но сепак не ќе можеме да стасаме до моќ неопходна за изградба на еден новопроектиран град. Без оглед на оваа дигресија, фактите покажуваат, како што ќе напише и Луис Мамфорд во неговото капитално дело „Градот низ историјата“ дека Хиподамовата теорија кристализира во градителската пракса на македонизмот и тоа токму со Александрија на Дејнократ и Александар Македонски. Причините за подигање на Александрија Прва, проценети од стојната точка на сегашноста се обременети со воено-стратешки претпоставки, со економски оправданости во однос на географската позиција итн. Како што исправно резонира Алојз Ригл, ваквите погледи често донесуваат погрешни претстави за вистинската свест од минатото. Доколку се потсетиме на анегдотата која до нас доаѓа преку римскиот теоретичар Витрувиј, ќе забележиме дека планерот на Александрија, Дејнократ, во себе содржи и се бори за идејата: ГРАД НА ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО, предлагајќи ја Александрија Прва на светогорскиот полуостров. Понатаму, ако ја разбереме пораката на ритуалот кога Александар ги бележи ѕидините на градот и конечно ако го дешифрираме планот на градот кој ни го реконструираат археолозите, ќе разбереме дека Александрија е подигната како појдовна точка на една нова епоха со нови стандарди за повисок степен на достоинство. Кои се архитектонско урбанистичките придонеси на Македонизмот: 1. Почеток на научен урбанизам, применет во праксата 2. Претпоставена и остварена идеја за град центар на светот 3. Поставени првите стандарди за сообраќајници (улиците се со минимална широчина од 6 метри) 4. Нова урбана естетика со проектирање на перспективи и градски висти, со што достоинството на граѓанинот и посетителот како публика се подига на степен на животен начин поради кој и постои градската естетика 5. Воведување на градски водовод и канализација мрежно испланирани за целиот град 6. Поплочување на сите улици и плоштади 7. Воведување на ноќно осветлување како и урбана опрема (фонтани, жардинјери, дрвореди) 8. Воведување на парадна улица (улицата Канопе која и денес е во употреба била проектирана со широчина од З3м. и должина од б км.) со наткривени тремови и логии 9. Воведување на монументалното како водечки естетски принцип во градската архитектура 10. Основоположување на нови архитектонски програми дотогаш непознати во европското искуство: библиотека, музеј, зоолошка градина 11. Основоположена е и првата архитектонска критика: рангирани се 7 највредни архитектонски споменици на стариот свет 12. Орнаментирањето е традиција која македонската култура ја одгледува од предисторијата, а во периодот на развиениот македонизам покрај живописот како фреска, мозаикот го постигнува совршенството Примерот на Александрија го следат: Пергам, Ефес, Антиохија, Пела. Да го погледнеме сега одразот на римскиот светоглед во архитектурата и урбанизмот во периодот на римско-македонскиот судир, сè до времето на Октавијан. Рим е самоникнат историски град. Сè до престојот на Гај Јулиј во Александрија и врската со Клеопатра VII која за Цезар беше откривање на нови хоризонти, Рим се развива стихијно. Првиот урбанистички план за еден дел од Рим го нарачува Гај Јулиј, обидувајќи се да фати некаков чекор со македонската цивилизација. Неговиот проект за расчистување на дел од градот за да се ослободи простор за плоштад не успева. Според историчарот Тит Ливиј, непосредно пред почетокот на новата ера Рим изгледал како „место заземено од орда освојувачи“ а не како организиран град. Додека постои римската ера, не ја пренесува престолнината во Антиохија, а својата палата во родниот Сплит; Рим не успева да стаса до стандардите на македонизмот од IV век пред новата ера. Вообичаената учебникарска претстава за Рим не се совпаѓа со горенаведеното, но фактите се едно, а холивудските спектакли сосем друго. 1. И денес може да се сретне пласман на претставата за Рим како град со многу рано воведена канализација. Неточно: суштествува архитектонскиот објект Клоака максима кој е изграден од Етрурците, но основен систем на справување со фекалиите во Рим се септичките јами кои се копани буквално како на кого ќе му се сторело за згодно. Потврда за ова се редовните епидемии на чума во 23 г. п.н.е., во 65 г. н.е., во 79 г. н.е., во 162 г. н. е.... Просечно на секои 40 години. Потврда за ова наоѓаме и кај археологот Родолфо Ланциани кој во минатиот век ископал 75 јами со длабина 10м. и површина 4м2, цитирам: „...множество јами во кои без каков и да е ред се фрлани стрвини, мртовци и сиот оној измет за кој е непријатно да се говори.“ 2. За Рим се врзува патарството, но и тоа е проблематичен римски пронајдок. Денес археолозите потврдуваат постоење на патна мрежа во персиското царство, а за организираната Македонска империја во периодот на Александар се знае дека имала исклучително ефикасна поштенска мрежа која би била незамислива без добри патишта. Податокот кој говори за Рим како пронаоѓач на патниот сообраќај се темели на книгата на Витрувиј, кој за да ја напише книгата ги користи текстовите на македонскиот архитект Хермоген, градителот на храмот на Артемида во Магнезија. 3. Малку е необично за Римјаните да инвестираат во скапи меѓународни патни комуникации, а во Рим да нема ниедна поплочена улица. Да има само две улици по кои можат да се разминат колски запреги. 4. Рим не знае за ноќно осветлување. И во времето на најголемата моќ, односно на преминот од старата кон новата ера и 200 години потоа ноќната прошетка по градот е ризик опасен по живот. Со заоѓањето на сонцето, Рим е град без живот. Реторот Либаниј воодушевен зборува за Антиохија (град изграден од Селевк, генерал и другар на Александар Македонски): „...кај нас денот се разликува од ноќта само по квалитетот на светлината. Трговијата се одвива и ноќе, некои работат по својот занает, а другите се забавуваат и пеат.“ 5. За Рим градот е неважен. Важен е воениот логор. Сите планерски искуства кои Рим ги воведе преку заробените македонски интелектуалци се применети во римскиот каструм. 6. Прифаќајќи го естетскиот принцип на монументалноста Рим се натпреварува со македонизмот и во сферата на архитектурата постигнува значајни резултати. Колосеумот на Веспазијан, термите на Каракала, се достоен ривал на Александрискиот светилник или на Џинот од Род. Но, додека светилникот е симбол на просветата и сознанието, монументалните објекти на Рим и покрај техничката ефикасност се всушност контејнери за масовно собирање и брзо исто така масовно расчистување на толпа. Генијална е проникливоста на Луис Мамфорд во оваа смисла. Тој прв открива дека во домовите на богатите Римјани (тоа го има само во римската култура) архитектите проектираат специјална просторија која служи за повраќање. Имено, по секое редовно прејадување римската власт оди да повраќа за да може повторно да се врати во трпезаријата и да продолжи со јадење! Оваа просторија се вика ВОМИТОРИУМ. Ова го споменувам бидејќи со исто име и врз темелите на таа навика, се изработуваа проектите и се димензионираа излезите за брза евакуација на колосеумот и сличните простори за масовно собирање! 7. До воениот судир со Македонија, Рим не знае за јавни бањи. 8. Ако треба да се оддаде признание за архитектонски придонес на Рим во историска смисла, тогаш без сомнение тоа е арената за гладијаторски борби. Веспазијан, кој го гради Колосеумот, создава архитектонски симбол на Рим и римскиот светоглед. Гладијаторските игри траат точно толку колку што трае Римската империја: императорот Хонориј ги укинува 404 година. Потоа Аларих го опустошува градот. 9. Популарната тема „римски мозаик“, иако се уште е во употреба, нема сериозна поддршка во фактографијата. Не постои римски мозаик пред битката кај Пидна, додека македонските мозаици ги откриваме во совршена фаза во IV век п.н.е. во Пела. Најголемиот таканаречен римски мозаик е оној во Помпеја од I век на новата ера и на него е претставен Александар III Македонски во битка против Дариј III. Цивилизациски гледано, судирот меѓу Македонија и Рим значи трансфер на македонизмот во Западна Европа. Преку заробените и свечено претставени македонски интелектуалци, (настан прецизно опишан во Историјата на Тит Ливиј) Рим ги гради оние атрибути кои денешната историја ги смета како оригинален римски производ. Со појавата на правната пракса „адаптивни императори“, воведена од Диоклецијан, со Рим владеат благородници родени на нашиот полуостров сè до конечното возобновување на Александрискиот урбанизам во обликот на Константинопол што за многу автори (Констанс, Кросланд, Велс) значи не второ Римско царство туку Второ Македонско царство. Доволно е внимателно да се проследи градителската мисла на илјадагодишното царство за да се види колку е ова тврдење блиску до вистината. Скопје, април 2007 |