Софија Тренчовска
Софија Тренчовска е филолог, писател, уредник на “Проект Растко – Македонија“ и културен активист
Родена на 9. 10. 1975 год. во Струмица. Основно и средно економско училиште завршила во родниот град. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде посетувала и постдипломски студии.
По професија е дипломиран филолог по македонска и јужнословенска книжевност, со општа и компаративна книжевност.
Извесно време работела како новинар во културната редакција на дневниот весник Вечер каде што пишувала текстови од областа на образованието, литературата и филмот и направила интервјуи со повеќе значајни личности од културата и уметноста.
Преведува од српски, хрватски и бугарски на македонски.
Била ангажирана во подготовка и приредување на повеќе книжевни изданија, а од основањето е уредник на електронското издание “Проект Растко – Македонија“. Учествува на меѓународни симпозиуми и научни собири. Пишува и објавува текстови од областа на книжевноста и уметноста во повеќе периодични печатени и електронски списанија, меѓу кои: Премин, Акт, Mediantrop и др.
Работи како библиотекар. Се заложува за дигитализација на книжевното наследство.
Работно искуство
· 2000-2001 - Публицист-новинар во дневниот весник Вечер (интервјуи со Едуардо Сангвинети, Фреди Френсис, Јаромир Шофр, Милчо Манчевски)
· 2007-досега - Активно занимавање со дигитализација на книжевни дела и литература од македонски автори на македонски и/или преведувани на други јазици
· Од 2010 – Постојан стручен соработник – библиотекар во СОУ „Димитар Влахов“
Авторски трудови (избор на печатени текстови)
· „Кичот како уметност“, Лоза, бр. 5, 1997, 9-10 стр.
· „Комичната маска на Бен Акиба“, Театарски гласник, бр. 47, 1999, 55-56 стр.
· „За филмскиот медиум“, Акт, бр. 24, 29.10.2007, 50-51 стр.
· „Виртуелен македонски хронотоп“, Акт, бр. 25/26, 28.03.2008, 53-54 стр.
· „Демонолошките битија во македонските волшебни приказни“, Акт, бр. 33/34, 31.07.2009, 52-64 стр.
· „Мотивот на чудесното раѓање во македонските волшебни приказни“, Сум, бр. 64, 2009, 95-103 стр.
· „Ѕвездени мигови на свето место“, Премин, бр. 59/60, 2009, 58-59 стр.
· „Силјан штркот како психоаналитична приказна“, Акт, бр. 40/41, 08.04.2011, 58-64 стр.
· „Постмодерен распад на еден имагинарен систем“, Акт, бр. 46, 17.08.2012, 42-49 стр.
Приредувач
· Компакт диск „15 Роднокрајци“ – поезија и проза од 15 струмички автори, 11.12.2009. ISBN 978-608-4546-00-9
Преведувач
· Душан Ковачевиќ, „Лари Томпсон“, драма изведена во Народен театар - Штип, репертоарна сезона 2001/2002
· Радомир Константиновиќ, „Бекет, пријателот“, Акт, бр. 30, 26.12.2008, 53-57 стр.
· Зоран Стефановиќ, „Ноќ без враќање“, Акт, бр. 42, 26.08.2011, 40-43 стр.
· Боро Драшковиќ, „Режисерски белешки“, 2012. ISBN 978-608-4546-25-2
· Зоран Стефановиќ, „Словенски Орфеј“, 2014. ISBN 978-608-4546-32-0
Организациско искуство
· 2005-2014 - Асистент во организацијата на Интернационалниот филмски фестивал Астерфест и на настаните организирани од Тивериополската филмска алијанса
· 2007 - Директор на играната ТВ-серија за деца во шест епизоди „Мартин од скалите“
· 2013 - Координатор за деца на снимањето на кусометражниот игран филм „Игра и спас“
Друго
· 1999 - Соработник во антологијата на драмолетот „Карневалски воздишки“. ISBN 9989-33-049-2
· 2000 - Соработник во македонското издание на книгата „Вера и скепса“. ISBN 9989-9918-0-4
· 2001 - Главен и одговорен уредник на специјалното издание на списанието Харман
· 2002 - Индекс на книгата „Театарски минијатури“. ISBN 9989-9668-0-X
· 2005 – Реферат по повод симпозиумот „Старите ѕвезди на новиот екран“
· 2007 – Соработник на специјалниот број на списанието за уметност Сум, бр. 50, посветен на 100-годишнината од раѓањето на Семјуел Бекет
· 2007-досега - Уредник на Проект Растко-Македонија (http://makedonija.rastko.net/) каде за осум години дигитализирала над 15000 страници текст со вкупно објавени околу 400 наслови и 200 авторски имиња
· 2011 - Јазична редакција на книгата „Најдоброто за Македонија“. ISBN 978-9989-2858-3-7
· 2014 – Реферат „’Слав Драгота’ на Чернодрински и причините за поразот на Беласица“ на научниот собир „Самуиловата држава во историската, воено-политичката, духовната и културната традиција на Македонија“
· 2014 - Подготовка на магистерска теза „Митопоетиката во раните драми на Јордан Плевнеш“ под менторство на вонр. проф. д-р Кристина Николовска
Текстот е достапен под условите на Creative Commons Attribution/Share-Alike License и GFDL; можат да важат и дополнителни услови. Видете ги условите на употреба за детали.
Датум последње измене: 2014-12-20 16:34:07