Васе Манчев

Бледица

Сценска гротеска во девет слики

ЛИЦА:

  • МАМА .............................................. 55 годишна
  • ТАТЕ ................................................. 60 годишен
  • ЌЕРЧЕ .............................................. 25 годишна
  • СИНЧЕ ............................................. 22 годишен
  • БРАТ МИ ......................................... З0 годишен
  • АНГЕЛЕ ........................................... З0 годишен
  • ЖАКЛИНА ....................................... 25 годишна

СЛИКА ПРВА

Голема дневна соба. По ѕидовите препариранн птици. Многу сенкн. Тежок и темен мебел, радио и телефон.

Попладневни часовн. Се слуша пригушен клавир. Мама пегла. Ќерче се тегне нервозно на троседот.

МАМА: Де мори, бледицо на бледиците, доста се тегавиш! Шкембе се направи!

ЌЕРЧЕ: Полно! Преполнето!

МАМА: Ајде, рипни! Не гледаш ли колку работа има?

ЌЕРЧЕ: Не ми се гледа!

МАМА: (приоѓа) Сврти се да ти ги видам очите.

ЌЕРЧЕ: А нешто друго? Сакаш?

МАМА: (Со јанѕа): Ах мори бледицо!

ЌЕРЧЕ: Не врескај! Не сум!

МАМА: Ако не си, станувај!

ЌЕРЧЕ: Ќе станам и ќе излезам од овој бункер!

МАМА: На веридбата?

ЌЕРЧЕ: Морам!

МАМА: Како да не! Ти дошло јајцето на газот, па ќе бараш гнезде да го снесеш!

ЌЕРЧЕ (Станува): На сите ни е јајцето на газот и мораме да го снесеме! Но како? (Се врти) Како да се биде паметен? Како да се успее? Да се избегне најлошото?

МАМА: Да се слушаат мајка и татко.

ЌЕРЧЕ: Проблемот е што никој не може да си одбере соодветни родители. Какви што најмногу му одговараат. Не мора да се идеални!

МАМА: Никој не може да си одбере ни соодветни деца, па сепак човештвото не пропаднало. Секој се снаоѓа некако.

ЌЕРЧЕ (Иронично): Така е. Ќе се снајдам и јас, некако. Си имам свој конец за излегување од лавиринтот. Само се плашам од она што ме чека надвор, од новата состојба што ми е неопходна. Но ќе се снајдам.

МАМА (Нервозно): Од твоето снаоѓање ми згорче крвта! Погледот во очите ми јагленосува! Врела растреперена темнина ме влече.

ЌЕРЧЕ: Нашите врски се опасни и болни. Си зависиме од стравот. Стравот да бидеме слободни.

МАМА: Каква слобода сакаш, бесрамницо? Да настрадаш? Да ми ја гориш душата како зовриен катран?

ЌЕРЧЕ: Ти, всушност, си болно загрижена за себе. А од мене само се плашиш.

МАМА: Секој ден ми е умирачка. Ѕемнам и во сонот од едно сосем црно утро. Зошто?

ЌЕРЧЕ: Немаш поим во што ми е проблемот.

МАМА (Ја треснува пеглата врз чаршафите.): Каков проблем, мори? Некој со деца пее, јас од деца плачам! Одвај ја стокмивме веридбата! Свести се! Момчето само што не стигнало! Што ќе помисли кога ќе види дека те нема?

ЌЕРЧЕ: Секој мисли за себе! Некој среќно, некој не! Само јас немам избор. Само јас морам да постојам според законот на нуждата! Да излезам!

МАМА: Не ставај ми усвитена пегла на душата!

ЌЕРЧЕ: Поштеди се од неполезното лелекање. Тоа никому не му ги решило проблемите.

МАМА: Зашто си таква?

ЌЕРЧЕ: Зошто сум ваква! (Го отфрла мидерот и покажува дека е трудна)

МАМА (Се стресува): Леле!

ЌЕРЧЕ: Ни леле, ни теле! Ќе абортирам! Имам закажано! Еве зашто морам да излезам!

МАМА: Лажеш! Измислуваш!

ЌЕРЧЕ: На! Пипни! Увери се!

МАМА: (Се заикува) Иииии!

ЌЕРЧЕ: Што иииии! Пипнииии! Еве тиииии!

МАМА (Паѓа погаз): Не касај ме!

Од чаршавите се крева чад.

ЌЕРЧЕ (Тргнува кон излезот): Сега, со здравје!

МАМА (Срипува како споулавена): Не! Нигде без татко ти!

ЌЕРЧЕ (Продолжува): Што? Да не сака да го препарира?

МАМА: Тој ќе реши!

ЌЕРЧЕ (Се фаќа за кваката): За ова решавам јас!

МАМА (Се стрчнува по Ќерче и ја зграпчува за фустанот): Застани!

ЌЕРЧЕ: Пушти ме! (Се трга да се ослободи и ја влече Мама)

МАМА: Ме изгоре! Ме стопи, бледицо!

ЌЕРЧЕ: Не ти, туку чаршафите! Погледај!

Собата е веќе речисн сосема зачадeна. Ќерче ја отфрла Мама и се втурнува кон пеглата да ја исклучн. Мама се затетеравува, шатрее гротескно назад и се простира врз масата со раширени раце како птица распната за препарирање. Ќерче не ѝ обрнува внимание. Ги грабнува чаршафите и ги носи во бањата. Мама лежи неподвижио. Ќерче и наоѓа, ја прска. Мама и натаму лежи како здрвена. Ќерче се наведнува и ја крева. Мама силно ја гушнува и безумно ја стега. Така стиснати, правејќи гротескни движења и фигури, влегуваат во бањата.

СЛИКА ВТОРА

Истиот простор како и во претходната слика. Се слуша пригушена музика. Ќерче излегува од бањата и трчајќи од врата во врата, како птица што се обидува да излезе од кафез, ја полни ташната со разни предмети. Сета зазбивтана, потрчува кон излезот, ја отвора вратата и се судрува со Тате.

ТАТЕ (Ги остава кошницитс): Еееј! Веселбата веќе почнала! (Почнува да игра и ја фаќа Ќерче за раката) Долу во самопослугата фрлив две-три вотки! Ми бараше срцето! Ајде ѕипни! Ѕипни!

ЌЕРЧЕ (Стои како трештена): Ми стигна крајот пред почетокот!

ТАТЕ: Да! Да! Ајде! Почнувај! (Играјќи) Се чувствувам како човек што победил рак на белите дробови и сега сиот воздух му е малку. Во самопослугата сите ги почестив. Со шефот и запеавме.

МАМА (Излегува од бањата): Каде си? Не можеше ли уште троа да задоцниш?

ТАТЕ: Е, па, постигнувањето на некои цели бара и повеќе време и повеќе усилби. Погледни што сум купил! (Вади од џебот црвена кутија) Кавијар! Ха! Ха! Оригинал!

МАМА: Леле! На оганот бензин!

ТАТЕ: Скап е ама си вреди! Една ќерка имаме!

МАМА: Подобро отров да си купел!

ТАТЕ: Што е сега?

МАМА: Трудна е! (Плаче, врескајќи)

ТАТЕ: А?

МАМА: Не акај, туку барај чаре!

ТАТЕ: Од Ангеле?

МАМА: Како да не! Го запознавме пред една недела!

ТАТЕ (Кон Ќерче): Ами од кого мори?

МАМА: Хипици, наркомани, крокодили! Можеби од некој возрасен! Леле ќе се убијам ако е на наши години!

ТАТЕ (Кон Ќерче): Има ли жена и деца? Кажувај!

ЌЕРЧЕ: Нема!

ТАТЕ: Како се стриже и што е по националност?

ЌЕРЧЕ: Не знам.

ТАТЕ: Ако не знаеш, води ме јас да го идентификувам!

МАМА: Леле ако е Црнец! Леле!

ТАТЕ: Што лелекаш, мори? Што ако е Црнец?

МАМА: Знаеш ли каква е климата во Африка?

ТАТЕ: Вистина бе! (Кон Ќерче) Црнец ли е, мори?

ЌЕРЧЕ: Да.

МАМА: Колку ѕвезди на небото, толку црнци на земјата! Оди па најди го!

ТАТЕ: Од каде е?

ЌЕРЧЕ: Од Африка.

ТАТЕ: Од која држава?

ЌЕРЧЕ: Не паднавме на муабет.

ТАТЕ: Па да. Бевте зафатени со правење копиле!

МАМА: Дваесет и пет ги имаш мори и не знаеш да се чуваш!

ТАТЕ: Еееее! Уште копиларка ми недостигаше во куќата!

ЌЕРЧЕ: Морам да излезам! Или ќе се убијам!

МАМА: Ах бре, животче! Ах бре, небитницо! Таман ќе се насмеам , ме расплачуваш! Таман ќе запеам, ме разлелекуваш!

ТАТЕ: И тој ли измет мораше да ми го залепиш на образот? Ееееј! Јадигари! Бледици! Душојадници! Душовадници! (Се фаќа за градите, почнува да се гуши, се затетеравува и паѓа на триседот).

МАМА: Леле! Умре! (Кон Ќерче): Бргу ладна вода! Леле! Ќерче втрчува во бањата.

ТАТЕ: (Со напор): Не сум умрен, мори. Што си се разлелекала. Дај ми го нитроглицеринот од малото џепче.

Мама брзо го наоѓа нитроглицеринот и му го става на Тате под јазикот. Тој дише тешко. Мама липа. Ќерче стои на чекор-два од нив со чаша вода во рацете.

ТАТЕ (Не мрдајќи го јазикот): На Голи Оток ми беше полесно одошто сега.

МАМА: Првин остани жив, потоа дискутирај!

ТАТЕ (Не мрдајќи го јазикот): Морам да си го спасам достоинството. Веднаш кај докторот Трендафилски.

МАМА: Таман работа! Поштата не му е рамна! Цела Македонија ќе разбере!

ТАТЕ (Го исплукува нитроглицеринот): Тогаш кај Битпазаров.

МАМА: Клетнику! Ќе се шлогираш!

ТАТЕ (Си ги притиска градите): Помалку ме стега. Дај ми го телефонот.

МАМА: Лежи да не легнеш за секогаш. Јас ќе телефонирам.

ТАТЕ: Тоа е моја работа и јас морам да ја завршам.

МАМА (Му го донесува телефонот): Леле ако дојде Ангеле сега! Што ќе види! Што ќе слушне! Леле! ЌЕРЧЕ: Препарирајте го како був!

МАМА: Добро нè испрепарира ти нас!

ТАТЕ: Ало! Телефонот на доктор Битпазаров? Докторе, добар ден. Ах, да добровечер. Веќе ме познавте. Да, збунет сум, а имам и една неволја. Не срцето, туку лицето. Образот. Ќерка ми ме посрами па барам помош. Што? Кој месец? Не знам. Чекајте да прашам. (Кон Мама) Кој месец?

МАМА (Кои Ќерче): Кој месец?

ЌЕРЧЕ: Од јунската сесија.

МАМА (Брои на прсти): Леле! Четврти!

ТАТЕ (Се згрчува): Докторе... Молам? Слушнавте? Што?! Доцна? Премногу ризично? Еееее! (Ја спушта слушалката)

МАМА: Леле! Ако не цркнам, жива да ме закопате! Јас повеќе причини за живот немам!

ТАТЕ: Збери се, мори! Не смееме да се предадеме!

МАМА: Колку пати си ги изговорил тие празни зборови, знаеш ли?

ТАТЕ: Овој пат мораме да ги наполниме.

МАМА: Само уште гропчињата можеме да си ги наполниме, клетнику, клети оклетевме, леле!

ТАТЕ: Смртта како излез од проблемите. (Се фаќа за градите и се закашлува) Мораме да се снајдеме.

МАМА: Да се најдеме!

ТАТЕ (Кои Ќерче): Те сака ли Ангеле, мори?

ЌЕРЧЕ: Што знам.

ТАТЕ: Ништо не ти кажал во таа смисла?

ЌЕРЧЕ: Не можам да се сетам.

ТАТЕ: Не е ни важно.

МАМА: Како, бе, не е важно! Како ќе ја земе, ако не ја сака!

ТАТЕ: И да не ја сака, ќе ја засака. Само што ќе не чини ѓавол и пол нето. (Се згрчува) Но кога мора, нека гори гора.

МАМА: Како?

ТАТЕ: Оставете ми го тоа мене. А вие подгответе вечера. Веридбата мора да успее.

Мама полека се оддалечува од Тате и на поминување, ненадејно, ја зграпчува Ќерче за косата и почнува избезумено да ја плеска по задникот. Правејќи гротескни движења, влегуваат во кујната. Од радиото се слуша оро.

СЛИКА ТРЕТА

Истиот простор како и во претходната слика. Масата е покриена со бел масарник. На средината стои голема кристална вазна. Празна. Тате лежи на триседот, неподвижен и блед како мртовец. Од радиото се слуша рамнодушен клавир. Се чини дека спокојството во собата ќе трае вечно. При тој впечаток, ѕвончето над влезната врата силно заѕвонува. Тате штрепнува, погледнува лево-десно и скокнува. Мама и Ќерче истрчуваат од кујната.

ТАТЕ: Како што се договоривме: јас зборувам! (Кон Ќерче) Отвори!

Ќерче ја отвора вратата. Влегува Ангеле, облечен како париско конте и широко, додворувачки насмеан. Носи голем букет трендафили и шише врзано со црвена машна.

АНГЕЛЕ: Добровечер!

ТАТЕ: Добровечер! Добредојде!

АНГЕЛЕ (Кон Мама): Дозволете да си приредам една мала свеченост! (И го дава букетот)

МАМА (Трогната): Благодарам, синко. Леле колку се убави! И мирисаат!

АНГЕЛЕ (Кон Тате): Дозволете да си приредам уште една мала свеченост. (Му го предава шишето)

ТАТЕ: Благодарам Ангеле. Длабоко сум почестен.

АНГЕЛЕ: Ќе ми биде значајно ако ова мое скромно внимание не го повреди вашето достоинство.

ЌЕРЧЕ: Театар! Комедија дел.

ТАТЕ: Ваков културен и фин однос кај нас се забележува поретко одошто Халеевата комета. Браво!

АНГЕЛЕ: Поласкан сум од вашите зборови, иако сум наполно свесен дека моето внимание е облечено во најелементарна скромност.

ТАТЕ: Дотолку поголема вредност има!

ЌЕРЧЕ: Но со оглед на околностите, наполно бесмислено!

МАМА (Кон Ќерче): Не лигави се.

АНГЕЛЕ (Кон Ќерче): Мислам дека ја разбрав вистинската смисла на забелешката! И еве го мојот одговор! (Вади од џебот златно синџирче и златни бурми и ѝ ги подава)

ЌЕРЧЕ (Не ги прифаќа): Погрешен ти е кодот.

АНГЕЛЕ: Молам?

ЌЕРЧЕ: Кус оглед од територијата на комуникациите и информациите.

АНГЕЛЕ (Како пресечен): Значи не сме се разбрале.

ЌЕРЧЕ: Значи, да!

МАМА (Кон Ќерче): Што зборуваш?

АНГЕЛЕ: Имам впечаток дека сум погрешил?

ТАТЕ: Ама каква грешка! Не слушај ја ти неа!

МАМА (Кон Ангелс): Дај да ги погледам. (Ги зема) Леле што се убави! Мора да се многу скапи!

АНГЕЛЕ:Размислував цела недела и решив. Што ќе чекам до венчавката, ќе ги купам веднаш, зашто до наредната недела се очекува поскапување од 39,17%

ЌЕРЧЕ: Само толку? Ха! Ни помалку, ни повеќе!

АНГЕЛЕ: Можно е поскапување до 39,21 посто. Човек денес мора да биде калкулант. Кој повеќе калкулира, толку помалку жали. (Вади и покажува мал електронски калкулатор)

ТАТЕ: Така! Така! Современ човек! (Го тапка по рамото)

АНГЕЛЕ (Скромно): Па се трудам. Се трудам.

ТАТЕ: Браво! Им завидувам на твоите родители, синко! Мора да се гордеат со тебе!

АНГЕЛЕ: Право да ви кажам, не знам. Далеку се. Јас се осамостоив многу рано. Уште во петнаесеттата година. Со родителите сум само на некои државни празници.

МАМА: Ами кога се болни?

АНГЕЛЕ: Се снаоѓаат некако.

ТАТЕ: И јас имав таква судбина. Сам се пробивам низ животот уште од својата десетта година.

АНГЕЛЕ: Толку рано сте останале сираче?

ТАТЕ: Ах, не. Поради војната. Првин бев овчарче. Потоа курирче. Па борец! По војната, младински активист. Родителите, нормално, останаа во планината, јас дојдов во градот. Работа, учење, курсеви, непроспиени ноќи. Издржав и успеав. Но се изнамачив, што се вели, како грешен ѓавол. Не ќе беше лошо некој да ме потпреше, да ми помогнеше.

АНГЕЛЕ: Зарем Вам?

ТАТЕ: Во тешките моменти на животот секому му е неопходна помош. Тоа многу значи. Дури пресудно.

МАМА: Тогаш да им помогнеме на нозете. Да седнеме.

ТАТЕ: Умниот предлог треба да се прифати веднаш. Сите седнуваат. Што ќе се напиеш, Ангеле?

АНГЕЛЕ: Вие одредите.

ТАТЕ: Нешто жестоко, а?

АНГЕЛЕ: Како што ќе кажете Вие.

МАМА: Виски? Вотка? Коњак? АНГЕЛЕ:Може. Се согласувам.

МАМА: Се согласуваш за?...

АНГЕЛЕ: За она што ќе кажете Вие. ТАТЕ: Браво! Јас велам вотка!

АНГЕЛЕ: Прифатено!

Мама и Ќерче принесуваат шише, чаши и мезе.

ЌЕРЧЕ: Чиста или со мраз?

АНГЕЛЕ: Како што се пие, во куќава.

ЌЕРЧЕ: Па да. Не мораше ни да се прашува. (Налева во чашата)

ТАТЕ: Ај, добро ни дојде и на здравје!

АНГЕЛЕ: (Скокнува): На здравје! (Кон Тате) На здравје! (Кон Мама) На здравје! (Кон ќерче).

Тате и Ангеле ги празанат чашите на една голтка. Мама веднаш налева.

ТАТЕ: Работичка?

АНГЕЛЕ (Седнува): Немам. Но се снаоѓам. Не е лошо.

ТАТЕ: Не може да се биде стабилна личност без постојан работен однос. Само низ трудот човекот се искажува како творечки субјект во општеството! (Ја крева чашата) Туку, најважно е ти да си жив и здрав, со конструктивни начела, а проблемот со вработувањето ќе го решиме уште утре! (Ја принесува чашата до устата, но не пие)

АНГЕЛЕ: Ве слушам како во сон.

ТАТЕ (И дава на Мама знак да му ја наполни на Ангеле чашата): Цел живот се стремам стварноста да ја направам убав сон. Но немав со кого. Сега сум речиси сигурен дека со тебе ќе запеам. Ти си тој вистински субјект што ми недостигаше! (Пак ја крева чашата).

АНГЕЛЕ: Восхитен сум. (Пивнува малку). За Ваше здравје!

ТАТЕ: За наша среќа!

МАМА: А стан?

АНГЕЛЕ: Немам. Живеам под кирија.

ТАТЕ: Не чини! Човек на твоја возраст, за женење, мора да има стан! И тоа сосема соодветен! -

АНГЕЛЕ: Со оглед на скапотијата, за мене станот сега за сега е, така да кажам, мислена именка.

ТАТЕ: Како општество дозволивме да имаме доста слабости во станбената политика. Меѓутоа, постои еден типично наш парадокс: слабостите на политиката да се надминуваат на начин сосема спротивен на самата политика. Тоа отвора многу убави можности! Веќе утре ќе имаш во рацете клучеви од наместен трисобен стан! (Ја крева чашата но не пие)

АНГЕЛЕ: Зарем е можно?! Ќе се шекнам! (Ја празни чашата)

МАМА (Кон Ангеле): Што?

АНГЕЛЕ: Простете. Сакав да кажам, ќе се избезумам.

ЌЕРЧЕ: Рано ти е.

ТАТЕ: Нема тука ништо за избезумување. Ако може преку ноќ, зашто да се чека цел век! (Пак ја крева чашата) Ај, на здравје!

АНГЕЛЕ (Се колсба): Јас веќе ја пречекорив границата на елементарната пристојност.

ТАТЕ: Зарем само две чашки?

АНГЕЛЕ: Се плашам да не ме измами. Ракијата е подмолна. Дури да трепнеш, едното две ќе ти се види.

ЌЕРЧЕ: Да, да. Едното две. Ако не и три.

ТАТЕ: Не секогаш. Пред да излезам некни на лов, испив половина шише, едното две да ми се гледа, да не промашувам. Меѓутоа, не како две, туку едно како ниедно ми се гледаше! Ха! Ха!

АНГЕЛЕ: Вие сте ловец?

ТАТЕ: Уште од ослободувањето. Ловам исклучително птици. И тоа што се може поубави и поретки. За препарирање.

АНГЕЛЕ: Вие умеете да препарирате?

ЌЕРЧЕ: И тоа како!

АНГЕЛЕ (Ги гледа птиците): Мислев дека сте ги купиле или ви се подарени.

ЌЕРЧЕ: Њет. Само лично произведени!

АНГЕЛЕ: Браво! Изгледаат како живи! Небаре со рака непипнати!

ТАТЕ: Ги работам со занес. Како откривање тајна. Одбрана на убавите облици и премероци од несакани промени. Совладување на опасната неизвесност. Неколку испитани примероци, при сето внимание и вередоточност, ми пропаднаа. Ни сега не можам да си објаснам, како ми се случи тоа.

МАМА: Чинам, се разболе од мака.

АНГЕЛЕ: Па тоа, значи, било многу сериозна работа.

ЌЕРЧЕ: Доста со тоа препарирање!

ТАТЕ: Тоа е наша работа.

ЌЕРЧЕ: Но се работи за мене!

АНГЕЛЕ: Простете за што станува збор?

ЌЕРЧЕ (Болно): Препарирањето има многу длабока филозофска и практична смисла. Почнувајки од семејствата, преку родовите и племињата, царствата, кралствата, капиталистичките и социјалистичките републики, особено народните па сè, до воените блокови, со помош на војска и полиција, преку општествено-политичките организации, културните институции и спортските друштва, особено преку образованието, се врши постојано препарирање на луѓето. Улогата на печатот и радиото и телевизијата во тоа е речиси фантастична. Војните и револуциите се најболните начини на препарирање. А неупатениот гледа само препарирани птици.

АНГЕЛЕ: Не разбирам.

МАМА (Кон Керче): Ајде да ми помогнеш во кујната.

ЌЕРЧЕ: Доста ме готвевте! Полна сум со отров.

МАМА: Молчи!

ЌЕРЧЕ: Молчат тие по ѕидовите!

ТАТЕ: Њет!

ЌЕРЧЕ: Тој мора да ја знае вистината!

МАМА: Леле!

ТАТЕ: Њет!

АНГЕЛЕ: Каква вистина?

ЌЕРЧЕ Трудна сум! (Плачејќи бега во спалната соба и се затвора).

ТАТЕ (Се фаќа за градите): Трудна! Ееееј! Е, сега ќе родиш мече! (Втрчува по Ќерче во собата)

МАМА: Леле! Место веселија, стана олелија!

Како споулавена по Ќерче и Тате и ја затвора вратата.

Ангеле седи сам на масата.

Се слушат извици на бес, бол и очај.

СЛИКА ЧЕТВРТА

Ангеле седи сам, до шишето вотка. Со лице стегнато во дланките. Станува, миг-два размислува трескавично, пак седнува. Пие од шишето. Изразот на лицето брзо му се менува од изненаденост и навреденост до потсмевање и подмолна надмоќ. Очигледно, калкулира, мери, премерува, сиот во грч, пред пресудно решение. Пали цигара, пуши нервозно, просто ја голта. Рацете му се тресат, се витка. Се врти на столот, погледнува кон спалната соба. Станува, уште потрескавнчно размислува, смета и пресметува, се колеба, се крши, се бори со себе и - пак седнува. Ја гаси недопушената цигара, пали нова и влече со демонска сила. По некој миг седнува, ја гаси и втората цигара, испива од шишето долга голтка. Дува од вотката и станува. Пак седнува и веднаш скокнува. Стон миг два, нерешителен и седнува. Ги зема од масата бурмите и синџирчето, ги гледа неколку мига, воздивнува, си ги става во џебот и тргнува кон излезот. Стигнува брзо до вратата, се фаќа за кваката и застанува како вкочанет. Стои така како препариран, движејќн ги само очите и нагло се стрчнува кон масата. Седнува, ги вади од џебот бурмите и синџирчето, пали нова цигара и навидум мирно пуши.

Речиси истиот миг Мама и Тате излегуваат од собата, со наведнати глави, набљудувајќи го под око.

АНГЕЛЕ (Скокнува и потрчува кои нив): Што сторивте? Да не ја убивте?

ТАТЕ: Таа не уби нас!

МАМА: Сврши нашето. Мртви закопани сме.

АНГЕЛЕ: Немојте да очајувате. Нема тука ништо трагично.

МАМА: Што чекавме, што дочекавме! Леле!

АНГЕЛЕ: Навистина не треба да лелекате како над мртовец.

МАМА: Леле како зборува! Ангел! Устата медовина му лее! Лек на рана! (Го гушнува).

АНГЕЛЕ: Така де. Што има тука за јадосување?

ТАТЕ: Невенчана а трудна!

АНГЕЛЕ: Што дека е трудна! Големо чудо! Бремените девојки денес се повообичаена појава одошто спортските автомобили!

ТАТЕ: Спортски автомобил секој сака, а трудна девојка никој!

АНГЕЛЕ: Зошто да не! Има и современи и еманципирани момчиња, со модерни погледи на свет! За нив тоа воопшто не е пречка, ако, се разбира, девојката има други квалитети. Мислам суштествени во однос на барањата и потребите на еден, би рекол, современ начин на живеење!

ТАТЕ: Тоа е така само на зборови.

АНГЕЛЕ: И во реалноста. Можам да наведам илјада такви.

МАМА: Еве, на пример, би ја зел ли ти нашата ќерка трудна?

ТАТЕ: Ама искрено и чесно!

АНГЕЛЕ: Па... Зошто да не... Јас веќе ви реков дека за мене трудната девојка е повообичаена појава одошто убав спортски автомобил.

ТАТЕ: Рече. Рече. Токму така рече.

МАМА: Значи, не згрешиле што те крстиле Ангеле! Алал му вера на кумот! Ајде да се напиеме уште по една!

Испиваат на искап и неколку мига се гледаат в очи, како да проверуваат кој што мисли.

ТАТЕ: Ха! Ха! Она со спортските автомобили ти е многу добра споредба! Имаш ли возачка дозвола?

АНГЕЛЕ: Немојте Ви се молам. Јас само направив компарација. Сосем спонтано. Онака.

ТАТЕ: Не одговори на прашањето, синко.

АНГЕЛЕ: Немам. Изгледа дека сум антиталент за управување со моторно возило. Дванаесет пати се обидувам, дванаесет пати паѓам на испитот.

ТАТЕ: Тринаесеттиот ќе положиш! Уште утре ќе направиме една возачка дозвола! Сива како гугутка! Ха!Ха!

АНГЕЛЕ: Но јас немам што да возам.

ТАТЕ: Кој вели дека немаш? Додека не стигне нешто спортско, ти стои на располагање мојата лада.

АНГЕЛЕ: А Вие? Нема ли да ви биде потребна?

ТАТЕ: Тоа е моја грижа!

МАМА: Е, па, ќе не повозиш и нас по главните улици. Може?

АНГЕЛЕ: Иииии!

МАМА: Леле! Ќе се ангелосам од среќа!

ТАТЕ: Значи, се разбравме.

АНГЕЛЕ: Иииии!

ТАТЕ: Е, штом е така, појди веднаш кај неа и смири ја. Доста квичеше како м’к’ма кучка.

МАМА (Го бакнува Аигеле): Ајде, со арно, со убаво, зетче!

Ангеле станува и со троа несигурност во чекорот тргнува кон собата. Стигнува до вратата, се фаќа за бравата и колебливо застанува. Мама и Тате истрпнуваат и како навиткани кукли почнуваат да танцуваат, давајќи му на Ангеле со рацете знак да влезе. Ангеле се насмевнува и се втурнува во собата, силно треснувајќи ја вратата зад себе.

ТАТЕ (Воздивнува): Ни на Голи Оток не се понижив толку.

МАМА: Вечерва ми беше потешко одошто кога ја родив.

Тате и Мама се стрчнуваат кон собата, застануваат пред вратата, ги залепуваат ушите и прислушкуваат. Штом ќе им се стори дека Ангеле и Ќерче ќе излегуваат, газглавечки се враќаат на масата и заземаат смешна поза на среќни родители. Откако ќе се уверат дека никој не излегува, пак се стрчнуваат. Тоа се поновува повеќе пати. На крајот, уморни и незадоволни што не чуле ништо, седнуваат на фотелјите.

ТАТЕ: Изедов страв повеќе одошто во војната. Донеси ми преслека.

МАМА: Што ти текна сега да се преслекуваш?

ТАТЕ: Мирисни па ќе разбереш.

МАМА (Се фаќа за носот): Ке мораш да се избербатисаш кога ќе треба. (Мама оди да му донесе преслека на Тате).

СЛИКА ПЕТТА

Истиот простор како и во претходиата слика. Мама ја поставува масата за вечера и одвреме - навреме му тропнува на Тате во бањата.

МАМА: Ајде де, доста раскапуваше! ТАТЕ: Готовооо! Еве!

МАМА: Ами готово! Од кога викаш готово, готово!

ТАТЕ: Излегувам!

Заѕвонува ѕвончето над влезната врата. Мама се збунува. Ѕвонењето продолжува. Таа колебливо отвора. Влегува Синче и салутира.

МАМА: Синче! Сине мајкино! (Го гушнува) Детето на мама! (Го бакнува) Како да сонувам! Леле! Прекрасно што си дојде!

СИНЧЕ: Каква е оваа гозба? Што се прославува?

МАМА: Веридбата!

СИНЧЕ: Чија?

МАМА: На сестра ти!

СИНЧЕ: Молам? Никој не ме известил.

МАМА: Зарем не ја доби телеграмата од татко ти?

СИНЧЕ: Не. Очигледно имал поважна работа. (Го крева кавијарот и и го принесува на Мама под нос) Што значи ова?

МАМА: Па кавијар. За мезе.

СИНЧЕ: Кому му треба тоа мезе? И зошто?

МАМА: Немој, сине! Остави!

СИНЧЕ: Дали можам?

МАМА: Те молам. (Почнува да липа)

СИНЧЕ: Демон! (Го остава кавијарот на масата)

ТАТЕ (Излегува од бањата и се заикува): Ииии! Ееееј!

МАМА: Заикувај се сега, а не си му пишел телеграма на детето да си дојде!

ТАТЕ (Се стрчнува кон Сннче): А, бе, како се создаде овде? Иииии!

СИНЧЕ: (Молчи и го гледа пробивно)

ТАТЕ: Си избегал?! Иииии!

СИНЧЕ: (Молчи, и натаму гледајќи го пробивно)

ТАТЕ: Не гледај ме како урочен! Зборувај!

МАМА: Што го зајаде детето без да го поздравиш!

ТАТЕ: Кого да поздравам, мори? Знаеш ли што има сторено?

МАМА: Пак ли нешто неарно? Леле!

ТАТЕ: Избегал од затворот!

МАМА: Од каков затвор бе?

ТАТЕ: Воен!

МАМА: Таман арно ќе заарни, лошото ќе не поглавеса!

ТАТЕ (Кон Синче): Марш назад! Веднаш! На лево круг!

МАМА: Не гони го детето!

ТАТЕ: Животот ми го упропасти! И веридбата ќе ја расипе!

МАМА (Го гушнува Синче): Немој, сине на мајка. Немој мило! Одвај ја наредивме!

СИНЧЕ: (Се извлекува од прегратката на Мама, презриво гледајќи го Тате)

ТАТЕ: Не гледај ме како шимпанзо!

МАМА: Не прави го детето мајмун!

ТАТЕ: Цел ден седел угол гол на јаворот пред командата на гарнизонот! Ангажирале чета алпинисти да го симнат! Две недели потоа е фатен како врши голема нужда во кристалниот пепеларник на командантот!

МАМА: Некој му фрлил на детето ифтирии.

ТАТЕ: Мајорот не лаже! Не му се верува на човекот дека нашиот син може да биде таква ништожност! Повеќе на рапорт и в затвор, одошто в строј! (Кон Синче) Како избега?

СИНЧЕ: (Молчи, гледајќи го Тате презриво)

ТАТЕ: Да не си убил некого, тикво зелена? Ќажувај! Ти зборувам македонски!

МАМА (Писнува): Леле! Главата ми ја стегна црна шамија!

ТАТЕ: Колкумина уби? Зборувај!

МАМА (Саштисана сс обидува да ја одврзе шамијата): Ни се разврзува, ни се пресечува! Во земја да ја закопам, во оган да ја изгорам, река да ја однесе!

ТАТЕ: Мајка ти се избезумува, ти молчиш! Си убил!

МАМА: Леле, пуста јас! Клета несреќница!

СИНЧЕ (Гледајќи го Тате прсзриво): Не сум убил никого! Макар што би сакал да го испоубијам барем половината човештво!

ТАТЕ: Не си убил?!

СИНЧЕ: Што? Да не сакаш да ти одговорам потврдно?

ТАТЕ: Од денешен затвор не се бега без убиство!

СИНЧЕ: Не сум ни избеган.

ТАТЕ: Е не! Те пуштија со воена музика и те донесоа со хеликоптер!

СИНЧЕ: Не. Сосем просто. Ми удрија клоца во газот! Марш, ми рекоа. Говедо! Измет! Мизерник! Ни се гади од тебе! Не вредиш ни колку еден ќор фишек! Ме исплукаа како куче и еве ме дома.

МАМА (Го гушнува Синче:) Кутриот син на мајка!

ТАТЕ: Кого фарбаш, бе?

СИНЧЕ: Жими мајка! Ми рекоа, од тебе ни татко ти не видел аир, а не пак државата и војската.

ТАТЕ: Не прави ме балама! Ќе повикам воена полиција да те собере!

МАМА: Безумнику! Детето се заколна!

ТАТЕ: Силна клетва!

СИНЧЕ: Ја кажав вистината и веднаш ќе си заминам. Сам и доброволно! (Тргнува кон излезот)

МАМА (Се фрла врз Синче): Не! Сега ќе вечераме!

СИНЧЕ: Не можам.

МАМА (Плачејќи): Остани! Те молам! Вечерва има да изгледа нормално! Не расипувај ја веридбата!

ТАТЕ: Овде ќе ја чекаш воената полиција! Сакам да сум сигурен дека ќе стигнеш таму каде што ти е местото!

Од собата излегува Ќерче и се стрчува кон Синче.

ЌЕРЧЕ: Батеее! Батенцееее! (Го гушка и бакнува)

СИНЧЕ (Ја прегрнува): Ти честитам.

Ќерче почнува силно да плаче. Ангел полека излегува од собата и, како да добие можност да се замеша, застанува скраја. Липајќи, Мама го фаќа за раката и го одведува на масата. Потоа ги дотуркува Ќерче и Синче, прегрнати. Сите седнуваат и молчат. Од радиото се слуша спобудален клавир.

СЛИКА ШЕСТА

Истиот простор како и во прстходната слика. Замолчани и загледани пред себе како виновници, на масата седат Тате, Мама, Сниче, Ќерче и Ангеле. Упорен клавир од радиото.

МАМА: Ајде да почнеме. Јадењето сосема ќе истине.

ТАТЕ: Го гледам ова купиште месо и си мислам...

МАМА: Седнавме да јадеме, не да мислиме.

ТАТЕ: Треба да се размислува. Да се суди. Кога ние на нивна возраст, бевме виделе, на пример, толку печено месо пред себе? Никогаш! Ниту на слика! Цревата ни беа збагрени од лук и оцет! А сега! Погледај! Месо како рид!

МАМА: Некогаш за некогаш, сега за сега.

ТАТЕ: Ова мора да се цени и почитува. Не е паднато од небото. Го создал некој! Го создал за некого од грижа, како своја жртва! И зло е да се плука врз создадената благосостојба.

МАМА: Зошто го кажуваш тоа сега?

ТАТЕ: Заради една повисока свест.

ЌЕРЧЕ: Ке ни скисне чорбата.

МАМА: Ајде сипајте си.

Никој не си сипа. Мама станува и секому му ја полни чинијата. Синче не и дозволува.

МАМА: Зошто бе, синче, нејќеш?

СИНЧЕ: (Молчи и гледа пред себе)

ТАТЕ: Чека да му ставиш во устата!

МАМА: Можеби не му се допаѓа.

ТАТЕ: Е оти? Да не е случајно помија за свињи?

МАМА: Пробај бе, синче. Многу е вкусна.

СИНЧЕ: (Немо гледа пред себе и трепери)

ТАТЕ: Остави го, мори, нека гувее! Не е гладен!

МАМА: Еве бе, синче. Касни си мевце. Еве ова парче. Или ова. Можеби телешко? А? Какво сакаш? Види колку убаво е испечсно. И како мириса. (Му ја полни чинијата)

Другите ја исркуваат чорбата. Мама ги собира чиниите. Тате си зема месо. Ангеле се снебива. Ќерче го набљудува Синче.

ТАТЕ: Не стегај се, Ангеле! (Му ја полни чинијата со големи парчиња месо) Кркај!

МАМА (Седнува и и става иа Ќерче месо во чинијата): Јади. Ќе ти треба.

АНГЕЛЕ: Ова ми е премногу.

ТАТЕ: Знаеш што вели народот: ти даваат ли, земај, те маваат ли, бегај.

МАМА (Кон Синче). Касни си бе, синче. Заради веридбата.

СИНЧЕ: (Молчи. Ја турнува чинијата и станува)

МАМА (Го задржува): Немој, миличок на мама! Не бегај од софрата! Греота е! Еве, ќе ти направам нешто друго. Пржени јајца со праз, сакаш ли? Се сеќаваш колку ги јадеше како дете?

ИНЧЕ: (Молчи и се восилно се тресе)

ЌЕРЧЕ: И јас не можам да јадам.

ТАТЕ: И тебе ли не ти се допаѓа јадењето?

ЌЕРЧЕ: Ме боли стомакот. Подоцна ќе јадам тост.

ТАТЕ: Подобро слама!

МАМА (Кон Тате): можеби не им се допаѓа како е зготвено. Се трудев ама којзнае дали го погодив јадењето.

ТАТЕ: Ами како! Не им се допаѓа! Ќе им го доведам готвачот на англиската кралица!

АНГЕЛЕ: Простете. Можеби причина за ова е моето присуство, Јас би можел да се повлечам додека вечерате.

ТАТЕ: Се знае кој ќе се повлече! Ти остануваш овде!

АНГЕЛЕ: Сепак. Имам впечаток дека пречам.

ТАТЕ: Не му пречиш ти никому! Ти си член на семејството!

СИНЧЕ(Крикнува и треснува со тупаннца по масата): Еден отфрливме, друг примивме! Го жртвувавме болното, го прегрнавме здравото!

МАМА (Очајнички): Немојте на трпезата!

СИНЧЕ: Зошто нема уште еден стол? Зошто недостига уште една чинија? Зошто не е со нас уште еден член на семсјството? На веридбата на својата сестра! Да јаде месо! Да ужива во создадената благосостојба! И да го почитува оној што ја создал!

МАМА: Остави го на мира! Не гибај го!

СИНЧЕ:Тој е жив! На пет километри од овде! А вие го премолчувате како да не постои? Цели дваесет и пет години! ЗОШТО?

МАМА: Не корнете ми го срцето! (Залелекува како над мртовец)

ТАТЕ: Затоа што е болен! И тоа во главата! И зошто прашуваш токму сега, кога уште од детството го знаеш тоа?

СИНЧЕ: Не прашувам! Обвинувам! Брат ми не мора да биде во лудница!

ЌЕРЧЕ: Подобро што е таму! Овде би полудел!

ТАТЕ: Мора! Тој не може да биде со нас!

СИНЧЕ: Затоа што ќе р'ка и плука по тепихот? Ќе моча во саксиите и кристалните вази на твојот некогашен општествен олимпизам! Ќе им ги кубе опашките на твоите препарирани птици! Со кикотење ќе ги вознемирува чувствителните ондулирани господски кученца и со исплазен јазик ќе ги соблазнува секогаш невините деца на граѓаните од отмениот кварт на кој само уште случајно му припаѓаме! Затоа ли?

ТАТЕ (Си ги притиснува градите): Нека те казни животот со таков идиот, па да разбереш!

МАМА (Вџашена. Кон Тате): Повлечи си ја клетвата, безумнику! Одречи што рече!

СИНЧЕ: Не мораш да одречуваш! Твојата бездушност ме научи и најтешката невола да ја дочекам подготвен за искрено и целосно жртвување! А ти пред љубовта кон нас ги стави политичките пароли за посреќна иднина на човештвото! Место нежност на татко, студена пресметаност на инженер на човечки души! Препаратор!

МАМА: Вразумете се! Болот бол донесува!

ТАТЕ: Болно семе!

СИНЧЕ: Не правдај ја својата бездушност со метафизички причини!

ТАТЕ (Тешко): И ти ли полуде бе, иманот болен да ти го ебам! (Паѓа под трпезата)

МАМА (Морничаво): Леле! Умре! (Се пика под трпезата и го извлекува)

ЌЕРЧЕ: Вторпат вечерва.

АНГЕЛЕ: Да повикаме итна помош! (Трча кон телефонот).

СИНЧЕ (Кон Тате): Ни со смрт не можеш да се оправдаш!

МАМА: Вода! Донесете вода!

СИНЧЕ: Не вода, туку вотка! (Го грабнува шишето од масата и го полива Тате по главата)

АНГЕЛЕ: Ало! Ало! Брза помош? Ве молам, дојдете веднаш, имаме тежок случај на срце! Улица „Генерал Жданов“ број 10!

МАМА: Таман китка ставивме на градите, китката ни поцрне! Леле!

АНГЕЛЕ: Не очајувајте. Сега ќе стигнат докторите и сè ќе биде в ред.

СИНЧЕ: Оваа болест не ја лекуваат доктори! Ни плач!

МАМА: Помогнете да го пренесеме во спалната. Да се испружи.

АНГЕЛЕ: Не гибајте го. Мора да мирува додека да стигне помошта. Потоа ќе нема опасности.

ЌЕРЧЕ: Потоа ќе нема ништо!

МАМА: Леле! Живот бледица! Место да пееме, солзи лееме!

Мама, Ќерче, Ангеле и Синче го креваат Тато и го внесуваат во спалната соба. Од радиото - тивок клавир.

СЛИКА СЕДМА

Истиот простор како и во претходната слика. На масата седат Сннче и Брат Ми. Брат Ми е во болнички пиџами, кратко и високо потстрижн. Не зборува. Плашливо се обѕира околу себе и потреперува.

СИНЧЕ: Олабави се. Дома си. Во татковата куќа. Не плаши се.

БРАТ МИ: (Го гледа плашливо и се тресе)

СИНЧЕ: Сами сме. Сите се во болница! Татко ни глуми умирачка! Ха! Ха! Твоите чувари не можат да те пронајдат. Ајде фино да се нагостиме и да тргаме! Не чека долг пат до нашата слобода!

БРАТ МИ: (Го гледа со недоверба и се тресе)

СИНЧЕ (Полни две чашки ракија): Ајде да наздравиме. Ама ги заебав твоите доктори, а? Ха! Ха! (Му ја подава на Брат Ми едната чашка) Земи. Држи вака. (Брат Ми е невешт) Не така. Вака. (Му ја наместува чашката меѓу прстите) Е, така. Одлично. Ајде сега: на здравје!

БРАТ МИ: (Се насмевнува будалесто)

СИНЧЕ: Ајде, смукни ја! Вака! Цууук! (Испива)

БРАТ МИ: (Се згрчува)

СИНЧЕ: Не е лек. Не плаши се. (Му ја фаќа раката и му ја крева чашката кон устата) Пробај. Ќе ти биде пријатно.

БРАТ МИ: (Се напнува и диво ја отфрла чашката)

СИНЧЕ: Извини, брат. Не лути се. Јас само сакам да ти вратам барем нешто од она што ти е одземено. (Му дава месо) Ако нејќеш да пиеш, веројатно сакаш да јадеш.

БРАТ МИ: (Се вовлекува во раменнцнте и прави израз на одвратност)

СИНЧЕ: Не ти се допаѓа? Да не си вегетаријанец?

БРАТ МИ: (Се мачи да не поврати)

СИНЧЕ: Добро. Ако ти се гади, не јади. А што велиш да испушиме по една цигара? (Си става цигара во устата и му подава една на Брат Ми) Земај.

БРАТ МИ: (Гледа рамнодуншо како снто досичс)

СИНЧЕ: Не сакаш ни да пушиш?

БРАТ МИ: (Се мршти)

СИНЧЕ: Можеби кафенце, а? Или млеко? Јогурт? Мед? Слатко? Овошен сок? Кока-кола? Пепси? Швепс?

БРАТ МИ: (Молчи и гледа тажно)

СИНЧЕ: Со што уште да те понудам? Аха! Со вино! Сакаш винце? Црно, бело, црвено? Или шприцер? А? Или студено пивце?

БРАТ МИ: (Се згрчува и мошне тажно го гледа)

СИНЧЕ: Ах, бре, брат. Те дотерале до совршенство. Идеално те стокмиле. Специјалисти! Само уште смрт ти недостига!

БРАТ МИ: (Згрчен, со подзината уста, личи на препарирана птица)

СИНЧЕ (Го гушнува): Народот тоа го вика дупење во здрав мозок. Ние сме дупени во здрав мозок! Ебати мизеријата!

БРАТ МИ: (Зинува уште повсќе, морничаво неподвнжен)

СИНЧЕ: Аха! Ми текна! (Скокиува) Зошто и ти не би дупнал малку? Човечки. Природно, каде што му е местото. (Прави пантомима на сексуален акт) А? А? А?

БРАТ МИ: (Почнува хистерично да се смее)

СИНЧЕ: Браво! Тука сме! Сакаш женска? (Му покажува со рацете женски гради и колкови)

БРАТ МИ: (Се засркнува од смеење)

СИНЧЕ: Фино! Прекрасно! Сега ќе најдеме нешто згодно и функционално! (Го зема телефонот и врти) Ало! Чао Мери! Што? Жаки! Пардон! Половина година не сум те чул, ти го заборавив гласот. Молам? Другото? Тоа не се заборава! Ами како! Слушај, каде е Мери? Не живеете повеќе во ист стан! Се омажи за Бонго Црнецот! Ха! Ха! Па да! Таа имаше изразита склоност кон егзотични примероци! А ти? Што рече? Аха! Висиш на закачалка! Ха! Ха! Е, па, ајде откачи се и тркни до мене. Ама веднаш. Молам? Никаква шминка. И без што? Да! И без гаќички! Чао! (Ја спушта слушалката)

БРАТ МИ: (Станува и се стрчува кон вратата да бега)

СИНЧЕ (Го фаќа нсжно): Смири се, брат. Не сум доктор. (Го седнува на триседот) Успокој се. Сега ќе ти дадам бел костум. Ќе бидеш како глумец. (Влегува во една од собите и донесува бел костум)

БРАТ МИ: (Во мегувреме се скрива под трпезата)

СИНЧЕ: Немој да се криеш од животот! (Го извлекува)

БРАТ МИ: (Се тресе и почнува да плаче)

СИНЧЕ: Не плачи, брат! Ти реков дека не сум доктор. Нема инекции. Нема врзуваље. Ова не е лудечка кошула, туку костум. Треба да се дотераш. Ке дојде една дама. (Му покажува со рацете женски гради и колкови)

БРАТ МИ: (Нагло го менува расположението и почнува да се смее)

СИНЧЕ: Така. (Му го облекува палтото) Сега панталоните. (Му ги обува панталоните) Сјајно. Да видиме дали ти се токму чевлите.(Му га обува) Како по мера! (Му га врзува врзомките) Значи, сосема сме исти!

БРАТ МИ: (Почнува да се кикоти)

СИНЧЕ: Радувај се! Смеј се! Затоа сме заедно!

Го фаќа под рака и шетаат по собата. Застануваат пред огледалото, се огледуваат. Синче се чешла, се мери со Брат Ми. Овој се посилно се кикоти. Одеднаш претставува и го вперува погледот кон ѕидот, на кој висат фотографии.

СИНЧЕ (Му ги толкува фотографиите): Овој е татко ни. Оваа е мама.

БРАТ МИ: (Ја обесува главата)

СИНЧЕ (Погледнува долу): Аха! Тоа ли е работата! Ха! Ха! Ќе морам да ти донесам други гаќи и панталони. (Оди во собата и донесува гаќи и панталони. Брат Ми стои како стебло. Синчс го пресоблекува) Ха! Ха! Ептен сме исти! Јас до некни мочав во офицерски шапки! Ха!

БРАТ МИ: (Му се придружува во смеењето)

Ѕвони ѕвончето над влезната врата. Синче го седнува Брат Ми на масата и отвора. Влегува Жаклина, убава девојка со кратка фризура, во мини здолниште и плитки чизмички.

ЖАКЛИНА: Чао, срцка! (Го бакнува Синче)

СИНЧЕ: Чао. Блескаш како топчеста молња.

ЖАКЛИНА: Не си војник?

СИНЧЕ: Моментно не сум ништо, но имам човечки амбиции.

ЖАКЛИНА: Значи, ќе се жениш!

СИНЧЕ: Да. Но не веднаш.

Седнуваат карши Брат Ми. Синче полни чашка ракија за Жаклииа.

ЖАКЛИНА: Каква е оваа гозба?

СИНЧЕ: Веридба. Татко ми и мајка ми ја верија сестра ми.

ЖАКЛИНА: Одлично! Ти честитам зет!

СИНЧЕ: Јас за тоа немам никакви заслуги па и не можам да ги примам честитките.

ЖАКЛИНА: Овој човек ти е зетот?

СИНЧЕ: Значи, го забележа.

ЖАКЛИНА: Уште на влегување. Маркантен е.

СИНЧЕ: Убав ли е?

ЖАКЛИНА: Како од бутик. Ха! Ха!

СИНЧЕ: Дали би го помилувала по лицето?

ЖАКЛИНА: Каков ти е тој штое?

СИНЧЕ: Не е никаков штос. Неговиот живот е цели две и пол децении далеку од секаква нежност. Помилувај го.

ЖАКЛИНА: Ти сепак се шегуваш. Ха! Ха!

СИНЧЕ: Дваесет и пет години чемреење. Зарем тоа е шега?

ЖАКЛИНА: Па не ли го милува сестра ти?

СИНЧЕ: Не. Ни мајка ми. Ни татко ми. Никој! Никој! Никој!

ЖАКЛИНА: Каков ти е тој зет кога никој не го сака?

СИНЧЕ: Зет ми е со сестра ми. А овој што го гледаш е брат ми.

ЖАКЛИНА: Ти имаш брат?

СИНЧЕ: Да. Иако родителите сторија се да ме убедат во спротивното.

БРАТ МИ: (Се насмевнува и испушта глас како магарешко рикање)

ЖАКЛИНА: Тој се зафркава или...? СИНЧЕ: Покажува дека му се допаѓаш.

ЖАКЛИНА: Зошто не каже со зборови?

СИНЧЕ: Не мора, зборовите им служат само на лажговците. Тој има искрено лице. Погледај колку е невин и тажен, со детски очи. Помилувај го.

ЖАКЛИНА: (Станува навредена): Да знаев дека си ме викнал да се изживуваш, немаше ни да дојдам!

СИНЧЕ (Ја задржува): Послушај ме. (И тутнува пари во раката)

ЖАКЛИНА (Се колеба миг-два и си ги става парите во џебот од сукната): Ти си сосема откачен, знаеш? Добро, ќе го помилувам кога веќе толку настојуваш. (Му приоѓа на Брат Ми и го милува по косата и лицето, како што се милува дете)

БРАТ МИ: (Се згрчува)

ЖАКЛИНА: Нејќе. Се плаши.

СИНЧЕ: И ти би се плашела да си проживеала само дел од неговите маки. За него и нежноста е веќе страшна. Биди внимателна, да не го повредиш,

ЖАКЛИНА: Па вниматслна сум. Што сакаш уштс? (Се внесува во своите движења)

БРАТ МИ: (Сс смирува и ги прифаќа нежните допири на Жаклина)

СИНЧЕ: Така. Браво. Сега бакни го.

ЖАКЛИНА (Кон Синче, дискретно): Е, па, претеруваш, жими мајка!

СИНЧЕ (Вади уште пари): Жаки, биди добра. Бакни го страсно.

ЖАКЛИНА: Со тебе човек не може да се разбере. Да знаеш дека го злоупотребуваш пријателството. (Го бакнува Брат Ми) Еве. Готово.

БРАТ МИ: (Се насмевнува. Ја гледа топло Жаклина во лицето. Таа го милува со многу нежни допири)

СИНЧЕ: Бакнувај го, Жаки! Не престанувај! Те молам! Продложи!

ЖАКЛИНА: Па се возбудив, будалче. Не сум од сунѓер.

СИНЧЕ: Возбуди се, Жаки! Продолжи! Возбуди се сосема!

ЖАКЛИНА: Па не сакаш белким и да свршам.

ИНЧЕ: Продолжи, Жаки! Продолжи!

ЖАЌЛИНА (Возбудена) Зарем и да?...

СИНЧЕ: Жаки, оди до крај! Овозможи му да го доживее најсилното задоволство! Врати го брат ми во животот на љубовта!

ЖАКЛИНА (Луто) Е, тоа е навистина одвратно! Ти си манијак!

СИНЧЕ: Жаки! Те молам! Не престанувај!

БРАТ МИ: (Трепери од слатка возбуда, гротескно зинат)

ЖАКЛИНА: Не можам! Што правиш од мене?

СИНЧЕ (Го грабнува од масата златното синџирче што Ангеле ѝ го купил на Ќерче и ѝ го сгава на вратот): Жаки, врати му ја природата!

ЖАКЛИНА (Помирливо): Ти си навистина невозможен! Немој да ме гледаш!

СИНЧЕ (Покажува со рака): Одведи го брат ми во спалната соба на мајка ми и татко ми! Ајде побрзо!

Гушнати, Жаклина и Брат Ми влегуваат во собата. Синче си налева вотка и ја испива на една голтка. Миг-два ги гледа препарираните птици и гневно ја треснува чашата од подот.

СЛИКА ОСМА

Истиот простор како и во претходната слика. Искривен врз триседот, Синче спие, р'чејќн силно. Од радиото се слуша жив клавир. Влсзната врата се отвора со тресок. Влегува Ангсле и се стрчнува кон трпезата. Синче срипува. Низ отворената врата бие силна промаја, препарираните птици треперат чудовишно.

АНГЕЛЕ (Го зема од трпезата кутивчето со бурмите): Каде е златното синцирче?

СИНЧЕ: Зошто го бараш?

АНГЕЛЕ: Да си го земам. Готово е. Нема веридба.

СИНЧЕ: Зошто?

АНГЕЛЕ: Се изменија работите. Татко ти почина пред половина час! Ете зошто!

СИНЧЕ: Аха. И?

АНГЕЛЕ: Со него умре и смислата на мојата веридба со сестра ти.

СИНЧЕ: Аха. И?

АНГЕЛЕ: Нема и! Толку!

СИНЧЕ (Долго молчи): Аха. Јасно ми е. Почекај да ти го донесам. (Влегува во собата десно од кујната)

Ангеле грабнува лажица и почнува лакомо да јаде од кавијарот, обѕирнувајќи се како да краде.

СИНЧЕ (Се враќа со ловечка пушка во рацете): Не лапај! Ќе се посереш!

АНГЕЛЕ (Ја остава лажицата): Не убивај ме, те молам!

ИНЧЕ: Ајде лај!

АНГЕЛЕ: Не сакам ништо. Еве, ги оставам и бурмите.

СИНЧЕ: Прави што ти е наредено! (Го клоцнува во задникот)

АНГЕЛЕ: (Подрипнува гротескно): Ауу! Ауу-ууу-ууу!

СИНЧЕ: Реков да лаеш, не да пееш!

АНГЕЛЕ: Ав! Ав! Ав!

СИНЧЕ: Ајде сега блеј.

АНГЕЛЕ: Мее! Меее! Мееее!

СИНЧЕ (Го клоцнува): Не изигрувај прч, туку овца!

АНГЕЛЕ: Бааа! Баааа! Бааааа!

ИНЧЕ: Рикни како магаре.

АНГЕЛЕ: Аи! Аи! Аи!

СИНЧЕ: Тоа ли е магарешко рикање, бе? Земјата треба да се тресе! (Го боднува со пушката во слабините)

АНГЕЛЕ (Силио): Аи! Аи! Аи!

СИНЧЕ: Доста! Доста! Не те бива за магаре.

АНГЕЛЕ: Пушти ме да си одам, те молам.

СИНЧЕ: Рикни како вол.

АНГЕЛЕ (Тивко): Мууу!

СИНЧЕ: Како вооооол!

АНГЕЛЕ (Плачливо): Зошто ме понижуваш толку?

СИНЧЕ (Го бувнува со кундакот по вратот): Кога те споредувам со вол, ти правам комплимент. Тоа е најчесното животно. Ајде рикај да не рикнеш!

АНГЕЛЕ (Со многу растреперен глас): Муу! Му-ууу! Мууууу!

СИНЧЕ: Премногу женски. Како крава. Не те бива значи ни за вол! Ајде сега весело, како петел.

АНГЕЛЕ: Кукуригууу! Кукуригуууу! (Гласот му заличува на плачење)

ИНЧЕ: Реков вессло, не тажно! Свињо!

АНГЕЛЕ: Кукуригуууууууууууууууу! Кукуригууу-уууууууууууууууу!

ИНЧЕ: Слабо. Дури ни како кикирез!

АНГЕЛЕ: Немој повеќе, те молам како брат!

СИНЧЕ: Не може свиња да ми биде брат! Ајде сега да слушнам една арија а ла бишка!

АНГЕЛЕ: (Плачејќи) Квииик! Квиииик! Квииииик!

СИНЧЕ: Ништо. Не си ни за свински. А изгледаш како универзално животно, погодно за препарирање.

АНГЕЛЕ: (Плачејќи) Не мачи ме повеќе! Ќе се оженам со сестра ти, иако е трудна од друг!

СИНЧЕ: Види. Види. Си имал, значи, и достоинство.

АНГЕЛЕ: Не морате да ми исполните ништо од она што татко ти ми вети!

СИНЧЕ: Каква жртва!

АНГЕЛЕ: Зборувам искрено! Верувај ми!

СИНЧЕ: Зини! (Зема голем батак од трпезата)

АНГЕЛЕ: Сакам да ѝ помогнам на сестра ти!

СИНЧЕ: Зини!

АНГЕЛЕ: Зошто не ми веруваш? (Зинува)

СИНЧЕ: Зини уште! Повеќе! Повеќе! (Му го за бодува батакот во устата) Затоа што ти верувам, те наградувам! Лапај!

АНГЕЛЕ (Гушејќи се и ригајќи): Смилувај се.

СИНЧЕ: Доста ми го валкаше погледот! Марш! (Го турнува силно со ногата) Златото ќе ти биде вратено по курир!

Ангеле спраштува кон излезот. На вратата се судрува со Мама. Застанува за миг, обндувајќн се со гестови да ѝ објасни што се случило. Мама, тажна и збунета, сака да го прегрне. Ангеле ја турнува и побегнува. Мама гротескно паѓа.

МАМА (Кои Синче): Зошто е саштисано детето? Да не го стрелаше?

СИНЧЕ: Му ја кажав вистината за препарирањето!

МАМА (Лелекајќи): Запри го! Фати го! Врати го!

СИНЧЕ: Можам само да го убијам и да го препарирам! Но нема повеќе кој да ужива во неговата убавина!

МАМА: Те колнам во млекото со кое те доев! Потрчај!

СИНЧЕ: Доста трчавме по илузии! Сега имаме поитна работа!

МАМА: Ќе отидам јас! Ќе го замолам детето да се врати! (Станува со голем напор и тргнува кон вратата) Се ќе му објаснам, како мајка на син! Ќе разбере! Тој сака! Убаво рече дека сака!

СИНЧЕ: Што сака? Жива душа за два гроша!

МАМА (Излегувајќи): Мора нешто арно да се случи! Има уште луѓе на овој свет!

СИНЧЕ (Се стрчнува по Мама): Плева! Биди еднаш реална! (Излегува)

Бие силна промаја. Препарираните птици треперат чудовишно. Радиото емитува сигнал за точно време.

СЛИКА ДЕВЕТТА

Истиот простор како и во претходната слика. Радиото емитува вести. Синче стои крај трпезата со пушка во рацете и нишани во препарираните птици иа ѕидот. Влезната врата се отвора нечујно. Тетеравејќи се, влегува Ќерче и паѓа како прострелана. Синче ја остава пушката врз трпезата, мирно ѝ приоѓа, ја крева и ја положува на триседот. Ќерче се згрчува. Десната рака на Синче е окрвавена.

СИНЧЕ (Покажувајќи и ја на Ќерче раката): Го стори тоа.

ЌЕРЧЕ (Почнува хистерично да плаче): Морав! Морав!

ИНЧЕ: Ако мораше, мораше да родиш!

ЌЕРЧЕ (Плачејќи): Илјадници жени секој ден абортираат, затоа што животот на безброј начини ги присилува на тоа. Подобро два часа болка, одошто цел живот главоболка.

СИНЧЕ: Чудовишно!

ЌЕРЧЕ: Изнудено! Од немоќ! Од безизлез!

СИНЧЕ: Ти си препарирана птица! Испразнета! Само од пердуви! Експонат во овој природонаучен музеј! А јас сум надвор! Слободна, жива птица! И ќе одлетам во насоката на својот ум, својата душа, својата судбина! Ќе го живеам својот живот самостојно и самосвојно! На своите години ќе им дадам своја содржина и белег!

ЌЕРЧЕ: Помогни ми.

СИНЧЕ: Јас затоа и дојдов вечерва. Да те ослободам од јаловото вегетирање според рецептите и плановите на нашиот татко! Да ја отфрлиме безличната покорност и зависност! Да излеземе од зададениот и наметнат живот! Но сега е доцна!

ЌЕРЧЕ: Дај ми баралгин. Има во малата фиока под радиото.

СИНЧЕ (И донесува баралгин и вода): Убавата смисла на слободата е отров што го пиеме како лек!

Влегува Мама, лелекајќи.

МАМА: Ме плукна! Жива ме закопа!

СИНЧЕ: Закопана си уште оддамна! Ова е само
жална потврда!                                             

МАМА: Леле! Очи не гледајте! Нема зошто да гледате! Уши не слушајте! Нема зошто да слушате! Срце не тупкај! Нема зошто да биеш! Отиде животот! Леле на леле лелето!

СИНЧЕ: Од препариран живот не останува нигго друго, освен бесмислено лелекање!

ЌЕРЧЕ: И тоа е некаков излез.

МАМА: Леле! Попусто планиравме! Попусто штедевме! Попусто сонувавме! се надевавме, копнеевме! Што чекавме, што дочекавме? Место играње ридање!

Нечујно се отвора вратата на спалната соба. Како во свеченост од бајка во која јунаците прележале зла магија, фатени под рака, излегуваат Жаклина и Брат Ми. Се движат како суштества од друг свет и стварност на идеална хармонија. Застануваат за миг, погледнуваат зачудени и во бавен и свечен од ја заобиколуваат групата. Радиото емитува многу свечена музика.

Мама, Синче и Ќерче ги гледаат немо, со зинати усти, како маѓепсани.

Жаклина и Брат Ми застануваат пред огледалото, се огледуваат, се прегрнуваат и страсно, со занес во очите, се бакнуваат, Имаат широки и топли насмсвки на чисто вљубени души. Како да танцуваат, се оддалечуваат од огледалото, прават кругови околу Мама, Керче и Синче посебно. Потоа Жаклина ги остава златното синџирче и парите на трпезата. Се прегрнуваат и уште еднаш се бакнуваат. Брат Ми ја крева Жаклина на рацете и полека ја изнесува од станот. Низ отворената врата бие силна промаја. Миг потоа вратата треснува како гром.

Крај

На Растку објављено: 2007-12-11
Датум последње измене: 2008-07-28 10:52:51
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија