Звонко Џокиќ

Меѓу траумата и сонот

Секој кој што се бави со истражувањето на судбините на „скршените личности“, настанати од воени трауми, се бави во исто време и со истражување на можната судбина на современата глобализација, односно на исходот на борбата меѓу двата нагони, Еросот и Танатосот. Филмот „КАКО ЛОШ СОН“ и неговиот автор Антионио Митриќески креираат еден оригинален уметнички придонес кон откривањето и барањето одговори на овие сериозни прашања.

Во филмот се преплетуваат сонот и јавето на главните ликови, кои се прикажани како робови на „туѓите игри“. А тие игри се вртат во херметичниот круг на принудните избори на улоги, во кој на едниот крај е „жртвата“ а на другиот „насилникот“. Јавето станува безизлезно и безнадежно, а сонот е единствен одбрамбен механизам кој што се обидува да го задржи опстојувањето на доброто во ликовите, и покрај доминацијата на налудничавата присила на повторувањето на насилството. Тука се прикажани и феномените на „расцепот“ и „како да...“, секогаш присутни во менталното фунцкионирање на „скршените структури“. При сето тоа околината пружа силна поддршка на изборот на веќе втиснатите патолошки улоги, создадени низ одбрамбениот механизам наречен „инверзија со агресорот“, состојбите на „дифузија на идентитетот“ како и воочлива исперветираност на сексуалниот нагон.

И, кога изгледа дека траумата е сепак посилна од сонот, односно дека Танатосот го надвладеал Еросот, авторот нуди оригинални постапки, како можни решенија на дадената ситуација. Постариот лик, Шејтанот, тој го става во позиција да се соочи со безизлезноста од „присилата на повторувањето“ која се случува во него и сопствената немоќ да ја реши на интегративен начин. Тоа, пак, натаму изродува кај ликот спонтано решение за затварање на кругот на деструктивната импулсивност во одигрување на сцената на „жртвување на ѓаволот во себе“, односно сцена која би можеле да ја наречеме „смрт на смртта“. Така, животот завршува „како лош сон“, а реалноста е ослободена да ја изроди повторно вербата во моќта на Еросот.

Младиот лик, пак, на Иван, не дозволува да влезе во порочниот круг на „инверзија со агресорот“. За тоа бива казнет со насилство и противправен блуд, кои го вршат врз него репрезентите на „храбриот нов свет“. Таа жртва е прикажана како времена, како цех за учењето на заблудите за Новиот Свет, но и како искуство кое натаму продолжува со зацврстување на одлуката да се истрае на патот кон автентичната индивидуација.

И така, филмот „КАКО ЛОШ СОН“ завршува не како елегија на Балканот и Балканите, туку како морничава визија за Глобалниот Свет. Се разбира, доколку неговите главни актери не изнајдат доблест конечно да се соочат со својот „ѓавол“. Од таму, конечно, и се потекнува.

На Растку објављено: 2008-01-01
Датум последње измене: 2008-07-28 10:53:10
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија