Митко Маџунков
Големиот смок
ЛИЦА
- ИЉО М.
- АНДРОМАХА, негова жена
- ЗОРАН, нивни син
- СТОЈАН, Андромахин брат
- БОШ, претседател на НО
- ВИНА, јавна обвинителка
- БАБАТА ФИМА, видовита старица
- ДОНЧО, магазинер
- ТУШО, негов помошник
- ВРЕШКО, месар
- ДИНО, поштар, Врешков зет
- ПЕТРЕ, ѕидар
- ВАНЧО, крчмар
- БОЖА, пензионер, Црногорец
- ГЕОРГИЈА, вратеник од Америка
- МИЉО, барабанџија, шура на Дончо
- БОРО МИТАКОВСКИ, милиционер
- Музиканти
Се случува во Струмица, на почетокот од шеесетите години од XX век.
ЗИМА
1. НА ПЛОШТАДОТ
Како да е сиот свет завеан. Над плоштадот и понатаму врне снег. Иљо М. стои, сам, сред снежната виулица и гледа во небото, држејќи го качкетот. Се појавува барабанџијата, ги вади стапчињата од појасот и чука. Од сите страни пристига народ и се собира околу барабанот. Пауза. Барабанџијата чита, невешто.
МИЉО: ОБЈАВА. Внимание-внимание! Дено-виве во Градот наш Ст-румица се појави Големиот Смок и до И досега се знаеше за неговото постоење од Стари а сега ни дојде на гости како Змиски Цар што се разбудил сред Зима и кога изгледа мал само така ни се прикажува а Поголем е стопати од својата слика Бел као Цицоцúц Домашáр и Затоа никој да не се плаши туку да Пријави што видел-чул за Него сè по ред на власта а Она го знае своето кој го Скрие ќе биде парично глобен или ако го Отепа без дозвола крај. (Завршно чукање во барабанот.)
ИЉО М.: А саа де!
АНДРОМАХА: Дрн-дрн! Ви вик’м јас да не трчаме пу барбáно, ама на кој ќе кааш. Ај да чууме шо ќе чете. Невештýљки ќе чууш ут такóф! Ја некóо глоба, ја некóо снек-чистéне!
ИЉО М.: Море не трч’ш ти пу барбáно, жено, туко пу мене се влеч’ш, като некуј пукатáш. Се боош да не ти избéг’м, па да нема кој да те грее?!
АНДРОМАХА: Пу, алчáк магáре!
БАБАТА ФИМА: Закопалници! Јас мисљ’м – некој јанг’н. Бес спалéто излезéх, огин да ги горе! (Се обѕира) Чудо голéмо, се појавúл Голéмјо Смок! Како јас и самата да не знам оти е он тука!
ВАНЧО: Ќути бе, бабаљóк, шо си утворúла чанáко? Кажýви шо знааш!
БАБАТА ФИМА: Нем ного да варкаш. (Пауза) Родáно си гу уставúх. Мачката клобата ќе ми ги рашчúне…
ВАНЧО: Ај да ти го фукн’м и у родáно! Беги дома да не настúн’ш, ај, в’с да те нема! (На Миљо) Еј, барбанџúи, ут дек гу изнајдé саа тај Смок?
МИЉО: Да нетсе сунýва оше едн’ч да ти чет’м? От не си расчéпк’ш ууште? Не чујá ли?
ВАНЧО: Чујáх, ама не разберáх.
АНДРОМАХА: Еее, ептéн брлúви чувéци, на с’ј им стоо.
ВАНЧО: А на тебе на мајтáп ли ти дувáѓе?
АНДРОМАХА: Ништо јас не знам.
ВРЕШКО: (Едното уво му е преврзано.) Е оти тугáјска не се дупúт’ш при тај шо знаа, мори Иљовице, туко само такá у вет’р мељ’ш като празна вуденúца и у авáн вода к’ц’ш!? Ја те-е власта (покажува кон гледалиштето), тук ти седе праседáтело на Одборо, а тука те-е и Јавното увинителство, другарката Вина. Кој ќе пит’ш, них ако не ги пит’ш, кој ќе знаа, они ако нема да знаат?!
Општиот џагор престанува. Сите гледаат во претседателот Бош и во Вина коишто седат меѓу публиката. Презвикани, стануваат и се качуваат на бината.
ВИНА: И тука ли нема да ме оставите на раат? (На барабанџијата) Кој ти дозволи да ја обнародиш таа вест?!
ВАНЧО: И јас тавá гу питáх, другарке Јавна.
ВИНА: Вина! Не јавна – Вина. (Пауза. На барабанџијата) Слушаш ли ти, со чие овластување го прочита прогласот?
МИЉО: (Долго и тапо се пули во претставниците на власта). Не го разберáх пúтането!
БОШ: (Го смирува со рака. Размислува) Другари! Граѓани! И граѓанки и другарки! Зар не гледате какви задачи стојат пред нас? Нè чека општествена реформа, а вие, за секое гомно, ајде при претседателот. Така ли самоуправување ќе спроведеме, така ли производството ќе го зголемиме, така ли, со распукани пети, ќе влеземе во комунизмот?
ИЉО М.: Арно вик’ш, другáр прседáтел. Нии нарóт ли сме – за нас и стапо е ного! (Кон останатите) Ај, шо зеете, не глеете ли оти чувеците си им’т држáвни бугли?!
ВИНА: (На барабанџијата) Кој ти рече за Смокот?
МИЉО: Кој шо има да ми кажува?
ВИНА: Море не се прави ти многу улав, да не извикам некој милиционер да те подбере!
МИЉО: Јас с’м обичен тапанáр, шо јас мож’м да знам?
ВИНА: Ќе научиш! Ќе запомниш кога последен пат собираше ламји!
ВАНЧО: Бегáне мо-о изглéда мајката. Като през војнáта: децата на кркáч, и право на…
ИЉО М.: На дека Тилци, у миндељто.
АНДРОМАХА: Или да се скрииме на Свети Петнáјсе?
ВАНЧО: Тесно е, нема да нè субéре, пóáрно на Цареви Кули да се качаме. Или на Сомораница!
ВИНА: Лесно за тебе, Ванчо. Твои нозе – твое бегање. Ние одговараме за овој град!
БОШ: Ако нè снема без нареџење, ќе кажат – криви се за нешто! Да не нè бујнат во топлото кога ќе се вратиме? Ја ако ни дадат по еден чифт чизми, па да нè пратат на Канáло? На Канáло мајката си ебáло!
ВИНА: Каналот е веќе ископан.
БОШ: А ако им текне да зафатат уште еден, за подобрение на нашто поведение?!
ВИНА: Човеку, ти наредуваш, кој што ти може?
БОШ: Ја ако се сврте реката, и главата стане пашка?
АНДРОМАХА: Душичка, ак е праседáт’л, и на него му корка.
БАБАТА ФИМА: Смоко затавá и è дојд’н, малко да се анѓелóс’т! (Со свечен наративен тон) Шом лошотил’ците – апажл’ците, зимќорл’ко и стрвноста – завладéет со свето, ја го и Смоко, малко да ги разрéтче чувеците, да напрáа и за себе место.
БОШ: А тоа е, божем, токму сега? Штом владее Бош – светот е лош, така ли?!
ИЉО М.: И со Бош и без Бош, свето се е винаги – бош!
БОШ: Ајде де! Каков е тој Смок?
БАБАТА ФИМА: Вик’т оти разни ги имáло, или па истијо на разни чишúте се правúл. На стотúци имúна имáл, по боја Белчо или Шарчо или Црнчо, по некóо особúна Асúјко, Тепко, Влечко, према мéстожúтелството Подзéмко, Нивко, Езéрко, или пак Каменáр, Баштáр, Домашáр, а спроти нáвиките Грабонóс…
БОШ: Грабонос?
БАБАТА ФИМА: Тај шо грабе и носе. По мерáко го викáле Цицоцúц – оти бил ного голéм мераклúи по цицáне.
ВИНА: Какво сега цицање?
БАБАТА ФИМА: Разно цицáне имáло: ако цицáл крави го викáле Кравоцúц, или Краволúз, или Кравогрúз, или Цицокрáв или Млечко. Голем џуап им давáл на кравите, ка ќе им дотежнáло вимето они самите доваѓáле при него: Смоко мукáл – ја такá мууу правúл, како теле – а кравите го оближувáле, додéка он ќе им се замотáл околу задните нози и ќе почнáл да ги смука, прво еднáта боска, па другата...
ВАНЧО: Ка ќе се задовóле ут цицаанто, ќе се мушне у дупката!
ВИНА: И такви гнасотилаци ли знаеш?!
АНДРОМАХА: И јас с’м слушáла за тавá. Наште Смокове се баш ут тај сој, колко само крави се расипáле.
ВАНЧО: Некуј толко ги доцицувáл шо ут вимето крф им пратечувáла.
БАБАТА ФИМА: У некуј краишта викат оти Смоко цицáл и овци и кози.
ИЉО М.: Тугáј го викат Прчко. Врзи им нојзте, шопни им нешто на ушиинта, и тегли, смоки до анасана. Некујпáт Смоко и жени фајќáл и ги цицáл!
ВИНА: А! Какви уште без сол муабети ќе чуеме?!
БАБАТА ФИМА: Истина е, Големјо Смок и жени-доúлки цица, левуси, сè ја таквú, со поедри цицки..
АНДРОМАХА: Шо ќе остáне напкун за бебето, огин да го изгóре?!
ИЉО М.: Ги смотувáл жеенте, и лека-полéка ги цицáл. Праф Цицоцúц!
БАБАТА ФИМА: Кажуваше éен Рýсалии, заедно бехме со Андромахето, ја питáјте е – такá ле-е мори Махе, тавá Гоцето од Секирник кажуваше, ми кој (го имитира), "Не е пóговорка", вика, "па тоа е истина, ни прикаска, по нашите полиња, додека не беше механизýвано нашето поле", вика, "се е случило да на дојници-жени ù гонат големите змии речено Смокови. И на самото поле, ако жената", вика, "пројде преко патот, и Смокот ако е наблúско, ја гоне, значи му мирúса на млеко, ради млекото е гоне." (На Андромаха) Такá ли беше, Махе?
АНДРОМАХА: Ја па сичко помн’ш, на сто годúни.
БАБАТА ФИМА: А, на сто, не каж’ш на два-триста.
АНДРОМАХА: Се е случувáло, викаше (кон бабата Фима) – така беше ми как – да напáѓат жени ка си спиит пот некоо дрво на полето, се е случувáло на стока, викаше, дури стоката била ного важно-интерéсна – натемáго и Гоцето, имаше у него разни маабéте – кравата ка ќе дојдéло времето да ја цица Смоко-змии, самата крава рикáла, самата си терáла, и штом ќе дојдéла при мануко, Смокот ќе си ја исцúца, ќе ù отплéте нојзто, ќе избéга змиита и кравата пак ќе се поврне у говедата. (Сега и таа го имитира Гоцето) "Тоа се е случувало", викаше, "жива истина, во нашето подрáчно место."
БАБАТА ФИМА: (Малку навредено што ù се меша во приказната) А, да не беше Гоцето немаше да знааме шо е Смок, а шо пржалóк. (Пауза.) Ми Голéмјо Смок си е од времето. Он ного жени може да исцúце, и ного бебúна да расплáче. Мош затавá од винаги го викáле Домáшен Крвоцúц. Ама него никој не смее да го утéпа, ни па да му напакóсте, најголем грех е да се утéпа Цицоцúцо Домашáр, оти е свето домáшно шеј.
БОЖА: (Тој дури сега се појавува, и веднаш се надоврзува на разговорот за домашната змија) Е вала јес’. Имао сам је кући змију, и та је била прилично дебела, бела и црна и глава јој је била као троугаоник. Никад ми штету није направила. Никад. Имао сам шталу, тридесет осам грла говеди, имао сам и стару шталу, а која је штала била повезана…
ИЉО М.: Ај кажи с’с шо е била повезана бе Божо!
БОЖА: …била повезана са кућом у којој сам становао, то је била турска кућа... Очима сам је видео, имала је око седам метара, и прилично дебела, није била поскок, била је тешка за поскока, шарна змија онако – али никад ми штету направила није. Никад! (Мала пауза) Не могу да будем паметан, но кажу да кутња змија не прави штету, мене ми направила штету никад није, и говеда су ту биле, и кокоши сам имао лепе, и гуске сам имао…
ИЉО М.: А патарóци, такá нешто, или мисирóци?
БОЖА: … ћурке, није ми никад штете направила; а и ђеца су је гледала у јасли ђе је легла, направила се колач. Могао сам је убити, увјек сам оружје притежавао, увјек, откако знам за себе ја никако без оружја, имам и дан-данас, и карабин, и револвер и ловачку пушку, ја сам 58 година ловац, у Македонији ме нико није победио. И ево, већ сам 52 године у Македонији, до данас ми није човјек реко да им је кутња змија наудила... Она је шјен некаквог кутњег чељадета, и зато је света и заштићена.
БОШ: Ама тоа не бил Големиот Смок, чика-Божо, у томе е ствар!
АНДРОМАХА: Ут шо настанáла таа ала, Господи?
ВАНЧО: Г’тни бишкóво влакно, у курéмо ќе ти се напрáа змии.
БОШ: Баба-Фимо, колкáв бил Големиот Смок?
БАБАТА ФИМА: На разни големúни се кажувáл. Еднаш имáл глава како говéдо, со човéчки уши; другпат опашувáл цело лозе, а на носо џеваúр носúл. Ка ќе свирнáл, сичко заглујнувáл. Домашáро носúл царска круна и живејáл над иљадо гудúни. Некојпáт имáл и крила, се преправáл у ламја. Имáл и нозе, арно ама ги кријáл. У старо време кажувáле оти можел да го опаше целјо свет, само ако му се присака. По божја воља, Смоко на тии шо го гледáле им се кажувáл стопати пóмалечок, иначе секуј шо ќе го видéл ќе се штраптисáл ус ак’ло. Само на в’ко и на којно им се кажувáл какóф шо си бил, и затавá они не се ангелосувáле толко од него. Вик’т оти него никој не можéл да го виде колко е сафú грозен, само некој кафелúи ајг’р од една и пол година. А на нас, да не даде Госпот на душмано, на нас да ни се покáже Голéмјо Смок какóф шо е на с’ј, право ќе си ги видаме ѕанѕалето, ќе гибердисаме ут страх, камен ќе се каменосаме и пепел пепелосаме.
ВАНЧО: Види каквú чуда се криит у главата на бабата Фима.
БОШ: Да е само во главата... Зар не слушнавте дека Големиот Смок ја напуштил Долна Земја и ни го опашал градот?!
АНДРОМАХА: А дека е Голéмјо Смок? Го видéл ли некој с’с свој очи?
БОШ: Ниту сум го видел, ниту сум го сонил. Еј, Миљо, кој ти рече за Смокот?
ВИНА: (На барабанџијата) Скапо ќе ми платиш ако не си го видел, а ваму шириш вознемирувачки вести и го растревожуваш граѓанството!
МИЉО: Гу видéл шуурта мој, Дончо-магазинéро.
БОШ: Магазинерот на Македонија?
ВАНЧО: Ја го там с’с помошнико прет магазúно. Галеба се излезéле барбáно да го чуут, или само сиир си глед’т.
БОШ: Сеир? (Вика) Дончо! Тушо!
ТУШО: Бат-Доне! Власта нè вика! (Приоѓа кон претседателот.)
БОШ: Што е, што сте се здрвиле? Каде е Големиот Смок, а?
ДОНЧО: (Мрзливо се влече) Голéмјо Смок има биволска глава, а на пашката џангрлáк…
ТУШО: На главата има круна, а у устата златни заби...
ДОНЧО: А се празéјне – темна пештéра.
ТУШО: А се измóче – бистар кладéнец.
БОШ: Добро-добро, тоа сите го знаеме. Ама, каде е Големиот Смок? Да не ви се крие во џебот?
ДОНЧО: Не, у магазúно е, бес увреда.
БОШ: Во магазинот на вашето претпријатие Македонија?
ДОНЧО: Бес увреда, тамáн такá!
ВИНА: Како го собрало таму? Толкаво чудовиште да се пикне…
ДОНЧО: Дали се пик’т или се мушк’т, ама голéми ѓаволе флеват у малéнки дупки. (Пауза.) А мош па Голéмјо Смок некуј магúи знаа, па се направúл еднóрóнкав.
БОШ: Колкав?
ДОНЧО : Па толкав: главата като бивул…
ТУШО: Уф устата: златни заби.
ДОНЧО: На пашката џангрлáк…
ТУШО: А нојзто ги крии.
ДОНЧО: Дебелинáта: бишка.
ТУШО: Д’лжинáта: сто магарéшки.
ВИНА: Аууу!
ТУШО: Ја, прет малко, на мој очи, на една апка жвакнá сто пејсе и осам тиникúј маслúнки, со сè чекрдéци. Тугáј гу извикáх на бат-Доне шуурта, Миљо барбанџиита.
ВИНА: Со чија дозвола?
ТУШО: Ус допуштéние и нареџéние на власта… мисљ’м, на мојо ракувудúтел.
БОШ: Од каде знаете дека во магазинот се крие токму Големиот Смок?
ДОНЧО-ТУШО: Го познаваме.
БОШ: Од каде го познавате?
ДОНЧО-ТУШО: Ут дамна го познаваме!
БОШ: Лично го видовте?
ДОНЧО-ТУШО: На нас лажа – на тебе истина!
БОШ: Е? Имате ли обезбеџење, го известивте ли ОНО-а?
ТУШО: Удрúхме кључо!
БОШ: Што рече?
ДОНЧО: Го затворииме магазúно.
ТУШО: Никој не може да припáре у него, ни па ут него да испáре!
БОШ: Ајде де! Баш сега, попис кога треба да ви се врши!
ДОНЧО-ТУШО: Виша сила. Вис маиор!
БОШ: Треба да се ликвидира тоа зло, да се отепа. Купете пушка и драмлии…
ТУШО: И црешово топче ако треба!
БАБАТА ФИМА: Смоко не се отепува со сачма, ни со обично олово и куршýм. Само пушка нап’лн’на со челúк у петóк може…
БОШ: Купете што треба и скријте го оружјето подалеку од очите, да не си кажат големцúте којзнае што се случува во базата.
ТУШО: А, сичко бива, ништо чудно да почн’т да пљамк’т, Ја ги, збир’т пушки и патрóне, на Ѓурѓóвд’н ќе излéват…
БАБАТА ФИМА: И внимавáјте да го пугооте у главата. Она ако остáне цела и со нее колко два прста, ќе се мушне главата у козји или говéдски рогóф, па девет годúни кусљото ќе рипа-ѕипа со рогóво и ќе апа шо ќе стигне.
БОШ: Дење-ноќе оружјето нека биде спремно. А го видовте Смокот, пуштете му се по оружјето и пукајте!
БОЖА: (Подбивно) Вала и ‘оће, они су познати ловци.
БОШ: (На Дончо и Тушо) Да не сте се мрднале од магазинот! Гледајте да ви избега Смокот, па да ни го уништи градот, или, чувај боже, и државата да ни ја лапне. А сега (вика на цел глас) – растур!
Луѓето се разидуваат. На плоштадот остануваат Бош, Андромаха и ИЉО М.: ИЉО М.: (Тивок, замислен, зачуден пред светот) Другáр прседáтел… Бош…
БОШ: (Наеднаш остро) Што е, бај-Иљо, пак некоја далавéра да не готв’ш? Или и ти слушна нешто за Смокот?
ИЉО М.: Еба го еба и Смоко, не с’м јас дуќанџúи па да му се боом, они нек мо-о водат сметката. Туко, си мисљ’м, нема ли за мене негде некóо работичка да се наа?
АНДРОМАХА: (Да му се додвори на претседателот) Шо? Оште удгóре и убрáс им’ш да го питаш праседáтело за рабóта! Чувéко шо убаф пост ти дадé, нема ни три месеца, чувáр у Клáницата! И шо направú ти: не издржá ни еднá заплáта, и право му го скастрú уушто на Врешко, жáлничкио, гледам преѓи, оше ни преврската не га-а извадúл.
ИЉО М.: Ка ме изнервирá…
БОШ: Е арна таа работа. Што ќе стане ако за секое нервирање сите почнеме уши да сечеме?!
ИЉО М.: Годиинта лоша излезé… а и таа мерéтска зима… нема ли некóо друго местенце, некуј стражáр да ме тур’ш, или за патáр, некоо дрва-чувáне...
БОШ: Златна работа си испушти, самиот си си крив: ништо понатаму не ме интересира.
АНДРОМАХА: Самјо е криф, другáр праседáтел, арно вик’ш, самјо. Ама... не знам дали те-е дојдено ду ууште, ѕидо ут к’штта ни се растурú…
БОШ: Не ме интересира. Ставете некоја книга. Не гледаш ли какви бугли имам? Тука светот пропаѓа, со ламји треба да се бориме, а она: куќата ù паднала!
ИЉО М.: Сирумаштúи притиснáла, другáр прседáтел...
БОШ: Оти смукаш? Од што локаш?
АНДРОМАХА: Такá, за тавá го пити, покáрај го малко.
ИЉО М.: Не пиим веќе. Само сед’м ду печката и прет’м по пепелта, ја рашчин’вам жарта с’с машата, огино гу спотнýв’м. Некој ако ме черпе, му раскажувам масáле, за Врешко и такá. Иначе сам бес скрш’н динáр.
БОШ: А фрљ’ш заар, фрљ’ш?
ИЉО М.: Кој видéл аúр ут комáр, од дубари и дорџоаре, само загуби…
БОШ: Главно, не излегуваш од Бистра вода. Претплатен си.
ИЉО М.: А дек да оом? Нели чујá оти к’штата ми паднá? Бес дрва сме, ни шљупки неем. Домашните ми се разбегáа: жената при брато, малечкио син у некуј другáр, а јас...
БОШ: А ти во кавенéто!
ИЉО М.: Дек да оом на друго место? Там ме-е субирáлиштето: там изгрéв’м, там завáѓам, като некој мачарóк ду печката. Душа да згреем.
БОШ: За тебе и за твојата компанија има само еден лек: Банско, камен да к’цате.
ИЉО М.: А јас пумислúх ѓољо ќе ни го препорáч’ш, една бајна да искараме.
БОШ: Само уште бајната ти е куса. (Тргнува) Ајде, што чекаш?
ИЉО М.: (Спокојно) Чекам да се стопе снего. (Пауза.) Нема ли да пумúне и таа карлáнска зима? Нема ли едн’ч пà пролет да пукне, пупките да се распýп’т, миндељто да расцфт’т, јагниинта да се разблéет и земјата да замирúсе? Па да фатам на дека мерáта, да му легн’м у тревата, да се издúш’м… Пóлéсно ме-е на Баничáне џуáп да им дадам ут колко ваште држáвни лајна да ги јадам. Само глеете как на чувéк рака у џебо да му клаате, ништо да не му даате туко сичко да му здипљ’те, а ако моожте и ќутéко да му го опн’те! (Претседателот заминува, по него Андромаха која нешто му објаснува. Иљо М. останува сам.) Ебáти скапанта држáва! На прседáтело стапо го боле за мене! А тај (гледа во небото) паѓа ли паѓа. Не мисле да престáне! Божúк си ојдé, а он останá. (Вика) Нели се напаѓá веќе гааре?! Шо мисл’ш, до Ѓурѓóвден на госте да ни сед’ш?! Сакаш трагата да ни сотр’ш, да се не знаа ни дали сме живејáле. (Пауза.) Ут дамна не е бидéло таквó чудо… добро ќе-е запóмнам таа зима. На прседáтело му се прикажуват Смокове, а не гледе... оти тај пуст снек цели ќе нè затрýпа!
ДИНО: (Сув, весел, жив, одвај ја влече големата поштарска торба) Еј, ајнаџúи, шо е, на срет плоштáт говоре држ’ш, протúф народната влас? Знааш ли оти цељо град гу убрнáх дудéка да те наам?!
ИЉО М.: Да е за арно, нема да си ме терáл.
ДИНО: Оом у Бистра вода: тебе те нема. Ами саа? Ај, си вик’м, мош е дома, ка там, иим шо да вид’м: п’лна к’шта снег. Шо си цеп’м главата, си мисљ’м, шо не ја врн’м таа телеграма…
ИЉО М.: Телеграма?
ДИНО: ... ама па като жал ми станá. Питам у комшúјте, жена ти ојдéла у брат ù; трчи там, нее ја нема. Жива вода станáх бодинкајќи по снего.
ИЉО М.: Дај таа телеграма!
ДИНО: Ами саа? Трчи наѕáт у Бистра вода: сите комúти се зберáле, арамбашата го нема. Повеќе не знајáах шо да праам, и мутлак ќе ја врнах телеграмата да не се сопнáх тука ут тебе. (Весело) Старо аро, ти тука си игр’ш като дете у снего, а сино ти јавýва оти вечер пристúга! (Му ја покажува отворената телеграма.)
ИЉО М.: (Како пресечен) Шо вик’ш бе ти? Тавá не може да биде!
ДИНО: Море ај одврзуви кесето!
ИЉО М.: (Лепејќи му на поштарот пара на челото) Нели кажáа оти пáтиштата биле завеени? Саа ни в’к не излéва ут дупката. Как рејс ќе пумúне нис снего? Шо не може да биде!
2. ЧУВАРИТЕ
И понатаму паѓа снег. Во длабочината на плоштадот се наѕира крчмата Бистра вода. Десно – посматрано од гледалиштето – под стреата гори мангал. Околу огнот седат и се грејат Дончо и Тушо. Го чуваат магазинот кој се наоѓа во празниот простор пред сцената, така што Тушо, кога и да ѕирне низ клучалката за да види што се случува внатре, гледа кон публиката.
ДОНЧО: Бре шо ал нè снајдé! Директоро кажá оти тука сме морáле и да спииме.
ТУШО: Да напиш’ме една жалба ду синдикато, а бат-Доне?
ДОНЧО: (Го гледа строго, како овој да кажал којзнае каква глупост. Тушо се иставува.) Дек е мастиката, ќе измрзн’ме на таа ладнотúи.
ТУШО: (Му го подава шишето) Вик’т пóскóро се заледувáл чувéк ако пијáл!
ДОНЧО: (Престанува да пие, со истата строгост) Ут кој ја чујá таа дума?
ТУШО: Ут доктор Рчев. Ут Рчето.
ДОНЧО: (Пак пие; го гледа Тушо како преку воља, бавен, самоуверен, неподвижен.) Ај не пљамки, туко тркни до Куч, нека фрле нешто на скаарта! Цел ден гладни ли ќе сед’ме?!
ТУШО: (Бргу се крева) Шо да нарáчам?
ДОНЧО: Секој ден ли ќе те уч’м?
ТУШО: Ја ако згреш’м? Не ти се јаат ќебáпе. Да куп’м некóо мрфка, малко жр-мр, некоо пржоличка да ни исцóве. И тии цревата да не ги забрааме: кукурéч да сплет’ме. Пипéр ќе ни треба за таа рабóта.
ДОНЧО: Арно само повáрки.
ТУШО: А знааш што вика бапта Фима?
ДОНЧО: Да чуум!
ТУШО: Ка дуваѓáло времето на Голéмјо Смок, вика, не требáло да се рабóте. Нојци не си смејал да рашчинуваш, такá да ги утвáр’ш и да штрак’ш ус них. Воло не требáло да гу фајќ’ш за ругóво. Жените…
ДОНЧО: Само за ташаците!
ТУШО: А шала ти стоо. Жеенте не требáло да дрнд’т, да влач’т, да пред’т, да крп’т, да шиит, ни па да се чеш’т… Нарóчно било забрáнно у д’лжинá да се мере. А нии сакаме да убéс’ме црева и да ги плет’ме…
ДОНЧО: Друк маабéт нем’ш ли?
ТУШО: Пази, Тушке, вика бабата, састрýмни сајбúја кересú – змиита е газда ут к’штата. Кој ја утéпа, мора да умре. А нии, брљáци, ус царо на к’штата – војна ќе отвараме!
ДОНЧО: Па ти!
ТУШО: Само у Гевгелúи думашната змии не ја лагáле за ништо: ама ни там не смејáло да се утеп’ва, ни па името да ù се спомéне!
ДОНЧО: Ела малко, дај чеелто. (Му го допира челото) Мисљáах, треска да не те фтресé. (Пауза.) Шо стоош такá като урóч’н, ѕирни нис кључалката, белки нешто ќе вииш!
ТУШО: (Со раце над очите, се пули во гледалиштето.) Леле-мале, бат-Доне, види го, цељо е бел, брашнóс’н, изглéда сите врејќи ге-е парталесáл. Ебáти аџиѓóзо!
ДОНЧО: Ајде де! А колко бее вреќите?
ТУШО: Бес еднá – сто… вагóна.
ДОНЧО: Стрвен гас!
ТУШО: Божа Лажгото вика оти Бељо Смок, Домашнио Брашнојáд, бил ного пулéзно шеј. Никој не бил толко к’сметлúи като тај шо си имáл еен такóф белчо. През ноќта, вика он, à думашните засп’т, ќе си излéзе прет портата и си пее: ного песнопóец бил, бајá песни знајáл.
ДОНЧО: Шо праа саа?
ТУШО: Кој?
ДОНЧО: Невéкој! (Луто) Смоко бе! Ламјата!
ТУШО: (Гледа) Види го ти барчéдо, ка се-е курдисáл: смотáл едно буре и зејтúн цице! Да-а зеем пушката!
ДОНЧО: Па пљамк’ш! Да не друмнáа тапаанто? Или дéновите пуминáа? Енус се зафатииме с’с чуварл’ко. И Смоко мора нешто да апне и да се напúи, душа да згрее: или мош глад’н и жед’н ќе ти седе тука, като мене? Шо чек’ш, когá ќе биде таа нарáчка? Лесна рабóта за Смоко: ќе го фан’ме!
ТУШО: Од’м, ама да знааш: што донéс’м – дунес’но е: нем после маанá да навáѓ’ш! (Поаѓа, се разминува со Стојан.).
СТОЈАН: (Висок, во громби-балтон, со паларија.) Шо е, Дончо, нешто си се свијáл ут рабóта?
ДОНЧО: Здраво-живо, Стојáне. Ја, чуваме една мечка.
СТОЈАН: Смоко ли? Цељо град само за тавá гувóре. Не ти се-е вијáла ду саа таквá змии у куремó!
ДОНЧО: Ости-ости, да не ти се навéе. Седни малко ду мангáло, саа ќе стигне мезéто. (Стојан и понатаму стои.) Да се згрееш малко? (Му го подава шишето.)
СТОЈАН: Фала, не пиим.
ДОНЧО: Ќе зачýрљ’ш ли бар едéн? (Стојан одмавнува.) Знаам оти не пииш ни ракúи ни чигáр, ама шо ќе ти биде ако прегрéш’ш?
СТОЈАН: Шо, деути у Прилеп фабрика да не отворú? Или казáно срет зима пратечé? Нити сакам мојо џеер да си го изгóр’м, ни па твојо чигáр у вет’р да го гор’м, само зијáн и расипл’к да праам. (Пауза.) Нешто ного рано сте излезéле на мај. Да не ви испáдне наóпко есáпо? Од еднá страна пече, ама од другата – сече! Јајцата ги грееш – бýбрезте ги лад’ш!
ДОНЧО: Шо да прааш, држáвна рабóта.
СТОЈАН: Голéма рабóта!
ДОНЧО: Отчет не мож’м да си даам.
СТОЈАН: Ајде де?
ДОНЧО: Па да. Насекаде по градо чувеците билáнс си врш’т, си сед’т по дуќаанто и магазиинто, сметките си праат, а јас – Смокове чув’м. Как јас ќе се отчéт’м, ка Смоко не бире шо јаде? Пред малко, с’то брашно го издé, цељо зејтúн го испијá!
СТОЈАН: Мутлак и кирфиите ги излапá, и гáзието го смукнá?!
ДОНЧО: Да, да. Голéмо зло нè снајдé.
ТУШО: (Се враќа, носи полна тепсија со мезелаци.) Бат-Доне, саа ако не ти пугóд’м не знам кугá ќе ти пугóд’м. Бај-Стојáне, бујрум!
СТОЈАН: Љуто да не забравú?
ТУШО: (Од џебовите вади пива) Сичко е тука. И к’бáски најдéх, думáшни.
СТОЈАН: Бравос! Да не бее домáшни, којзнаа чии ќе бее! (Пауза.) Калпазáне и на калпазаанто! От не гу глеете Германчето? Сто крави измз’ва, прстите не си ги намокрува! Ако треба, со еен прас дено ќе го прекáре, ама чуждо не чепка, а за тавá време и сто кубúка земја ќе ти искóпа. А вии?
ТУШО: (Преку залакот) Как ти стоо таа с’с Смоко, бај-Стојáне? Има ли чајрé?
СТОЈАН: Има. Да го избљууте тавá он шо ќе го изéде! Само водéјте сметка прво да не ве апне.
ТУШО: Кој, Смоко ли? Не апат Смóковето. А не се ни утрóвни.
СТОЈАН: Тај е баш отрóвен. И апе. Пóотрóвна и пóапежлúи змии ут Голéмјо Смок Цицоцúц Домашáр Масломáз и Брашнојáд нема. (Го здогледува во далечината Иљо М.) Ја, ви довáѓа пóсаалáм друштво. Ојдéх јас! (Стојан сака да се размине со Иљо М., но овој го пресретнува на спротивната страна од сцената. Дончо и Тушо почнуваат да играат карти.)
ИЉО М.: Стојáне, што вик’ш за снего?
СТОЈАН: Нема зијáн ут снек!
ИЉО М.: Нема, ама ми растýри ѕидо ут к’штата.
СТОЈАН: Сам нема да се попрáве. Од локáне у ашчинáта не се к’ште к’шта.
ИЉО М.: Саках нешто да те пит’м…
СТОЈАН: Пити!
ИЉО М.: Да флеземе малко у Бистра вода. Тука на снего ли ќе прааме маабéт?
СТОЈАН: Шо му фале на снего? Тука ќе сед’ме, до тии (покажува на чуварите) закопалници! До тие неранимајковци! До тие – долни пари!
ИЉО М.: У снего?
СТОЈАН: Да не се плаш’ш газо да не ти истúне? У снего ќе сед’ме. Шо си замисљв’ш ти, оти сме нии Европа или Америка, па по кавениинта маабéте да курдúс’ваме? Глеј ги там тии твојте побратиме: змии пуштúле у магазúно, само и само да спреч’т попис, а овозмóж’т – отпис. Ут таквú арамúј ќе пропáдне таа држáва. Колко печаљ’ме, ни за бушнúк нем’ме, а они рано на сабáјле пржóли јаат. Еднá марýла (тој демонстративно седнува во снегот, со крената рака), еднá марýла на еден ден: толко нии спечáлуваме и толко смееме да изед’ме! А ти од кавенéто не излéв’ш...
ИЉО М.: (Нерешително седнува до Стојан) Саках да ти кажам...
СТОЈАН: Шо има да ми кааш! (Станува, бесно) Истинта е таа: еднó спечáли, десет изéди, деветте ги нема! А ти ни едното не го спечалуваш! (Заминува.)
ИЉО М.: (Полека се придига, им приоѓа на чуварите пред магазинот) Саках нешто да го пит’м...
ДОНЧО: Е оти не го питá?
ИЉО М.: Не знам. Забравúх. (Пауза.) Останá ли нештичко? Или сичко излапаате?
ТУШО: Абе шо ќе устáне? На едно јадéне ни треба две кила ракúи, а на едно кило ракии две тепсúј мезе – кој да надвáксе? Иљо, като госпот да те донесé, ај да ни ги сплет’ш тии цревата, ти си мајстор…
ИЉО М.: Ни едно џеерче не сте уставúле…
ТУШО: Мајни саа џеерчиинта, ти си мајстор за кукурéч…
ИЉО М.: Измиини ли се цревата?
ТУШО: Чисти се бе. (Донесува леѓен.)
ИЉО М.: Прстто ми се здрв’ни. Само да ви покáж’м, вии доправéјте ги. Неем време за брљавáне, гулéмо дереџé ме-е снајдéло, сино гу чек’м, студéнто. Дек ги најдеете саа тии црева? (Пауза.) На мене тај снек ме испреварú. Неем ни дрва, а ми дуваѓе гос, пóголéмото ми дете. Нај некуј стап, на што мисл’ш да ги убéс’м? (Тушо му донесува, тој почнува да ги плете цревата.) Да нема тука при вас некоо дрво да се чалне?
ДОНЧО: Имаше два-три метра, ама ни делáнка не останá: Смоко маф ги направú.
ТУШО: Златните заби си ги чепка с’с них.
ИЉО М.: А некóо паричка за на зајам нели се навáѓа при вас?
ТУШО: Еее, ут ќор’ф очи тер’ш!
ДОНЧО: Ут ѓавол кандúло!
ТУШО: На изгóр’н за огин му гувóр’ш!
ДОНЧО: У к’штата на обесењо ортоми прудáв’ш! Не чујá ли каквá ала ут сто тона ни седе на врáтовето? Отчет не мож’ме да си дааме, претпријáтието у црно ќе ни се завúи!
ИЉО М.: Ак ве-е змиита у магазúно, не ве-е у кесиинта. Поштéно враќам.
ДОНЧО: Когá?
ИЉО М.: Ка ќе ги продáам лубенúцте. (Пауза. Чуварите не го гледаат, тој заминува.)
ТУШО: Види как ге-е сплетéл цревцата: ас’л шарка. Ут Смок бетерисú!
ДОНЧО: Седни да се-е заврш’ме пáртијата, па однéси ги цревата на фурната.
ТУШО: Ут дек излезé саа тавá? Дек са картите? Не фрљáах на голо!
ДОНЧО: Јас енгерџúи носúх.
ТУШО: С’с шо?
ДОНЧО: Ус жандáр!
ТУШО: Е нели поминáа жандаарто? (Малку размислува, потоа фрла) Ја ти еднá четвóта.
ДОНЧО: Да бе, поминáа и сичко однесéе! Знк! (Задоволно ги собира картите).
3. БИСТРА ВОДА
Маси, шанк. Крчмарот, Ванчо, брише чаши; потоа става дрва во печката. На едната маса Врешко, Петре и Дино играат домино; на другата Георгија седи сам.
ВРЕШКО: (Ги реди фигурите, задовален со текот на партијата.) Чујáхте ли за тавá Џорето – Џоре-Џоре – си турúл у џебо цело милионче?
ГЕОРГИЈА: Вии не знаeте ли друг муабет освен за кражби?
ВРЕШКО: А за шо друго да гувóр’ме? Тавá е тргóфски грат. Коо време е сегá? Не глееш ли оти сите дуќáне се затвоорни, насéгде билáнс се врше. Саа на сите им горе пут газо!
ГЕОРГИЈА: А зошто да им гори?
ВРЕШКО: Се отчетуват чувеците, си ги срамнýв’т сметките. Сичко сегá излéва на мегдáн, дали е некој чис, добар или лош.
ГЕОРГИЈА: Многу те разбрав! Better never than ever!
ВРЕШКО: Тамáн е, не е бетер. И в’ко сит и којзте на број! За комúсијата треба да бид’ш чис, а за себе добар. Оти, ако излéз’ш за државата добар, за себеси ќе бид’ш – лош…
ПЕТРЕ: Кој не знае да есапи, нека си извади капата и нека се преесапи.
ДИНО: Најлошо е ка си натре.
ПЕТРЕ: Во лајната.
ВРЕШКО: Ка си лош: ни за тебе арно, ни за другите. Такá си пумúнув’т разни лекошúј, неопúтни дуќанџúј шо не се-е знаат сметката ут напрéт, па се боот некуј да не им крадéл, или пóписната да не е јанл’ш! Ас’л-тргофците ут дома го просéват житто: па ка ќе се изрáмне јазичето на паланцата, ќе ù устáв’т малко плева на државата, а зрното ќе си го прибéр’т за себе. Разберá ли сегá?
ГЕОРГИЈА: Ебави еба апашиштата! (Кон Врешко) Fuck you! (Излегува.)
ВРЕШКО: Шо кажá?
ДИНО: Ај фукни му го саа. Кој ќе го разбéре!
ПЕТРЕ: (На Врешко) И што велиш за тоа Џорето? Милионче? Ја мајстор! А не да краде на ситно, со кантари да се расправа и да се ебава со стари цени.
ВРЕШКО: Шо им фале на старте цени? Ќе си уднéсе дома три-четиристотини шпорúна ли, фрижидéре ли, телевизоре ли, гарнитýри ли – и си прудáва! Миштурúјте с’с комбúна дувáѓ’т пу них, и оште ду земјата му се клањат, оти ги нема.
ВАНЧО: Шо мора да краде и скусýва – самата држáва паарте у џебо му ги турýва.
ПЕТРЕ: Секој и бес плата би работил. Да му го земеш дуќанот, ќе се шашардúсе, животот не си го сака.
ВРЕШКО: Преко платта, оште две-три. А, зете?
ДИНО: (Незадоволен од текот на партијата) Абе дедо, тргóвецо ако не шлаптóсе, кој ќе шлаптóсе? Мер за бајдавá ќе рабóте? Тебе ли да те уч’м? Оти такá у вет’р гувóр’ш, от се прааш такóф чуд’н чувéк?!
ВРЕШКО: Да, да. А чујáхте ли оти Арлáм Жрепкоф е с’с петстотини у натре? Не му бег’т пет годúни.
ДИНО: Такá му треба, ка лока като магáре!
ПЕТРЕ: Не пие, ѓавол да го земе, да не грешиме душа: ама јаде. Сè што ќе види, сака одзади да му излезе.
ВРЕШКО: (Задоволен што победува) И шо, ќе го даат ли на суд? Нека плате и квит посла.
ДИНО: (Изнервиран што губи) Алáл вера, дедо, арно вик’ш. Ашколс’н! А знааш ли шо вик’м јас? Јас имам инакво мнение, ја какво е мојто мнение: за апашиштата има само едúн лек – бесúлка. Прет Одборо!
ВРЕШКО: (Рамнодушно) И јас с’м за бесéне. (Пали цигар. На крчмарот) Ванчо, донéси оште мастика и малко сиренце… А тај Арнаутино, ка се викаше, сам са обесúл. Уш му уберáле дуќáно, ама не подадéл доказе. На тесно го фанáле.
ДИНО: С’м чујáл оти имáл пун подрум с’с вино. По секој ручóк пијáл по еднá миса, сам. Насéче јабуки у виинто, да не го отрáте, и лезéте.
ПЕТРЕ: А кај тоа Милето нашле, ни повеќе ни помалку, дванаесет милиони.
ВАНЧО: Ја ербáп!
ПЕТРЕ: Го подбрале, па го притиснале: а оттука а оттаму, море зошто море како, море каде се, а кутриот Миле извадил две вреќи ливчина – тикети од спортската прогноза – ги фрлил пред нозете на власта и рекол: “Од државата – за државата! А сега, ако сакате, обесете ме пред Народниот одбор!”
ВРЕШКО: Бре-бре! А го знам момчето, ут скромно пóскрóмно, на мома не се дава.
ДИНО: (Бесно) Дедо, игр’ш ли, или не игр’ш? Ка шо ми изглéда, сичко е пóвáжно од дóминото, такá ле-е? Шом е такá, растур’м пáртијата (ги урива фигурите) – ја, гутóво, ја растурúх; плачкофци: шом губ’те, не ве-е до играјáне!
ВРЕШКО: (Без да се збуни или налути, задоволно се протега.) Знаате ли на шо мисљ’м?
ДИНО: (Наврекнато) На шо мисљ’ш бе дедо?
ВРЕШКО: Си вик’м и се пит’м: шо ќе стане áпсаздан ако дујне еден топал вет’р утдéка Смрдéш-планúна, и ако снего зафáте бирден да се топе. Цеелто поле ќе пливне.
ДИНО: Ќе се издáв’т сељаците.
ПЕТРЕ: На бежанците ќе им треба на дедото Ное корáбот!
ВРЕШКО: Ама и наште газове нема да остáн’т суј! Как га лагате таа пуста? Ако забýче наедн’ч пурóјо, мисљ’ш нема да го напýне кавенéто с’с песóк и камене?
ВАНЧО: Шо те-е саа па кавенéто криво?
ВРЕШКО: Кој те пите владúка бриче ли се! Бистра вода има да стане бигорлúва! И магазúно на Македонија јок ќе се чине!
ДИНО: Куртýл бар от Смоко!
ПЕТРЕ: Абе таа власт не е власт. Треба да издаде една уредба ќерамидите да се исчистат од снегот, олуците да се разледат, а парапетите да се растурат со варии, за да може водата слободно да си тече; инаку сите куќи ќе се урнисаат.
ВАНЧО: Да не-с секúр’ш рабóта оти ќе ти се утвóре?
ВРЕШКО: Ѓупците се нáјнасýу.
ДИНО: А ти шо мајка терá у поољто кочини да прав’ш? Ја ако ти се издáв’т саа бишките?
ВРЕШКО: Да не им удрúх ножо!
Влегуваат Стојан, Иљо М. и Георгија. Набргу сите ќе седнат на иста маса.
СТОЈАН: Сè одбор-дружúна! (На крчмарот) За тебе, Ванчо, нема зима. И топузáрки да к’ц’т, ракиита не се заледува!
ВАНЧО: Ќе треба да е слезéла некóо мечка од гората ти ка си се решúл да флез’ш у мојто кавенé.
ИЉО М.: Едвáј го кандисáхме. Да не беше Американецо… “Мојо џеб”, вика Стојáн, “не е за кавенé, а името не ми позвољáва друк да плате!” “Е шом е такá”, му вика тáјтýка Американецо, “плати ти!”
СТОЈАН: Ај, Ванчо, донéси кој шо сака. (Ванчо ги прима порачките.)
ИЉО М.: На мене дупла мастúка, и малко сиренце, некóо маслинкичка.
СТОЈАН: На мене не ракúи. Ќе апн’м една маслúнка.
ВАНЧО: Ништо ли нема да пииш?
СТОЈАН: Донéси ми еднá чаша вода.
ВАНЧО: Едн’ч ќе флееш, и – вода.
СТОЈАН: Најслатка ме-е воота. И да е за пари – па вода ќе нарáч’м. А плус – бес пари е. (Пауза.) Шо, да не се најдé наврéд’н?
ВРЕШКО: Ќе прокопс’ме ут таквú џимрúј!
СТОЈАН: А ут такви увардú како тебе – голéма иднúна нè чека! Абе ти знааш ли оти сичкото тавá шо го јад’ме и пииме не е нашо, туко е земано на зајам? Знааш ли ако ти го натувáр’м борџо на грбо сто метра у земјата ќе пропадн’ш, ќе се свииш като грбуљáк! Ка ќе те фане еен ден банкáро за вратнúко и ка ќе ти каже анú парá, дај тука паарте – а динáро станáл десет – шо ќе биде тугáј, ќе зееш у него като малáк, бес гашти ќе избег’ш нис вртúцата, јок ќе се чинат и бишките и бишкарнико, за сол пари ќе нем’ш, очите ќе ти побелéет ут папýда като на вар’н зајак.
ВРЕШКО: Ја как не! На друк кажýви му ги тии масáле. Не глеем јас ка жугнá нарóдо. Разврз’в’т каúшто, се снавáѓ’т, секуј трет к’шта пучнýва да праа!
ПЕТРЕ: Ами што!
СТОЈАН: Ќе праа, ќе праа, ама ка ќе чукне барбáно, ка ќе викне барбанџиита оти дујдé пуследнио саат, у крпа ќе ве нема врзано, мискúне и на мискиинто. Си имáл ли ти рабóта с’с капитáл? Бајдáва ли банкáро ги сее паарте нис твојо сокáк, за ти далавéри да прáаш, или сака сè воота до ууште да те-е држе, цел век за исто да ак’ш и да рмб’ш!? Не глеете ли оти паарте се изедéе а нема други, оти цеелта дујнá ја ограбúхте?
ВРЕШКО: Саа га окашкá!
СТОЈАН: Затавá шо ти прасе – ама не твоо, туко чуждо – јааш на ужина и пулвúн кило ракúи ти треба кувéт да ти дојде, а јас на пат до Загреб од’м с’с една марýла у џебо.
ВРЕШКО: Бре?
СТОЈАН: Јас си устáвам лис ут маруулта за друкјо ден, а ти, бишкáр, гостето у мотéло ги нос’ш. По три пеáчки наедн’ч им пеет, а они чикитóм-чикитóм, чин’ш тáтковата им сермúи, черáшни бушникáре, виски пиит и скара лап’т. Е, им вик’м јас на них, ка ќе тумн’те ќе се чууте шо ал ве е снајдéл, а они не разбúр’т, како пујки зеет и гнет’т такá на сила, пиит апове за кувéт да им дојде, само и само шо повеќе да изéд’т, шо пóголéма пакос да напрáат, или одат у нужнико, си ги брк’т прстте у устата, за пак да мож’т да локат и да лапат. Си имáл ли ти рабóта с’с наш чувéк, кад’р е дујнáта да изéде, само ако е бајдавá. И ка краате, не краате като чувéци, туко като ајвáне!
ВРЕШКО: Ти ќе го попрáв’ш свето!
СТОЈАН: Долни пари! Знааш ли оти на мене секој у Југославија ме знаа и не може да помúсле да ме черпе с’с нешто, а камоли ручóци у Пирава да ми дава. Знааш ли ти с’с кој си им’ш рабóта, оти јас през цељо мој век не с’м скапáл пиво или габéза? (Пауза.) Ми дувáѓе у претпријáтието шофер, ного ут далéко. Добро момче, ного трудољубúво, ама чекајќи да се товáре камионо му се исушúл изúко. “Чич-Стојáне, да отвор’м една габéза?” (Пауза.) Пет минýти се мислúх шо да му каж’м. И на крајо попуштúх, прф пат у живóто, оти рабóта ми сврши, голема полза за претпријáтието. Ја такá, жива вода станáх, едно кило пот од мене истечé додéка да се реш’м.
ИЉО М.: Ја ас’л-тргóвец!
СТОЈАН: Ѓупчиинта шо рабóт’т у магазúно при мене јас ного ги милýв’м, ут них пóáрни нема, ама едно зрно кикирúка не смеет да чепн’т. Рабóтта им да кап’т урéе, а не да јаат јатки; шо ќе им праам после јас на шљупките – на курéмо ли ќе си ги лож’м? И ка мулéсе, има да се знаа оте-е држáвно. (Пауза.) Друк еден шофер…
ДИНО: Амáн па ут тии шофере, нема ли некуј пóштаџии.
СТОЈАН: …му дадéл на некуј наш акмáк кључ ли шрафцигер ли, а он на него една гајба прáскавици. И мајни прáскавиците и гајбата, ама не зима како Госпот шо уставúл туко на камара ги реде. “А такá”, му вик’м, “саа стапни ги с’с нојзте, забáсти ги, за шо повеќе да собéре. Нити е кључо шо му го дав’ш на мојо арамúи твој, туко е ут камиóно, да ти се најде дефéк ако устáн’ш, ни па прáскавиците шо он ти ги дава за кључо се негóви, туко магазúнски, а ти, бар да зим’ш ка шо се зима, ама не: ут гајбата кош сак’ш да напрáаш!” А он, се засрамú, оти иначе такá ного трудољубúво и акаллúи дете, и ми вика: “Праф си, бај-Стојáне, не оти неем, не оти не мож’м да куп’м, ама таквú сме нии, ного прк’лн’ни: само чуждото нè е слатко!”
ИЉО М.: Стојáне, саках нешто да те пит’м…
СТОЈАН: Шо ќе ме питýв’ш, úстината е таа: у десет казáна ракúи да вар’т, а само ти едéн да пииш, казаанто ќе испýк’т, ти нема да се напýк’ш.
ИЉО М.: Саках нешто да ти каж’м…
СТОЈАН: Шо има да ми кажýв’ш: еднó спечáли, десет изеди – деветте ги нема. А ти ни еднó не спечалуваш! (Му плаќа на крчмарот и излегува.)
ИЉО М.: Шо е саа тавá? Едвáј го фнес’м у кавенéто, и па ми се изм’зе. Требаше нешто да го пит’м.
ПЕТРЕ: Па зошто не го праша?
ИЉО М.: Не знам. Забравúх.
ПЕТРЕ: (Се крева од своето место и седнува покрај Иљо М. Георгија се префрлува на соседната празна маса.) Не се коси! Ванчо, две мастики! И салатичка.
ИЉО М.: А ти, Петре, вик’ш, имаш дрва? Да бе, обични. За валéне.
ПЕТРЕ: Се наоѓа по некое колку за лек. Кој се надеваше на ваква зима? Да знаев оти ќе бидат вакви мразеви ќе купев повеќе. Сега ни дрвари нема. Сè е завеано.
ИЉО М.: Да, сичко. И пáтиштата. Којзнáа и рејсо ќе може ли да стигне. На мене вечер детто треба да ми дојде, студéнто. А дома сме бес дрвце. Веќе ни кукурáтки немме.
ПЕТРЕ: Значи, сакаш нешто да чалосаш. Лева рака – десен џеп. И да имам – не ти давам!
ИЉО М.: Не с’м јас такóф. Шо зеем, враќам. Пити кој сак’ш! Поштéно враќам – било да е стока, дрво или пара.
ПЕТРЕ: Опа? И пара? И тоа ти се сонува? И пари сакаш?
ИЉО М.: Сино ми довáѓе. Ќе остáне двајстúна дена. На мене не ми треба ного: двајстúна иљадáрки.
ПЕТРЕ: Е што, ич пари ли немаш?
ИЉО М.: Ич.
ПЕТРЕ: Лажеш, ајнаџија. А за пиење?
ИЉО М.: Шо имáх, испијáх. Саа не пиим. Сед’м такá по цел дан и се мисљ’м. Ако ме черпе некуј, му прикажувам прикаски.
ПЕТРЕ: Зошто тогаш ја напушти државната работа? Зошто му го скастри на Врешко увото? Зошто не си попитом?!
ИЉО М.: Чуј, Петре, брате, оти не ме устáв’ш на раат? За шо ме ислéд’в’ш? Да неси ти некој шпијóн, или царо те накарá на чувеците истрага да им врш’ш? Те как, те шо. Ако сак’ш да позáјм’ш, добро – и ус камáта – ако нејќ’ш, па арно.
ПЕТРЕ: А колкава камата даваш?
ИЉО М.: Сто на сто. Дај ми двајсе, ќе ти врн’м читирúјсе, с’с писмена гаранција.
ПЕТРЕ: А како ќе ги вратиш парите? Вошките ќе си ги продадеш?
ИЉО М.: Ќе ти даам црно на бело. Моош да ме бујн’ш у топлото.
ПЕТРЕ: Што корист имам јас од твоето апсење? Туку, Иљо, ионака веќе со години се пазариме за оној твој плац – сега е момент – ајде, продај ми го за педесет иљади.
ИЉО М.: Плацо не е за продáжба, колко пати сак’ш да ти кажам? Там к’шта ќе им праам на сúновето!
ПЕТРЕ: Божо, две дупли! (Со крената рака) Сто бона давам!
ИЉО М.: Слуши, Петре, плацо струва најмалко двеста и пејсе, ама ни за толко не го давам. Значи, не е за прудавáне. Пари не ме интересир’т. Там мисљ’м к’шта да град’м.
ПЕТРЕ: Само уште куќата ти е куса! (Вади шпил карти) Можеби вака ќе се заинтересираш. Ајде, извлекувај, таква коцка не е ти позната: што и да извлечеш – добиваш!
ИЉО М.: (Уморно) Што?
ПЕТРЕ: Ако се фатиш за крапот, ако ја извлечеш поголемата карта, добиваш двесте аероплани и пет кубика дрва, ако ти се падне помалата – пак добиваш: сто и педесет иљади и пет кубика. А? А?
ИЉО М.: (Размислува) В’на.
ПЕТРЕ: Влачам. (Пауза.) Само да знаеш оти жал ќе ти биде! Плаќам над цената. Дај дума додека не сум се пишманил!
ИЉО М.: (Наеднаш решително) Слуши ти, копиле врашко, колко пати треба да ти кажам: за ништо на свето не го продáвам тај плац! Там к’шта ќе праам, уз помош на сúновето. А ти, кажýви, даваш ли на зајам или не даваш? Двајсе иљадáрки и едно метро дрва.
ПЕТРЕ: За плацо: и десет пати повеќе. Без: стап! Само ме влечеш за носот. А локаш на моја сметка. Не си човек бе! (Се враќа на својата маса.)
ГЕОРГИЈА: (Ја поткрева паларијата. Како да се буди од сон.) Ванчо, наполни му ја чашката на човекот што на ѕидарите не им дава да ѕидаaт, а на месарите ушите им ги сече!
ВРЕШКО: Ти, Америкáн’ц, нем ного-ного да вреваш!
ГЕОРГИЈА: Why, и другото уво да не те јаде? (Пауза.) Човек од вас не може на раат една ракија да испие. Bloody chikens! Само гомна чопкате!
ВРЕШКО: Нем ти да лааш!
ГЕОРГИЈА: (Станува) Who, јас ли? (Му ја свива раката на Врешко, овој сака да се отпушти, но не може, зашто е Георгија много посилен.)
ВРЕШКО: Дино!
ДИНО: Шо, Дино? Шо мож’м јас тука? Тај е лут!
ВРЕШКО: Пази, уушто ми го дрнá. Боле.
ГЕОРГИЈА: Толку ли си за едно уво: уште не си го прежалил!
ВРЕШКО: Как да го прежáљ’м? Игрáчка ле-е? Сегá слабо ми се слуше на таа страна!
ГЕОРГИЈА: Цел ден само вашето дрдорење ли ќе го слушам? Ѓавол да ве носи и вас и ваште прикаски: друго ништо не знаете туку само седите како баби и мрмкате… Ash, Vreshko and Vreshko’s swines!
ВРЕШКО: Да си тур’ш на ак’л, Америкáн’ц, јас на тебе за тавá на сут ќе те даам, ус болно уше подигрáфка нема!
ДИНО: Да има закóн! Ама нема!
ГЕОРГИЈА: Shut up! Молк! (Се враќа кај Иљо М.)
ИЉО М.: Ти, Ѓорѓúш, ми изглéд’ш п’н с’с пари?
ГЕОРГИЈА: Да не сакаш и од мене некој заем? Бегај оттука!
ИЉО М.: Бег’м. (Пауза.) Детто ми дувáѓе на ваканција, голéмјо син, студéнто. Мисљ’х, ак не мож’м с’с јадéне да го угóст’м, бар топло да му биде. Да немаш дома некој стар плет? Ут дамна не е бидéл такóф снек…
ГЕОРГИЈА: Молчи и пиј. Drink! Ништо немам.
ИЉО М.: Колко е саато?
ГЕОРГИЈА: Уште малку eight o’clock... осум.
ИЉО М.: (Сиот затреперува) Осам? Как осам? Не може да биде! Да не ти варка саато?
ГЕОРГИЈА: Во Америка е купен. Fucking watch!
ИЉО М.: У осам требаше алтобýзо да стигне. (Станува, си го закопчува палтото.)
ГЕОРГИЈА: To be all right. Ајде, не се вознемирувај. Седни, испиј си ракијата. Уште го нема автобусот. И којзнае дали воопшто ќе дојде. Патиштата се завеани, не гледаш ли? Look, it’s snowing cats and dogs! Со денови врне снег… everywere...
ИЉО М.: (Се фаќа за тие зборови како давеник за сламка) Да бе, и јас такá вик’м. Ус денове паѓа снег. Нема да дојде алтобýзо! Пáтиштата се за нигде, сичко е путрýп’но. Ут кугá јас сед’м тука, ду печката, а ништо не пристúга. (Влегува Андромаха.) Здраво-живо, жено, ут дека ти такá на тука? Ду там ле-е докарааме: по кавениинта да се трчкаме?
АНДРОМАХА: А, тука си. Види шо убаво се курдисáл. Си пии, си јаде. Се грее ду печката. А јас? На коо страна јас да-а фан’м? У коо дупка јас да се скриим?
ИЉО М.: (Помирливо) Де бе жено, шо вик’ш? Пóпулéнка. Пóтúхичко малко, пóкрóтко. Нем такóф грцмáк да пушт’ш, ела ус арно да се разбер’ме!
АНДРОМАХА: Да не вик’м! Да не вик’м ли, ајнаџú магарé, да не цик’м ли?! Шо не одеш до к’штта да вид’ш шо има устáнно ут нее? Дек да бег’м, шо да чин’м? Пу удáјте два метра снек. Да не с’м викáла! Дек да се скриим саа ут в’ците? Ут кој леп да путéр’м, кој за дрва да го помóљ’м, дудéка ти у кавенéто урфата ја кар’ш?!
ИЉО М.: Годиинта испаднá таква, жено, лоша, не с’м јас криф.
АНДРОМАХА: Кој е криф, гудиинта? За каквá гудúна ти бе гувóр’ш, в’ци да те јаат?! Оти за цељо свет гудиинта беше арна, а само за тебе не ја биваше? За шо не си останá на државнијо пос? Само шо флезé на рабóта, и ја фати дримската, ајнаџúи магáре!
ИЉО М.: Е, ама јас с’м навúк’н на своо нúвичка да рабóт’м, своо овчичка да м’з’м. За шо да ми го вад’т маслото за десет иљадáрки?!
АНДРОМАХА: (Како споулавена) Амáн-замáн, место не ме фајќе! Шо чујáх сега? Шо ајнаџúи Иљо кажá сегá? За десет иљадáрки маслото не си го давáл! Место не ме фајќе! Е јај си го тугáј гáзенцето шом е таквá рабóтта, јај, јај!
ИЉО М.: Добијáх телеграма ут Зорáнчо. Јавýва оти пристúга, вáјвéчер у осам. Само шо не е дојдéл!
АНДРОМАХА: (Се укочува, како трештена. Наеднаш, на лицето ù заискрува рефлексен радосен насмев, кој бргу го прифаќа и Иљо М. Но веднаш потоа, без премин, Андромаха почнува да плаче, да вика и да цика.) А такá, а такá, такá-такá-такá, такá ти треба, такá ти треба! Кол терá, два најдé! А саа да те вид’м! (Липа.)
ИЉО М.: (Кротко) Оти плач’ш, жено? Полéнка. Не прападнá свето. За дрва, ја да вид’ме у брат ти… (Со насмев) Или да го питаме Ванчо да ни ги даа тии маасте и стóловето да ги заваљаме…
АНДРОМАХА: Беги ут мене! (Го пресечува плачот како со нож.) Тргнýви ми се ут пато, ајнаџúи Иљо! Мош сак’ш да крад’м?! Беги ут мене! Ој па се дави у Суута Река!
ИЉО М.: (Сè уште совладувајќи се) Оти така мори жено? Белки ќе ни даа некуј и некóо пáричка, дудéка е тука Зорáнчо...
АНДРОМАХА: Опа? И паричка, парички очите да ти ги покрúит! Да не си ти бе малко брлúф? Кој ти дава на тебе на зајам, зајáмо душата да ти изéде, кој? И ти си ми некуј думаќúн! С’с трн да го мааш, немаш за шо да го закáч’ш, а на него пари му се сунýв’т. Ој па се дави у Суута Река. Прво бег’ш ут рабóта, не си го даваш маслото, а саа јај си ги гоољте ташáци, јај, јај, в’ци да те јаат, ајнаџúи Иљо!
ИЉО М.: (Наеднаш срипува) Стој! Не беги! (Андромаха бега во круг.) А, анасана, саа си гутóва! Свршú се твојто, у глувчéшка дупка да се бутн’ш, и там ќе те наам и шиита ќе те-е скин’м, едн’ш за винаги да се куртулúс’м, душа да удмóр’м. А мрмник и на мрмнико, проклéто брмкáло! Секоо вечер, секоо сабáјле, сè таа пà таа: брм-брм, брм-брм, брм-брм-брм-брм! (Ја удира, ги урива масите, фрла стол по жена си. Најпосле, изморен, паѓа на подот. Тешко дише. Во истиот миг, силна светлина ги осветлува замрзнатите прозорци: светлост на фарови. Се слуша бучавата на автобусот. Иљо М. сè уште е на земјата. Влегува Зоран.)
ЗОРАН: Здраво, стари. Шо е саа тавá?
АНДРОМАХА: (Го прегрнува) Стигнá ли, чедо?
ЗОРАН: (Нестрпливо) Ајде, мале. Шо се случýва тука?
АНДРОМАХА: Как ти беше на пато? Настинá ли?
ЗОРАН: Ладно беше. Ќе се згреем дома.
ИЉО М.: (Тетеравејќи се) А куферто? Дек се куферто?
ЗОРАН: Сегá ќе ги зем’м.
ИЉО М.: Не... јас... јà... пардóн!
ЗОРАН: Но, шо е? Ајде!
Зоран поаѓа; Андромаха по него; Иљо М. последен излегува од крчмата, со два куфера во рацете, на секој чекор-два паѓајќи во снегот.
4. СИМПОЗИУМ ЗА ДОМАШНАТА ЗМИЈА
Сончев летен ден. Дончо и Тушо, лесно облечени и очигледно задоволни поради убавото време, и понатаму седат пред магазинот и ја чуваат заробената ѕверка. Играат карти. Пред нив шишиња, скара.
ТУШО: Магазúно е скоро праз’н. Сичко излапá тај стрвен Смок: речи-кажи ни еднá кирфúи не останá. Такá ле-е, бат-Доне?
ДОНЧО: Нека ти биде.
ТУШО: Будлúте направúле ноф магазúн. Дуќаанто на ѓоо за чишúт плачáле, немáле су шо ал’ш-в’р’ш да праат. Ут нашта стока и бес тавá сите дигнáа раци, така ле-е? Бат-Доне, кој гу турúи за ракувудúтел на нофјо магазúн?
ДОНЧО: Нека тур’т кој сак’т! Нии и тука имме оште рабóта. Ако еен ден насéте Смоко дека е ќаро, и ако им квакне там, ако им се мушне у газо, самите ќе доот да го тер’т штрк’ло да им гу ваде. Шо, да нема пóупúтни или пóербáп ут нас? Нии имме најголéмо искуство!
ТУШО: Ја па не, речи-кажи едногодúш’н мин’т трут на змеј-чувáрска рабóта.
ДОНЧО: Бре, утнапрéт ќе му се секúр’м: малко ми се сегашните бугли и касавéте. Глеј саа у тавá ут шо живееме. Ѕирни!
ТУШО: (Гледа низ клучалката) Бајá е пудгóон ут зимата. Едвáј го собúра у магазúно, ако пуште еден ветер – мутлак ќе ги урнúсе ѕúдовето.
ДОНЧО: Шо рабóте?
ТУШО: Шо ќе рабóте? Јаде.
ДОНЧО: Еми нели речé оти ништо повеќе не останá?
ТУШО: Се навáѓе оште по нештичко. Еее, види го мануко: ја саа шламнá стотúна кади, два-триста бојлере, и седамстотини и тринáјсе струјомéра. Ни срам ни р’з! Да ја земам пушката?
ДОНЧО: Стани, дек се варк’ш?! Баш саа ли да се распукаме ка треба да пристúгне преседáтело? Имме кунференција. Викнáл разни змијáре, пузнавáче на Смокове, у веко први лажáче. Ја ги, ид’т, Андромаха, бабта Фима, Божа Лажгото, Иљо М. и Врешко Безýхов… Нем да их слуш’ш, другáр преседáтел, ич на ак’л да не си клав’ш: прај се на балама!
Доаѓаат претседателот Бош, Вина, Иљо М., Андромаха, бабата Фима, Врешко (во летно-есениот дел без завој, но и без уво) и Божа.
БОШ: (На Иљо М.) И што кажуваш, докторот им препишал ракија како најдобар лек против змиски отров? Затоа, значи, не го испуштаат шишето? Еј, вие… да не ве касна веќе Смокот, штом толку смукате?
ТУШО: (Плука против урок) Пу-пу, да не даде Госпот!
ДОНЧО: Само на душмаанто!
БОШ: Па оставете тогаш малку кога ќе ве касне, немојте сè однапред да испиете!
ТУШО: Другáр праседáтел, тај вирáн Смок пà праработú, прет малко шлаптосá стотúна кади, два-триста бојлере и некóо струјомéрче. Лично го избројáх… зијáно.
ИЉО М.: Не знаам шо си избројáл, ама знам шо не си!
ДОНЧО: Додéка нии тука се прекршииме ут чувáне, не знааме шо е делник шо празник, жените ни се истизáв’т а децата забравúи ка изгледаме, чувеците от ајљазл’к и зимќорл’к пучнáа разни ластúнки да пушт’т…
ТУШО: Море Смоко уртáк ни бил, море нии сме го фнесéле у магазúно! Сè леки маабéте.
ДОНЧО: Дудéка нии веќе паднааме у првите борбени редуве, ајљакчиите зáгубата ја броот! Види ги ка се соберáле само като картáле!
БОЖА: Јес’ богуми, беспослен сам чим сам доша’… Зафали председнику…
ИЉО М.: Мене ут нивата ме дигнáа. Тамáн убаво родú бостáно…
ВИНА: Жртвувајте се малку и вие за државата, а не само (кон чуварите) овие овде!
ТУШО: Речено не-е да го чуваме Смоко и нии го чуваме.
ВИНА: Речéно ви е да го ликвидирате, а не да го гоите.
АНДРОМАХА: Сичко им издéл ут магазúно: и џилéзо, и ламарúна, и порцулáн, и срчá, и катрáн – и сè друго шо не е за јадéне… Можно ле-е такво чудо, а баба-Фимо?
БАБАТА ФИМА: А дек се сегá тии нешта, катрáно и срчáта и џилеезто, ако не е в’змóжно?
ТУШО: Браво бе бабо: право ù затнá муцката.
БАБАТА ФИМА: Ама тавá шо важи за нее, не важи за тебе!
ДОНЧО: Ајде де? А шо важи за него?
БАБАТА ФИМА: За него, а и за тебе, важи ја тавá: еднаш ка ќе го фан’те Големјо Смок, распорéјте го: ако наате гомна, џелезото на с’ј го-о издéл он!
ТУШО: Ного нешто мрс’ш!
БАБАТА ФИМА: Шо е денéска замрс’но, утре ќе се размóсе!
ИЉО М.: Тавá ми личе на Смок с’с две нози.
БОШ: Досега требаше да го застрелате!
ТУШО: Ка станýва невидлúф? А нешто г’тне – право го нема. А мош па-а и грех!
БОШ: Што грев?
ТУШО: Вик’т оти е гулéм грех да се утéпа думашната змии. Нели, баба-Фимо?
БАБАТА ФИМА: За Голéмјо Домáшен Смок има разни прикажнúци: у него може да биде духо на некуј дедо–прадéдо или дури на жив роднúна; а у него може да живéе и нашјо сопствен дух. За еднúте тавá е причúна да не го чепк’т; другите мисљ’т оти баш затавá треба да го суктúсат! За Голéмјо Смок се верýва оти и скриино азно чува, он ги пазе бебиинта у лулките, него никој не смее да го чепне; ут друга страна, некуј вревт оти дунесувáл голéмо зло, к’штата у коо ќе се појáве ја чека несрéќа, а тај па што ќе го виде мора да умре.
ТУШО: Утре сабаале!
ДОНЧО: Другиден пурчóк! Нешто пóпáметно не знааш ли да каж’ш?! Шо само бааш, магúј да не ни прааш!?
БОШ: А што вели преданието – има ли куртул од Смокот?
БАБАТА ФИМА: Најарно е – да не го кажýваш по име. Тавá не значи оти тугáј го нема. Ама бар не те-е у главата.
ДОНЧО: Тавá се само бабини деветúни, другáр преседáтел. Да ти каже Дончо сичко за Смоко: он е бел ут брашно, и црн ут катрáн – шо тука има да се гувóре: обична домáшна змии, само малко пóдлчка и пóдебéлка.
БОШ: А какви се тие домашни змии? Што се знае за нив?
АНДРОМАХА: Шо има да се знаа? Живéет ус нас, уф тимéљто на наште к’шти.
БОШ: Каде, каде?
АНДРОМАХА: Уф тимéљто. Во темелето бе на наште к’шти, шо се прааш лут!? Им’т едúн зáеднички цар. Он ги повéле, а они си се шет’т по двóровето, баштите и потоонто, ка е ладно се печ’т, ка е топло се лад’т, си јад’т ут јаткл’ците, и никуј не смее да ги чепне. А секоо к’шта мора да си има змии.
ВИНА: А зошто баш секоја?
АНДРОМАХА: Еми, им’т си, у двóрувето… Нијни си се. Има ли к’шта бес змии?
ВИНА: А како ги викаат тие змии? Смокови ли?
АНДРОМАХА: Царо им бил Смок. А них секакви ги имáло: еднú думашáрки ги вик’т, други думаќúнки, трети сајбúки, четврти стопáнки, шо е сè с’што. Еднú, има, свирк’т: свир-свир-свир, некуј па стенк’т: мм-мм-мм-мм, ја на лела ми ѕидо ка се урнисá, убаво чујáхме, кату жаба крека: кре-кре-кре, или како саат тихо, крк, само такá праа: крк-крк-крк.
ВИНА: Глупости! Не знам како поинаку да се изразам.
АНДРОМАХА: Некуј мрњáфк’т!
ВРЕШКО: У дéдовата ми к’шта имáло на времето една змии шо крекáла: с’с г’л’бето си живејáла, с’с них си се кунуштисувáла, арно ама, никој не можéл да ја виде: само чат-пат изúко си гу пуштáла низ арл’ко, ја толкавáток, црвéн и длк као бербéрски каúш.
ВИНА: Будалиште! Ти ли најде мајтап да си играеш со мене?
ВРЕШКО: У моо време па, úмахме еднá друга, таа гракаше: га-га-га. Саках да ја отéпам, ама сите изрипáа врс мене. Не чинáло, лошо било; азното гу пазúла, среќата ја чувала, не знам оше шо не работúла. Татко падна болен. Зимско време, а змиита: га-га-га. А татко: горе; нос нема, сл’зи нема, уста погорé. “Домаќинката те жали, Ѓорѓе”, му вика мајка ми, “грака”. Оти домашната змија, ако прúслучај куќата да има некои непријáтни нешта, она ги укажува. Истата зима, у чúчовата ми к’шта – еден ѕид нè деле – истата змии излезéла от дупката и, как шо едéн ут брачéдуфците спијáл, почнáла да лазе по јоргáно. И чичо ми рúпнýва и утéпува ја. И напкун кажале жеенте шо се соберáле: “Ех”, кажáле, “нé требáло да га утéп’ш домáшната змии”. А он и предú тавá ја падúл, пуштајќи ù думáн у дупката: зачáди ја – занéма ја; отчáди се – па грака.
ВИНА: (Го имитира) Нé требáло да га утеп’ш домáшната змии… Да не те поткупиле овие?
БОШ: И после, што биде со таа куќа, имаше ли среќа, несреќа?
ВРЕШКО: Ех, среќа. Стално си бее болни. Опáсна рабóта беше там, стари чувéци…
БОШ: А татко ти, курталиса ли?
ВРЕШКО: Тогáј за тогáј. По полвúн гудúна, умрé.
ИЉО М.: Ангелто слаби му са биле! (Пауза.) Постóот стрељýшки-змиј, они лет’т, стрељ’т: главата им е като на штука риба. Една есен, у Старо Конарево, ка ги сеч’т лúсниците за добитоко, некóо жена носúла една подница леп на грбо, а од дрвото ја гледáла еднá стрељýшка, и се фрлúла врз жеента, ама удрила право у врељо леп и останáла такá да висе и да се влече пу нее като пашка…
ВИНА: Бљуткавéжи! Немам што друго да кажам.
АНДРОМАХА: Поскоко не е ут думашните змиј, он е како љутúца, а домашната змија е…
БОШ: Аждер. (Како да си приспомнува за некој поранешен разговор) И што викаш, баба-Фимо, Домашниот Смок и крави сака да цица, а?
БАБАТА ФИМА: Голем мераклúи е по цицáне, нели ви кажувáх? Ќе ја смука, смука, ама после ќе се расúпа и кравата од смукаанто.
ИЉО М.: Море колáј рабóта за цицáне, ама ка ќе почне да тепа! Има еен чувéк ут Дабиља, точно прет Слобода го заплетéл околу нојзто едúн Смок, па ка почнáл да го м’ска: го акáл, акáл като со кол по грбо – доваѓáл си човéко ут Радовиш – ка се изнатепáл, го пуштúл. Важно си направúл ќеефо. Ја гу саа чувéко грбаф.
БАБАТА ФИМА: Такóф е Смоко, напáѓа он, напáѓа...
ИЉО М.: Село Радово. Уфчáрче еднó си одúло пу офците, и го нападнáл Смок. Детто бегáло, а Смоко го тепáл ут курúита горе на баúро, па сè до сеелто. Тука детто паднáло и ја го сегá и ден-денéшен постóо у бóлницата като нéнормáлно.
БОШ: А колкáв бил тој Смок? Како нашиот Голем Смок?
БОЖА: О Великом Смуку не знам ништа, јер га виђео нијесам, али за једног другог могу да посведочим. Има невероватних ствари, људи... Моји момци су орали бостан у Озрен, и пала киша. Разумете? Бостан, не може у њему да се ради, ако се залепи земља на лист онда то пропане.
ИЉО М.: Глеј го Црногорецо, и у бустáн се разбúре.
БОЖА: И онда момци дошли, доћерали волове, и ја им кажем: “Пресвлачите се, ви останите кући, ја ћу отићи у Штркалово”. То је планинско место, то је тако далеко једно пола сата од села, и ја узмем, разумете, овај, кишну кабаницу, разумете, чизме и ловачку пушку, разумете, реденик и изађем тамо горе, разумете.
ИЉО М.: Сичко смо разумели, од првото до последното.
БОЖА: Тамо нађем чобанчиће, неко шест-седам чобанчића, разумете, заложили ватру и грију се, грију се на ватру пошто су били...
ИЉО М.: Мокри ут кишта.
БОЖА: И ја сам тако сео код њих и разговарам ово-оно, и с извињењем хоћу да мокрим, али не смем да оставим пушку код ђеце, разумете, и ја пушку на рамо, а реденик ми на појас закопчан... а голо је место, само има смреке, а шуме нема, са леве стране, разумете, грабовина, само змија може да прође, а човек не може проћи. И ја како идем између оније’ смрека и нешто сам се замислио, кад одједанпут – чудо! Замало сам у несвјест пао! То је страшно, верујте људи, колико сам ја дебео преко појаса овако да није тања била. Да не би слагао, главу о нисам видио, пошто је страна, и она џунгла, разумете, глава је била отишла већ тамо, а овамо кол’ко четири-пет метара ли је било, пет-шест метара ли, не могу ви казати тачно, пошто је не мерих, али – греда. Греда!
ВИНА: Нема такви змии на Балканот!
БОЖА: То је било на Озрен. (Пауза.) И на њу сам то само видио, није била шарна, онако бела и црна, него је била кафелија и црна, оне тачке како да ви кажем, округле као петодинарка, разумете, округле, али велике. Ђе је кафелија, то је црвено као кафа, а ђе је, разумете, црно, то је црно као катран. И ја, разумете, нисам имао смелост да је пуцам, зато што није глава, разумете, није глава да о гађам главу!
ИЉО М.: А ти баш ут главата сак’ш да почн’ш!
БОЖА: Не знам још кол’ко је тамо! Е сад, би ју ударио, али наполо: али шта знам ја после шта може да буде!
ИЉО М.: Сичко може да биде ако не удр’ш ка шо треба!
БОЖА: И онако, разумете, како да ви кажем, као уплашен, вратио сам се... ђеци.
БОШ: А се движеше ли таа змија?
БОЖА: Ишла је тако полако као да је била пребијена, а није пребијена него се добро најела, разумете…
ИЉО М.: Како тај натре.
БОЖА: Добро. Било је то у дању. Враћам се ја кући увечер у село, насред села скупљају се Турци. Ја турски говорим као Турчин, разуме се, па и кажем: “Данас сам видио”, велим им, “у Штркалово једну змију, то није змија била, то је чудо било”. Звани Османџик, он је имао неко четири-пет стотина коза, каже: “Божо-ефенди”, каже, “о иланú бен џорд’н Ортамалé курисú бен мулá”, вели, “једú”. Каже: Ја сам њу видио у Ортамале, каже, и мене ми је цело, вели, јаре прогутала.
ИЉО М.: Ја саа.
БОЖА: Људи, ово сам доживио да видим, а то ми је потврдио онај Турчин: то је страшно нешто огромно било. Пошто ловац сам, и литературу приличну могу да речем да листам, и ловачку и све то, тврдо сам убеђен био да у наше крајеве не може да постоји таква звер… Од боа није мања, ја верујем да је ово јаче било од бое, пошто боа може да буде до две стотине кила, ова је огромније нешто било.
ИЉО М.: Колко мереше, такá уд око?
БОЖА: Не могу ви утврдати, људи, пошто не знам кол’ко је са главом овамо, разумете, пошто јој нисам главу видио… али од двеста кила је била више. То што сам видио ја било је од двеста кила више. То нико не може веровати да на Балкан може да постоји такво чудо!
ТУШО: Како не може? А нашиот Смок?
БОШ: Нашиот, нашиот! Поарно кажи, вашиот!
БОЖА: Људи, то могу да ви причам што сам га очима видио, а и оној Турчин је посведочио да постоји таква змија, то је да не би рекли људи да ја вадим из прста.
ВИНА: Многу се разбираш ти во змии!
БОЖА: Ништа ја нијесам. У мој живот сам доживио да чоек позове змију! (Пауза.) Никола Вранић, жандармеријски поручник, то је било 1926. године, на Демир Капију, седи, разумете, пред кафаном Борка Бабића и Миле Матића.
ВИНА: Каде нè одведе човеку?
ИЉО М.: У бишка Југославија.
БОЖА: Седимо тако, и долази из Бесвице једно Турче. И каже Вранић: “Асане, дођи овамо, булу ти твоју, дођи амо!” И ово Турче: “Извол’те, госин поручниче!” Каже (Вранић): “Деде да скупиш змије!” Ја нисам знао да тој Асан знаде то, али Вранић је дознао да овој може да скупи змије из целе Македоније.
ВИНА: Сега Македонија змијарник ја направи!
БОЖА: И вели Асан: “Ќе ме тепате, господине поручниче!” – “Нема да те тепаме!” – “Ќе ме тепате!” – “Не. Ајде!” (Пауза.) Летње време, разумете, ово Турче носи неку црвену крпу око грла, а озади нож носи, извади нож и направи један круг, направи други круг, направи трећи круг, и од десне руке – то моје очи гледају, није то да ми прича неко, него очи то моје гледају! – ми седимо дакле, Борко и Миле, поручник и ја, нас четворица тако седимо и пијемо пиво...
ИЉО М.: Ќе нè раздéне додéка да го доопиите тавá пиво, ебáви лóкаџијте. Ај повáрки, тука лек се тере, на госпожá Вина јајце ù се пече на газо.
ВИНА: Немој ти на мене госпожа Вина, да не те виносам – не сум јас приватен капиталист, како тебе.
БОЖА: ...а онај Турчин се оделио кол’ко једно десетак метара, на саму железничку станицу, и узео, разумете, мали прст од десне руке и почео да свири, ма га би чуо на километар, на, на, даље га би чуо, разумете, свири, свири, свири, свири (Божа продорно свири со прстите), а испод оније’ вагона, одонуда, одовуда (покажува со рацете, како тој да ги собира змиите) скупљају се змије од сви’ страна, људи, Турчин ништа не говори, само свири, ма и зелене има, и шарене има, и каквих нема, ма сваке боје, белоухе има, ма сваке змије има.
ВИНА: (Го поткрева фустанот) Море што си се расвирал, тука ли сакаш да ги собереш, сега притвор ќе ти одредам!
БОЖА: И Вранић извади пиштољ. “Мајку му”, каже, “сад ће не поједу змије!” А змије долазе и улазе на оне кругове, улазе. И долази једна змија, да не би слагао али једно два и по метра је имала, танка као мали прст, и неће на круг, неће, а онај Турчин нешто устима шапће, врти главу, овамо-онамо, неће, Турчин се залетео да увати змију, разумете, змија бежи, дигла главу близу пола метра од земље, а глава јој је ко мали нокат, танка глава, а и она танка мајка је божја убила, ко неки танки конопчић, и како дође, увати је Асан за врат, и ова га ујела, десна рука за мали прст, и пушти му крв. И Вранић каже: “Јебали ти булу!” А онај само учини овако зубима, поче да сиса ону крв и пљује, да сиса и пљује, а змија – ђе га ујела ту је и мртва остала!
БОШ: Па тој и од змија бетер отровен бил!
БОЖА: Ама људи, слушајте, три дана и три ноћи да ви причам не би ви мог’о испричати своје невероватне доживљаје!
ИЉО М.: Не се баш толко неверувáтни!
АНДРОМАХА: Има от лошо полошо! Ме-е кажувáл еен Рýсалии ут Сикúрник.
ИЉО М.: Па ли Гоцето ќе го бааш, да не ти зна ного-ного газо.
АНДРОМАХА: Какóв Гоце бе брлúф, еен кљáнкаф дедо шо беше со него. Нели бехме заедно со бабта Фима, кажувá преѓéска жеента. Кажи бе баба-Фимо! (Бабата Фима не реагира) Не ù се слуше, и она е за нигде. Вика деуто: "Чувéк си спии на поољто. Змиита лазе пу нифта. Чувéко разејн’н. Змиита му флива в’ф устáта, у желуднико. Ами лек? Как да искар’т змиита ут чувéко? Ќе сфар’т млеко, ќе гу убéс’т чувéко за нојсто, ус устáта млекото за да го дие ут паницата. Змиита пà излéве, лакома на млекто…"
БОЖА: Шта наприча, јадо?
АНДРОМАХА: Деуто така ми кажувá. "Зејш, спииш. Змиита ти флива в’ф устáта…"
БОЖО: Што, што?
АНДРОМАХА: Оти бе чувéк не разбúр’ш, амааан. Леже чувéко, устáта му разејн’на. "Змиита му флива уф курéмо." Кажи му бе баба-Фимо! (Бабата Фима пак не се обѕира.) Ти значи за нигде си била, на тебе ептéн не ти се слуше. "Му флива", димéк, "уф курéмо. И после нем’т ус шо да га искар’т, сфарýв’т млеко, турýв’т он да дие, нат панúцата. Таквáта, топлинáта флива уф н’тре и тогáва змиита излúва лакома на млекто. Иначе треба да гу праат упирација…"
БОШ: А кој нас ќе нè прави упирација ако ни влезе Смокот во стомакот, кој нас ќе нè спаси ако не апне? (Кон Божа) Оти не го прашавте Турчето во што му е силата и мајсторијата?
БОЖА: Вранић га упита. Но Турче само одмахну: “Ако кажем, морам да умрам”, рече. И не каза.
ДОНЧО: Абе при нас нема ли некој шо лече од апн’но, бес докторе и инжекции. Некóо бајáне, мож да ни притрéба.
БАБАТА ФИМА: Как да нема!
Крач, крач, крач,
ржóв леб,
и добар -
покривáч.
АНДРОМАХА: Еми на јармúи нели чукаме у тиникúј да ги раскýд’ме змијте? На Први мај. Нели? Не, апрúл. На Свети Четирúјсе. Прет Свети Четирúјсе. (Рецитира)
Бегáјте змиј-ирмúј,
ќе доот с’с ќермúјте,
ќе ве утéп’т!
БАБАТА ФИМА: Инáк е.
БОШ: А што се тоа ирмúј? И шо ќермúј?
АНДРОМАХА: Как шо? Ирмúј – арамúј. А ќермúјте си се ќермúј. Ќерамиди.
БАБАТА ФИМА: Ја как треба:
Бегáјте змиј-ирмúј,
ќе доот ирмúјте,
ќе ве тéп’т с’с ќермúјте!
ВИНА: Дрн-дрн! Каква е таа глупава бајачка?
ИЉО М.: Саалáм се-е. Ќе доот арамúјте да ги испáд’т арамúјте! Шо не е јасно?
ДОНЧО: Каквú бе арамúј? Станýва дума за Свети Еремија, абдáл! А ќермúјте не се ќермúди туко кирфúј, некуј клинец или стапче шо се клава на коољте.
БОШ: А кои се останатите лекови?
БАБАТА ФИМА: Крф цицáне, горéне со ут пут мех желéзо, со нож делкáне.
ДОНЧО: Шо си се разѓавкáла ти бе бабаљóк?! Неле-е стига с’с игла да се избóцка: шо мора со нож?
ТУШО: А те апне отровница, вика доктор Рчев, право м’сни едно кило ракúи, ного-ного не мо-о мисли.
ВРЕШКО: Нáјáрно е áпн’њо прс да се туре у газéро на млада кукóшка. Газнио мускул пучнýва ја-такá да рабóте, да се стега, со шо ја цице утровачката, а самата кукóшка гибердúсува.
ВИНА: Какви се сега тие нови гадости?
ВРЕШКО: За тај лек чујáх у Загреб. Там змијската рана се ицúц’ва такá шо на нее гу клав’т заднúко на жива кукóшка. Кокóшката од тавá веднáга умúре, се пулýп’ва, ама се замен’ва с’с друга, а таа со трета и такá сè дудéка една не куртулúсе.
ТУШО: Не с’м знајáл за такóф авáл. Бат-Доне, да напрааме тука едéн кокошáрник?
АНДРОМАХА: Имаше жена шо лечеше ут змиј, как ги викаа тии...
ВРЕШКО: А нáјсúгурно било апн’њо да го закóп’ш гол, земјата утровачката да ја извлéче.
БАБАТА ФИМА: Хаџи… Хаџи…
АНДРОМАХА: Не, како се викаше… Џан… носо шо ù беше, она лечеше. Чеки, как ја викаа, пут јазúко ме-е. На Гуцова Ката…
БАБАТА ФИМА: Марагó.
АНДРОМАХА: Не е Марагó. На Гуцова Ката беше свекрва.
ТУШО: Узýнка.
АНДРОМАХА: Не е Узýнка... Лечеше она. А те апне змии, лечеше она, бааше... прачууна беше.
БАБАТА ФИМА: Миродúка.
АНДРОМАХА: Миродúка. Се викаше Миродúка.
БОШ: А каде е сега она? Зошто не ја викнете?
АНДРОМАХА: Умрé, ама не е подадéла ни на ќерка ни на никуј. Прачууна беше.
ВИНА: Но, ако е верно, домашната змија не апáла.
БАБАТА ФИМА: Не а падат, никуј не а паде, за шо да-а падат?
ВИНА: Не не ја падат, туко – не апáла!
БАБАТА ФИМА: Не апа ако не а закач’в’ш. Ама ако а дрн’ш: ка ќе рипне врс тебе!
ТУШО: Вик’т, ногу лекувúто било тавá пусто месо ут змии.
ВИНА: А како било најслатко: печено на скара, или за турлú-тава?
ИЉО М.: Тај шо јаде от змии месо го разбирáл немскио изúк. Даже змијското месо вик’т чувáло ут рани и можело да те напрáве невидлúф...
ДОНЧО-ТУШО: Браво Иљо!
БОЖА: Ђе је кутња змија, разумете, онђе је и закопано благо.
ДОНЧО: Божа Лажа! Џе е думáшна змија нема закопани пари туко скриини лајна, не е онџе никаква полезúја туко потресúја и патратúја, ако баш сак’ш да знаш.
ТУШО: Сè на штрек да живéеш, соно да не мож’ш да си гу зем’ш. Само суу да јад’ш, бес супичка.
ВИНА: Поарно без супа одошто само со чорба... од порција.
БАБАТА ФИМА: Змијската кожа ја лече големата краста. На кој му се пот’т раците, треба да пуште да го полáзе змии, ја такá низ прстите. Кој се боо треска да не го фтресе, у џебо да си носе девет суј змиешки глави.
БОЖА: Да ви речем, разумете, и то: ко има прораст од лука кроз змијску главу знаде које су жене вјештице!
ВРЕШКО: Секóо змии пут изúко си носе ја тóлковáток џеваúр. Живее само ут тавá шо го… ближе.
АНДРОМАХА: Просто магáре!
ВРЕШКО: Месото ут змиита влијáе да се дига.
ВИНА: Што?
БОЖА: Стид га да рече!
ВИНА: Сите вие плачете за затвор!
БОШ: Излегува дека имаат повеќе добри одошто лоши особини, тие змии. Па ајде сега види што да им работиш, да ли да ги сотреш или да пуштиш тие да те сотрат.
АНДРОМАХА: Еднóвреме ного ги имаше тии мерéтски. На декá лозиинта ка одахме, оште како момичка, глед’ш, се наредúле по пато – оти пато ширóк, нии мирно си врв’ме, не ù чепк’ме, врв’ме си – една, две, ајдеее, наредúле се, на сн’цето се печ’т. (Пауза.) И у тáтковата ми к’шча имаше еднá. Само си ја гледааме ка си се шете пу башчата, пу китките и пу зелениилта. Куга у едéњо ѕит ќе флезе, куга у друкјо. И дома флеваше, на потóно, нис кабиџúко. Си пееше: фиу-фиу, фиу-фиу. Биле татко ни говор’ше: “Не-е тепáјте. Она е гостúнка. Среќата не-е тавá. Паарте ни ги чува!”
ВИНА: Тогаш можеби ги чувала, но сега ми изгледа дека ги јаде. Ако продолжи вака, само за неа ќе треба да работиме!
ТУШО: И јас си им’м дома змии.
ДОНЧО: И јас. Си живее с’с кокошките, гаските, патките и мисироците.
ТУШО: Никакво зло не с’м видéл ут нее. Ут ден на ден имóто само ми се наплодува.
БОШ: Така, значи. И додека уште повеќе не ти се наплоди, ние треба да чекаме уште една зима, и можеби уште еден голем снег – додека цела Македонија не биде изедена?! (На обајцата) Слушајте ваму, отсега да не сте мрднале оттука, и пушката винаги да ви биде наполнета со челик во петок. Или сакате сликата во весник да ми излезе? Држете му се ако до новиот снег не го уловите Големиот Смок! (Пауза. Кон сите) Сум ги собрал тука да ги прашам за совет и лек, а они разврзале прикаски. Море јок станете!
Бргу заминува, по него Вина. И останатите стојат уште малку и полека се разидуваат. Бабата Фима последна; се свртува кон чуварите.
БАБАТА ФИМА: Чујáхте ли, ак’л збирáјте!
ДОНЧО: Ќути ти, бабаљóк!
ТУШО: (Подбивно) Баба-Фимо, на с’ј ли некојпáт на сон Сенка те газúла?
БАБАТА ФИМА: На с’ј.
ТУШО: А как се осеќаше ка те газ’ше?
БАБАТА ФИМА: Ќе вид’ш ка ќе ти стапне на курéмо. Од Смок бетерисú. (Пауза.) Шом Голéмјо Смок ќе изéде и испúи сичко, ќе дојде Сенката: дури тогáј ќе виите шо е тавá – патúло!
5. ОД КУЌАТА ДО ЗАТВОРОТ
Почеток на есента. Башта пред Бистра вода. На една маса седат Врешко, Дино и Петре. Георгија седи посебно. Ванчо ги надгледува гостите, повремено влегува во крчмата. Се појавува Иљо М. со свирачите. Со него е и Андромаха.
ИЉО М.: (Влегува бучно, со песна и игра) Жено, шо вик’ш? Нема зима! Нема повеќе снек! Нема! Еднóврéме, мисљах оти нúкојпат нема да престáне. Оти ќе врне през сите годúшни времúна. Ама, арно кажуваше брат ти, Стојáн: на с’ј немáло зијан ут снек. Снего ја натопува земјата и она се-е задржува влагата преко цеелто лето, и семето се прима като ут шала, и брзо ‘рте и расте и врзýва добри плодове и едри. А кà ќе ги продáаш – ја ти и некóо паричка. Шо è – è!
АНДРОМАХА: Убаво ги продадé лубениците, земá некóо пара… Глеј саа наедн’ч да ги промóчк’ш, па на зимата пà да почн’ш да прапéв’ш, ут снек шубé да те фајќа и ѓавуле да ти се прикажув’т. Шо ќе те-е саа таа музика?
ИЉО М.: Ааа, тавá не е обичен ден! Музика! (Музиката свири, Иљо М. игра со шише во раката.) Ванчо, денéска јас част’м! Кој милýва, нек танцýва! Распáли таа скара! Прет секуј, шише ракúи. Ду секоо маса – гајба пиво!
АНДРОМАХА: Еее, абе ти брљúф да не си? Шо не куп’ш саа некóо дрфце? Зимата е зат вратта: па ли голи-боси да ја дучекаме?!
ИЉО М.: Еба ги еба и дрвата! Тавá повеќе не е зима с’с снек, туко бериќéтна есен! И денéска гу чек’м сино, ама не у растуурна к’шта, туко ус зурли и тапáне! Саа е свршен чувéк! Инџинéр! Музика! А да го р’гн’м на тај стопáнка к’смéт, сè прутúф мене работаше, ама саа и нашјо загáр фанá зајак. Вечер ус диплума дувáѓа Зорáнчо, еј жено!
АНДРОМАХА: Дувáѓа. Затавá глеј трез’н да го дочéк’ш. Веќе си нашáр’н! Има време за сичко, ќе седнéме на тајнá да се порадуваме!
ИЉО М.: Нема време! Саа ќе се радуваме! Скапи едно пиво!
АНДРОМАХА: Еее, лек маш! Јас пиво не пиим! Само оше тај занат да го фан’м!
ИЉО М.: Тугáј зеј такá като чафка, и нем да ми расип’в’ш ќеефо! (Пауза.) Тавá за мене не е обикновéн ден! По шо да го запóмн’м? По кáавето и локýмо? Сите вии сте акаллúј, само е Иљо брлúф. Ама јас тавá го чекáх. Ус годúни! Чекáх и дочекáх! Ванчо, нем некуј бес пиéне да устáне! Седи, жено! Денéска такá си личе. (Андромаха седнува, а до неа и Иљо М.) Сино заедно го пораснáхме, заедно у бел свет го пратúхме, чувéк да стане: редно е заедно и да го пречекаме. Ка беше таа нашта песна? (Тивко пее.)
Един прекрасен мајски ден…
АНДРОМАХА: Едвáј чек’м да стигне афтобýзо. Сношти лошо сонувáх… некак, и радосна с’м, и пà душата ме-е стегн’на.
ИЉО М.: Мајни тии сонове. Газо те-е бил уткрúин. Г’тни малко! Напиј се ут мојта чаша.
АНДРОМАХА: (Пивнува) И бес тавá с’м пијáна!
ИЉО М.: Помн’ш ли, жено, ка шéтааме на млади гудúни по баúро… На Свети Илúи до Свети Илúи с’с – свети Илúи! Помн’ш? Ка беше таа нашта (Пак пее, Андромаха му се придружува)
Един прекрасен мајски ден,
под кулите на Струмица,
под еден бор, еден до друг…
ГЕОРГИЈА: Во твое здравје, Иљо! Cheers!
ИЉО М.: Шо вика саато, Ѓорѓúш?
ГЕОРГИЈА: Осум. Автобсот само што не пристигнал! Fucking bus!
ИЉО М.: Осам? (Срипува) Шо чекаме тугáј? Ванчо, да не с’м видéл празна чашка! (На свирачите) Шом се појáве алтобýзо, вии се-е знаате рабóтта!
Се слуша звук на мотор. Автобусот пристига. Музикантите, како на почетокот, гласно свират, а Иљо М. игра со шише в рака.
АНДРОМАХА: Ја го. (Зоран приоѓа, мајка му го прегрнува.) Ајде, синче, добрéдојдé и нек те-е честúто. (Сака да му ја бакне раката.)
ЗОРАН: (Ја повлекува раката) Шо е, мале, шо е саа тавá? Шо праа тука таа ѓупска музика? Некој у војска да не праќате?
ИЉО М.: (Сè уште игра, потоа го прегрнува синот) Ај аирлúи! Сполáј му на Госпот и тавá да го доживееме! Ду саа давáхме, ут саа ќе субираме! Каквá бе војска ти се сунýва? Никуј нии не испраќаме, туко тебе те пречéкуваме!
ЗОРАН: (Намуртено) Такá, с’с музика? Шо се-е суберáл тај нарóт, мечка да не игрáа?
ИЉО М.: Се радýв’т чувеците.
МУЗИКАНТОТ: (Пружа рака) Ај’ честúто, на гудúна и свадба!
ЗОРАН: (Го оттурнува) Стига бе с’с таа музика! Шо сте се расвирáле?
АНДРОМАХА: (Нерешително) Нели чујаате шо ви кажá детто?
МУЗИКАНТОТ: (Гледа во Иљо М. Музиката полека стивнува.) Малко одмор?
ИЉО М.: (Како пресечен) Ај…
ЗОРАН: Шо сте се здрвúле, ојдееме ли дома? Белки сегá сите ѕидове се цели?!
ИЉО М.: Седи прво да се напииме пу еднá, за честúто.
ЗОРАН: Дома ќе се напииме.
АНДРОМАХА: (На Иљо М.) Дома ми дека. Нели чујá шо ти кажá детто?
ИЉО М.: Ќути ти, Геновево! Трчи да зготв’ш шо треба, да раздúгн’ш, нии пóпóсле ќе дооме.
АНДРОМАХА: Сичко е и зготв’но и раздигн’но.
ИЉО М.: (Строго) Зготви оше едн’ч! Раздúгни оше едн’ч! (Андромаха заминува. Решително на синот) Ак те пречекáх с’с музика, не те пречекáх с’с пушки и патрóне. Седи! Дај, Ванчо, две чисти чашки! И дај го тај првáко шо го донесéх. Првáк за првáк! Едн’ч ут овчáр инџинéр се станýва!
ЗОРАН: Малко с’м умóрен. (Безволно седнуа.)
ИЉО М.: Ако. Саа ќе се одмóр’ш. Еднá недéља – само спиј! А после: на рабóта!
ЗОРАН: (Отсутно) Да.
ИЉО М.: Оште има денове: малко тули да сеч’ме; да домакн’ме некóо кола песóк ут Тракáјна; некóо дрво да избúч’ме. Па за на пролет да почн’ме!
ЗОРАН: (Размислува, како да не знае за што зборува татко му.) Со шо?
ИЉО М.: Как со шо? С’с к’штата, ус градбата!
ЗОРАН: Бајá пари треб’т за к’шта.
ИЉО М.: Добро спечалúх вај годúна, не-с секúри. Важно да почн’ме!
ЗОРАН: Мош овците ќе ги продáд’ш?
ИЉО М.: Каквú офци! Иим саа некóо пара. Ќе ја продааме стаарта к’шта. Имме плац, ут убаф пóýбаф. Ти ќе зем’ш некóо кредúтче, и малечкиинта ќе земе, и гутóво. Такá ќе напрааме.
ЗОРАН: (Пауза.) Да, мош, ка ќе се врн’м.
ИЉО М.: Цељо свет ќе ни заблазéе ка ќе-е виде палáтта на три ката: на секуј син по едúн, а едúн, нáјдóлнијо, на старјо Иљо М. (Пауза.) Ка ќе се врн’ш? Ут дека? Ут војска? Мер не моош да го помрдн’ш тај вирáн аскер? А со ѕидаанто можаме да почн’ме и пóнатáм, прво треба тули да сеч’ме да печ’ме, песóк и чак’л да дунес’ме, греди да избич’ме, вар да изгас’ме, бар темеељто да ги удр’ме. Да се знаа!
ЗОРАН: А кој спомнá војска? Не ти вик’м јас ка ќе си доом ут војска, туко ка ќе се врн’м ут Скопје.
ИЉО М.: (Срипува) Каквó сегá Скопје?
ЗОРАН: Там ќе рабóт’м, веќе ја наредúх, ут први. Не останувам тука, бег’м за Скопје!
ИЉО М.: За Скопје? Ут први. Абе как такá за Скопје? Нии оште не сме те видéле!
ЗОРАН: Шо има да ми глеете?!
ИЉО М.: Сед’м годúни те нема дома. Сед’м гудúни само с’с пошти и пошт’рџúј се распрáвам, с’с колéте и телегрáми. Мисљ’х, малко да ме потпр’ш…
ЗОРАН: Јас ќе те потпр’м! Оште ни еднá плата не с’м земáл, а ти веќе плануве кроош как да ме огрáб’ш. Малко ли ти се нивите и офците?! Дек мож’м јас тебе да те стигн’м?!
ИЉО М.: А как такá áпс’здан?
ЗОРАН: Не устáнувам у пајантава Струмица. Тука глава не моош да дигн’ш ут завидљáци. Кој с’м јас тука? На пијáн Иљо син. Там никуј не ме знаа. Ќе почн’м од нула и ќе создáд’м нов живóт. Ем ќе им’м пóголéма плата, ем право и стан ми дав’т. За десет годúни ќе пит’м колко пари чине свето.
ИЉО М.: За десет годúни... (Пауза.) А знааш ли колко пари е у Скопје јајцето? Колко чине едно кило сирне?
ЗОРАН: Сирне! На газо ќе си го мачк’м!
ИЉО М.: Тука е сичко бес пари: и месо, и в’на, и сирне, и зарзавáт, и сичко… Пари речи-кажи не ти ни треб’т. Па си вик’х, малко да ме спомóгн’ш... к’шта да ви напрáам. За шо те изучúх?
ЗОРАН: Ти ме изучú! Ного се разбúр’ш ти од војна музика! У Скопје млатјо инженéр може да напредн’ва. А тука?
ИЉО М.: Шо тука?
ЗОРАН: Тавá. Струмица се-е Струмица.
ИЉО М.: (Замислено) Шо ù фале на Струмица?
ЗОРАН: Шо да праам у нее? Влакна да испрáвам?
ИЉО М.: Немме ли нии фабрика?
ЗОРАН: Избрúши си го газо с’с нее! Сељаците су нап’нúи градо, а јас треба, по Загреб, у таа наша помочана Струмица тутýн да ниж’м. Не ми ги разбуд’ви вошките, алáјсе-версе.
ИЉО М.: (Пауза.) Не знам. Ама нии те чекáхме. За шо си ни син, ак не си с’с нас? Тавá е како да те немме. (Пауза. Тивко) А цврсто ли решú да од’ш?
ЗОРАН: Одам. Решúх.
ИЉО М.: (Мирно) Е арно тугáј. Ти пóáрно си знааш. Ој саа дома да се одмóр’ш.
ЗОРАН: А ти ?
ИЉО М.: Јас ќе доом пу тебе. Земи си куферо! (Зоран решително станува, го зема коферот и бргу се оддалечува. Иљо М. ја фрла чашката и стојеќи пие од шишето. Штом го испие, го парчосува од земјата.) Ванчо, кам другото шише?
ВАНЧО: (Молкома ја собира срчата) Да не ти докундúсе?
ИЉО М.: Донéси ка ти кажýв’м! Музика! За шо запреете мýзиката? Да не умрé некуј? Мртóвец да не прачувате? (Им фрла пари) Шо е, свето да не прападнá? Шо тии убéс’ни глави, на гомно да не настапúхте? За шо не пиите? Шо не запеете? Веселбата оште не е гутóва! (Ванчо донесува ново шише. Иљо М. пие со мали голтки. Веќе е пијан. Тивко, скоро неразбирливо пее)
Ќе се качам на коработ
и ќе викнам с буен глас:
збогум мила, збогум драга,
јас отидох на далеч…
ГЕОРГИЈА: (Приоѓа, седнува покрај него, му подава цигар.) Ајде, Иљо, запали. Не ми трае повеќе душата, бегам оттука. I am gone away. Отидов!
ИЉО М.: И ти? (Пауза.) Па оди. Кој те задржува? Добар ти пат. А дека од’ш? Да се измóч’ш?
ГЕОРГИЈА: Не. Малку подалеку.
ИЉО М.: И ти у Скопје?
ГЕОРГИЈА: No chance, уште подалеку. Преку границата. Да фатиме рака.
ИЉО М.: А как лаг’ш? Ќе те пушт’т ли на грáницата?
ГЕОРГИЈА: Самиот ќе се пуштам.
ИЉО М.: Па нели ти скоро се врнá ут Америка? Шо мајка пà ќе тер’ш на там?
ГЕОРГИЈА: Well, многу нешто се распрашуваш. Да нејќеш и ти со мене? (Брзо) А жената, а децата, а нивите, а бостанот? А Големиот Смок? Што ќе правиш без нив?
ИЉО М.: Дек да оом ус тии нози? (Пауза.) Тука на Врешко ќе му биде досáдно бес тебе.
ВРЕШКО: Подадéх тужба на судо шо сакаше да ме теп’ш, да си знааш, Ѓорѓе.
ГЕОРГИЈА: Of course. (Воздивнува) Ова овде не е веќе ни за гледање ни за слушање.
ИЉО М.: А ут дек ќе фат’ш? Дојран ли ќе го преплúв’ш, или преко Беласица?
ГЕОРГИЈА: Тоа второто.
ИЉО М.: Не те-е страх?
ГЕОРГИЈА: Од што?
ИЉО М.: Ми знам ли? Ут в’ците. Ут темницата. На Беласица има мечки. Мош и духове.
ГЕОРГИЈА: Ако ги има, мислиш тие не се плашат? Тој мечка, а што јас? Нели сум и јас Мечкáров?
ИЉО М.: Никуј ли не ја чува грáницата? Мож’т де те утéп’т!
ГЕОРГИЈА: (Плукнува) Границата, мој Иљо, не е плот. Кој да ја чува? Ете, ќе сториш вака (тој повлекува црта со ногата, малку размислува и ја пречекорува) и тоа е сè: ја поминá границата. Можеби и не знаеш, зашто таму нема жица, ниту знак. Шума, трева, тоа ти е.
ИЉО М.: Право ли тргнýв’ш?
ГЕОРГИЈА: Why not, да не му требам на некого?
ИЉО М.: Не, само пит’м. (Пауза.) За никуј ли нема клајнане?
ГЕОРГИЈА: Exuse me? Молам?
ИЉО М.: Мислам поздрав.
ГЕОРГИЈА: За мајка ми, старата, ако ја најдеш. Но мислам дека нема да ја најдеш. Never mind.
ИЉО М.: Е оти да не ја најдам?
ГЕОРГИЈА: Because… Оти се омажи...
ИЉО М.: Сегá се подигрáваш со мене. За кој се...
ГЕОРГИЈА: За едно Македонче, старчето Чернозем.
ИЉО М.: (Размислува) Па со здраве тугáј! Проштéвај! Мош има видувáчка, мош и не.
ГЕОРГИЈА: Никогаш не се знае. И самиот рече: светот уште не пропаднал.
ИЉО М.: Да даде Госпот.
ГЕОРГИЈА: Ајде, главата горе! Non vorry! Ако некогаш слушнеш оти се враќам, качи ја еѓупската музика на баџата од новата куќа и така да ме пречекаш! Like king!
ИЉО М.: Сака-нејќе.
ГЕОРГИЈА: Со бајрак!
ИЉО М.: Как да не.
ГЕОРГИЈА: Ако го фатите Големиот Смок за јајцата, сликај се со него и прати ми кадро.
ИЉО М.: Услуга брза и точна. А на коо адреса?
ГЕОРГИЈА: Знае поштарот. Good-bye! Збогум! (Заминува.)
ИЉО М.: Со здраве! (Пие од шишето и, наведнат над масата, пак тивко пее.)
Ќе се качам на коработ…
ПЕТРЕ: (Приоѓа и седнува покрај Иљо М.) Ајде, доста плачеше. Ќе сркнеш ли едно кафе?
ИЉО М.: Јок се чинáјте и ти и каавето!
ПЕТРЕ: Иљо, абе арно ли слушнав? Дали инженерот дојде, или си отиде? (Пауза.) Не му се седи, значи, тука? А тебе што ти се сонуваше: тој да спие со овците, а ти парите да му ги локаш. Сака човекот во голем град да живее, да ужива. Итроманот сака сам да си биде, никој да не го вознемирува. Зошто да си ја цепа главата со излитени мачори?
ИЉО М.: (Со трезен глас) Јас му кажáх да оде! За шо да устáне тука? У завидúва Струмици нема напредúи за инџинéре! Имме полвúна помоч’на фабрика шо у ѓубре не се лага. У Скопје ќе биде прф чувéк. А нап’не џéбовето, ја го пà тука!
ПЕТРЕ: Навистина? А ти, шо ќе правиш ти? Веќе си гровнал. Шо ќе биде кога ќе останеш и без раце и без нозе? Кој ќе те гледа?
ИЉО М.: Сúновето.
ПЕТРЕ: Синовите. Е што, зар обајцата? Да не ти направат и лулка па по цел ден само да те лулкаат, едниот оттука да те бутне, а другиот оттаму?
ИЉО М.: Ќе заќýт’ш ли?!
ПЕТРЕ: Големиот го фати патот, а малиот е арен само за домазет. А ти и бабичката ќе си седите во вашата колипка сè додека пак не падне некој голем снег како ланската зима и додека не ве завее.
ИЉО М.: Затни си муцката, ѓубре дуљгéрско! Мојто малéчко дете со сат’ро го сече тавá шо твојта мистрúи нúкојпат не може да го замáчка. Лани и војникл’ко го свршú. Шо сак’ш друго? На тебе не се ни исекн’ва. Ќе го жен’м. Прво инџинéро, а после и него. Ќе пресобер’ме шо ни треба и, оп – к’шта! Имам јас пари. Не е веќе зима с’с снек. Иим…
ПЕТРЕ: Колку?
ИЉО М.: Таман толко да те куп’м заедно с’с твојта јалова жена. Пóáрно да ме-е продáаш за плашúло, да-а курдúс’м на бустáно!
ПЕТРЕ: Иљооо! Не сум јас Врешко! Остави ја жената на раат!
ИЉО М.: Сикт’р, копиле врашко! Ти ли се најдé за мојте синове да гувóр’ш? Шо сак’ш ут мене? Кој те викнá на мојта маса?
ПЕТРЕ: (Наеднаш мирно) Еве што сакам. Инженерот е веќе отиден, а другиот син е голтар. Не ќе можеш да соѕидаш куќа. Никогаш! А и и оваа не ти е лоша. Што е најважно, ја фаќа планот. Како нарачано: државата ќе ти ја урне, ќе добиеш комфорен стан. Што ќе ти е оној плац? Ајде продади ми го. Еве, ќе ти дадам триста иљади. Кажуваше оти чини двеста и педесет.
ИЉО М.: Цените скокат. Сегá чине миљóон. А ни за два не го давам. Шо ќе ме-е на мене држáвен стан: пратребáле ми се ного тии смрдежл’ци. За мене е к’шта на три ката, на секуј син пу едéн и едéн на старјо ИЉО М.: ПЕТРЕ: Ајде, Иљо, немој да будалиш! Милион, велиш? А минатата зима рече двеста и педесет иљади. Сега: Не, велиш, чини милион. Како тоа? А?
ИЉО М.: Шо чине чине, проклетнико, а шо каж’м – каж’м! Ако каж’м чине, тугáј чине! Или не е такá?
ПЕТРЕ: Иљо, ајнаџијо, пет стотини иљади, тоа ти е! Дај раката! (Сака да се ракува со Иљо М.)
ИЉО М.: (Срипува, вон себе) Каквá рака, ѓаволо?! (Го фаќа ѕидарот за гуша, го тресе) Јас кажáх: плацо чине миљóон. Ама не гу давам ни за два, ни за четúри, ни за четирúјсе и четúри, за ништо на свето. А знааш ли за шо? Плацо не е за продавáне. Там на сúновето ќе им праам к’шта, палáта на три ката. Разберá ли саа? Ка ќе-е вид’ш бела и висóка, мозоко ќе ти се шашардúсе, проклетнико! Цељо грат тригодúшна треска ќе го фтресе ка ќе-е виде к’штата на Иљо М. Ногу души ќе пукн’т ут завис и ут мака. Ќе праам јас к’шта! А за пари ич гајлé да си нем’ш. П’н с’м јас ус пари. Такá е таа, си мисљ’ш: тај е бес пари. Вошкáр и на вошкáро, има бај Иљо оште ут Турците повеќе жлтúци ут шо треба цељо грат да се пустелé. Как га лаг’ш таа пуста? Иим и ниви, и добúтук, и к’шта и плац. Имам и два сина. Ќе ги жен’м у новата к’шта, на ќермúјте бајрáк ќе тур’м: ИЉО М. и СИНОВЕТО. Ќе запóмне Струмица с’с кој рабóта се-е имáла. А ти, шо ќе прааш ти? Плац, плац, да куп’м, да куп’м. Каквó купувáне, гнидо! Нема повеќе купувáне! Ништо не е за продáжба! Ќе запóмн’ш кугá с’с Иљо М. пазáр си правúл! Џом! (Иљо М. го оттурнува Петрета, ги урива масите, ги расфрлува столовите. Ванчо трчи по помош.) Ништо не е за продавáне, чујá ли ме арно? Ништо, ништо! (Паѓа, и нема сили да се подигне.) Ништо! (Ванчо се враќа со милиционерот.)
БОРО МИТАКОВСКИ: Кој тавá го направú?
ВРЕШКО: Ја тај истио шо ми скастри ушето!
ПЕТРЕ: Додека Смокот сака да ни ја изеде државата, овој сака да ни ја урне!
ВРЕШКО: Нека плате и за Смоко!
ДИНО: Бар него моош да го фан’ш.
БОРО МИТАКОВСКИ: Сегá ќе вид’ш ка се уништува чуждо, сегá!
ИЉО М.: (Станува) Шо, да не ме врз’ш, Боро Митаковски?
БОРО МИТАКОВСКИ: (Нерешително) А неврз’н не тргнýв’ш ли?
ИЉО М.: (Со насмев) Води ме. Твој с’м! (Милиционерот го одведува Иљо М.)
6. ЕПИЛОГ
Трпеза наместена за престојната прослава како за Тајна вечера. Во средината седат претседателот Бош и Вина.
БОШ: (Станува. Аплауз.) Другари! Граѓани! И граѓанки и другарки! Се собравме да прославиме уште една работна победа. Познатиот Голем Смок Домашен Брашнојад Цицоциц и Крвоциц повеќе не е со нас! (Аплауз.) Ползувајќи се со својата волшебничка моќ, му ја литна на некое друго место. Градот, или државата каде што отсега ќе заседне, нека му ја мислат! А ние своето го – завршивме!
ДОНЧО: Последното шо го издé беше банкото…
ТУШО: Стрвна рабóта!
ДОНЧО: …банкото со чекмеџéто дек шо ни стојáа тефтеерто и сметките!
БОШ: Важно, сè помина. Ги молам младинците да ја напишат паролата: Македонија е ослободена! (Аплауз.) За верно чувана стража, на магазинерот Дончо му доделуваме рачен саат и пенкало (аплауз, додела, честитки), а на помошникот Тушо џебен саат и мастилав молив (врачување). А на себе самите, на сите нас, си доделуваме – благосостојба и мир меѓу луѓето! (Пауза.) Се разбира, целата оваа опасна случка не можеше да помине без штета, за којашто никој не е крив. Впрочем, зијанот од Смоковото гоштевање не е поголем од ќарот поради неговото заминување. Ние многу арно знаеме дека едно толку опасно ѕвере како Големиот Смок не може да живее од воздух. (Аплауз.) За време на своето пленство тој морал со нешто да се храни, и нешто да пивне. (Ги стишува гласовите кои му одобруваат.) Јас сметам дека во оваа мошне сложена ситуација поминавме – многу ефтино!
ДОНЧО-ТУШО: Речи-кажи, с’с ич масрáф.
БОШ: Ergo, што изел Големиот Смок? (Вади долга хартија.) Занемарлив биланс. Милион вреќи брашно, иљада вагони шеќер, сто композиции маст, десет берби пченка, теписи, стакло, шајки, секакви други глупости, кади, бојлери, струјомери, и – една кутија кибритчиња. (Ја фрла хартијата.) А што испил Големиот Смок? (Вади од џебот нова хартија, уште подолга.) Милион буриња зејтин, иљада вагони нафта, сто композиции шпиритус, десет берби грозје… и така натаму, и така натаму... и – едно шишенце eau de cologne. Nihil – ништо!
ТУШО: На никуј ништо – ми шо!
БОШ: А сега песна! Сите на глас! Музика!
Сите ја пеат песната на Иљо М., Еден прекрасен мајски ден, само без него. Додека трае песната, се слуша далечно тропање, кое станува сè поблиско и сè појасно. Низ главната врата влегува барабанџијата и застанува сред салата. Песната се прекинува. Барабанџијата и понатаму чука во барабанот. Потоа чита.
МИЉО: ОБЈАВА. Внимание-внимание! Се известува граѓанството дека Големиот Смок Бел Домашен Цицоцúц од стариот помина во новиот магазин на Македонија! (Кратко завршно удирање во барабанот.)
Датум последње измене: 2008-02-09 19:34:55