Раѓањето на Христа (фрагмент од Библијата)
(од Светото Евангелие според Матеја од Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос, издание на Библиско здружение на Република Македонија, Скопје, 2002)
18. А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дека е тешка од * Светиот Дух.
*Лука 1, 35.
19. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти.
20. Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: »Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух;
21. * таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, †зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.«
*Лука 1, 31; †Дела 4, 12.
22. А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:
23. » * И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил - што значи: со нас е Бог!«
*Иса. 7, 14.
24. Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими жената своја.
25. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден * Син и Го нарече Исус.
*Лука 2, 7
...
Датум последње измене: 2008-01-07 16:10:32