Рајко Жинзифов

Крвава кошуља

I.

В б'лгарска ми клета земља
има мало градче,
то е легнало в пољана,
име нему Прилеп.
Прилеп - то е име славно,
тамо е живејал
некога си крал ни Марко,
в него е царувал.
Е царувал, е војувал
с Власи, Каравласи,
б'лгарска е бранил земља,
роду си помагал.
Дор е бил жив крал ни Марко,
земља била мирна,
не глобеха неја Турци,
не газеха неја.
Не рачил е мрсниј Турчин
кашти ни да газит,
он не можеше да љубите
6'лгарски девојки,
не е мог'л да ги турчит,
в свој харем да држит,     
да не могат да излезат
испод тежок затвор,
да не видат свет ми божиј,
ни па се'лнце јасно...
И одавна то е било
у нас, в Б'лгарија,
в одавнешно, старо време,
старо али славно.
Но зашто ја ви наумвам,
клетички девојки,
наше славно време, старо,
наша прежна доба?
Што помина не сја врштат
назад, о девојки,
нема краља, нема бана,
гиздави, го нема!
Али враг да земит, моми,
ум, перо ми клето,
че то искат да приказват
с вас за таги, маки.
И е било време, моми,
и е било доба,
бил е тој век  златен, харен,
да  би  не  е било!
Што е било? - пита штете,
гиздави девојки,
мене, лада сиромаха,
скитника без рода.
Што е било? - пита штете,
Б'лгарки ви клети!
Неле'е било, како в наше
време, наша доба?
Не така ли, како при нас,
плакали са мајки?

Не така ли, како при нас,
Турчин влегвал в кашти?
Па ударал нож си остриј
в земља иле' на даски,
па извиквал с глас си страшен:
"Брго ти, ѓаурко,
наточи ми вино ројно
и љутица врела,
чаши стродрамници,
ја да пијам, да се'опијам,
с тебе ја да легнам,
да прегрнам рамна става,
очи да целувам,
не две ношти, не три ношти,
твои црни вежди..."

* * *

Клета ви садбина, моми,
клета ви година,
што вас мајка е родила
в такво лошо време!
О, да би е народила
наместо вас камен,
не ште ронех аска с'лзи,
како сега, врели!
Не ште пишеше перо ми
с крваво мастило,
немаше да ви опишам
наше тешко време!
Што е било? - питате пак,
Б'лгарки, другарки,
как е било в прежна доба,
в то ми златно време?

Што е било? - как е било,
нек сега забравим,
или ја вам сја обреква,
милички ми сестри,
в другиј пат вам зарад него
ја да ви раскажа.
Али сега, мили моми,
нека ви прикажа
прикаски од наше време...
Слушајте, девојки!

* * *

Не е било то одавна
у нас, в Б'лгарија,
било е в година, моми,
петдесет и седма,
кат притурим ошт'г хиљада
и ос'м стотини.
Беше вечер, јасен вечер
у Прилепа града,
по безоблачно ми небо
месечина плава,
окол неја там безбројни,
ситни ѕвезди сјајат,
а и ветер тихиј, хладниј
лист на дрвја нишат.
Во црковната градина
весели са китки;
през црковниј двор широки
гиздави девојки
врвјат с стомни, с вода п' лни,
исто тресопатки.
А момчета, Б'лгарчета,
в двор'т седјат накуп,
с жедно срце, с жедни очи
мигајат, погледват.
Нихна младост, пуста младост
своето си искат.
Как што мрена риба барат
место по д'лбоко,
как што славеј, малка птица,
седело си виет
сред расцветени ми ружи
в поле ил' градина,
как што мајка силно љубит
првата си рожба,
так и младо љубит млада,
искат мома јунак,
младо момче-хубавелче,
гиздаво си либе.
И ја некога си, моми,
жеден бех и страден
по моминско лице, хубост
и по чрни очи;
с'м сја крадел из дома си
и с'м бегал ноштем,
като елен млад, запален,
плет ја с'м прескоквал.
И сја криех во градина,
зад макови китки,
ил' под ружи г'столисти
тулех сја как зајац.
Па дочаквах свое либе
тамо во градина,
кога оно утром рано,
во зора гл'бока,
зело лејка в бела рака,
цветја си поливат,
а ја одвај, одвај дишам,
да не ме догледат...
Ала зашто си наумвам
прежни си години?
Нека, моми, ви докажа
својот тажен приказ.

II.

Во црковната градина,
во двор'т широкиј,
седнала е стара баба
пред црковни врати.
Никој неја не ја питат
  тамо зашто седит,
кого барат, кого чекат,
од каде дошла е
и што она в црква искат:
дал' дете ште крстит,
или сина си ште венчат
с млада хубавица?
Ил'е дошла за молитва
за болнава штерка?
  Ил' задужбина ште правит
по грехове тешки?
Никој не си питат баба,

гиздави девојки,
што лице и сињо-ж'лто,
што сја е згрбила?
Што останали са в снага
само кожа с кости?
Зашто нејни стари очи
врели с'лзи лијат?
Зашто охкат, зашто стенкат,
прстите си кршит?...
Никој не ја питат, моми,
не ште и да знаит,
никој не си питат баба,
мислит, че е луда.

Нарамена стара баба
с од козина торба.
А што она в неја носит,
што има во неја?
Чекајте ви, моми, сестри,
потрпете малко,
сè што видим, ште узнаем,
баба ште ни кажит.

* * *

Седнах, моми, окол' баба
пред црковни врати,
па сја пуљам и сја чудам
зашт' е жаловита
и што барат в таква доба
т'мна и вечерна,
кога људи сја собират
дома си сос чељад;
кога људи си оставјат
дневни си печалби
и сбирајат окол' себе
дребни, мили рожби,
па с них они сја печаљат
да сја развесељат,
да забравјат дни си чрни,
маки, таги, глоби...
Шт' она барат в такво доба,
кога сегде тихо,
глухо сегде, т'мно сегде,
сичко ношт покрила,
и планини и долини,
шуми и пољани,
и широките градини,
сичкиј бел свет божиј,
кога сичко сја починват
од печалби дневни,
как зверове, так и птици
питоми и диви.
Што накарало е баба
дом да си оставит?
Да сја скитат като луда,
исто кукавица?
Нек ја питам, нек узнајам
зло какво ја нашло.
Чума ли село избила,
глад ли е морило?
Кашта л' вода е отнесла,
та имот потопи?
Или клетиј, гладен Турчин
срце ѝ изгори?...

* * *

- Бабо! Слушаш? Опули сја,
нек си поприкажем,
  за твој, бабо, живот, помин,
за младо ти време,
Откаде си, кажи, бабо,
и од кое село? Зло какво е тебе нашло,
зла каква година?
Што накарало е тебе в град'т ни да дојдеш?
Што си дошла ти самичка
без сина, без штерка
или немаш ти роднина,
иста кукавица?

Само стап си взела, торба
и повече ништо.
И што носиш в таја торба,
што има во неја?
Дали суха од хлеб корка
и лејка за вода?...
Каква тага, каква мака
тебе е згрбила?
Зашто охкаш, зашто стенкаш,
с'лзи зашто рониш?
Тежок ли грех си сторила,
ти си дошла овде
да отмолиш грех си в црква,
бога ти да смилиш?
Или болна имаш дома,
дошла си по вода,
вода светена, црковна,
болен да напоиш?...
Не бој ми сја, мила бабо,
не с'м з'л човек ја.
Раскажи ми твој’т помин,
јадове и глоби,
милвам ја да слушам, бабо
прикаски од баби...-
Крена глава стара баба,
крена, сја опули,
а из очи с'лзи капат,
ронат сја как бисер.
Ето една врела с'лза
падна долу в земља,
чрна земља неја испи
и дочека втора.
Г’лтат баба врели с'лзи
и земља них г'лтат;
ено ред од жешки с'лзи
накитил е клепки,
колку клепки - толку с'лзи,
редом, редом стојат;
гинит ред един од с'лзи
вториј сја показват,
гинит вториј, а ред другиј
хвана себе место...
Лиет баба жешки с'лзи
како д'жд да врнит.
Натопила шарен ракав,
бришит ги со левиј,
натопила ракав левиј,
бришит ги со поли,
а на нејзин појас висит
селска д'лга крпа:
тја натопена ѝ беше,
и тја беше мокра.
Гиздави девојки градски,
веч вас стигна, чукна
европејска поразија
френски луди моди.
И ви, гиздави момчета,
Б'лгарчета градски,
г'лтате ви думи,
исто папагали,
а не гледате как баба
врели с'зли лиет.
Денем, ноштем плачит, стенкат,
никако не спиет.
Ако вам ви паднит тешко
од те мои думи,
не са, братја, те од злоба,     
а од братско срце.

Не срдете сја на мене,
мене сиромаха.
Не срдете сја на мене
скитника без рода.
Не с'м крив аз, ако слушам
овде чуждина,
че ви тамо в Б'лгарија,
в баштина ми мила,
полудели сте по френски
думи и по моди.
Наша клета баба-мајка
не ште френски думи,
ште тја, братја, лек и билка
да исцери рани.
Но нек ви досвршим, братја,
приказ си за баба.

* * *

Крена глава стара баба,
крена, сја опули,
а из очи с'лзи капат,
роњат сја как бисер.
Искат баба да говорит,
јадната не можит,
бркат нејзе честа х'лцка,
с'лзи и горешти.
- Јадна бабо, писана ти бабо,
гледам твоја тага,
гледам, бабо, тешко ти е,
на душа и срце.
Доста, бабо, плака, стенка,
избриши си с'лзи,
раскажи ми твој'т помин,
јадове и глоби.

Негли ја ште да помогнам
на твојата мака,
негли ште ти кажем како
тага да одбиеш.
Раскажи ми сè што знаеш,
сè, што мина през глава ти
во живот ти целиј.
Турчин изгорел ти срце

или чорбаџија?
Или чума изморила
синове ти, дштерки?
Или оган изгорил е
кашта ти и стока?
Лошо какво стигнало те
или клетва тешка?
Не бој ми сја, мила бабо,
не с'м з'л човек ја.

И кажи ми што ти носиш
в од козина торба?
Дали суха од хлеб кора
и лејка за вода?

* * *

Стара баба с дрехла рака
крена бела крпа
и избриши свој си образ,
очи, клепки, с'лзи.
И изд'хна глухо, тешко,
скрсти обе раце,
па с глас слабиј, жаловитиј
начна да приказва.
Чујте сега, о девојки,
Б'лгарчета млади,
бабин приказ, нејни думи
и душевни таги.

III.

- Слушај, синко, слушај, милиј,
бабини ти речи,
запомни ги харно, тврдо,
раскажи ги тејку.
Мож' богат да е твој тејко
ил' е чорбаџија,
та ште можит да помогнит
на стара ти баба.
Ако ли не, кат пораснеш,
ког' јунак ти станеш,
срце ти кога затупа,
в жили крв заврие,
негли, синко, ште отплатиш
на мој клетиј крвник...
Много време и години
тешки, чрни, клети,
п'лни с маки, п'лни с глоби
минаха през глава,
докат ја таква си станах,
како што ме гледаш.
Многу видех, многу знајам
и теглих ја многу
откак себе помнам, синко,
и до ден денеска
не с'м видела ден јасен,
весела година...
Али сè да ти раскаже
баба не умеет,
та и с'лзи, синко, с'лзи
срцето ми кинат,
те мене не дават, синко,
сичко да припомнам,
те јазик ми ен заврзват,
та и време нема... -
Стара баба тук разгрна
од козина торба,
та изм'кна стара баба...
Слушајте, девојки!
Та изм'кна из торба си -
страх ме е да кажем.
Нек ви кажам! - Тја изм'кна
крвава кошуља, моми,
синовна кошуља!
Бе исшарена кошуља
од грло до поли,
бе исшарена кошуља
сос крвави капки!
Капки крвави, о моми,
г'сти, та големи,
срце ми од них застина,
очи, уста - неми!
Тешка ти година, бабо,
немаш вече сина!
Крвава кошуља, моми
гиздави, сја к'лнем,
сам ја видох с свои очи,
ја сам ја опипах!
Гледам ја кошуља, гледам,
а баба ни плачет,
с'лзи лиет, сг'лзи ронит,
охкат, стенкат, редит:

- Сине, ти един у мама,
сине, чедо Божин!

Мило, писано ти чедо,
нема тебе, нема!
Олово, железо, сине,
теб живот ти скина,
Турчин махна, Турчин удри,
тебе располови.
Падна, сине, ти на трава
в то широко поле,
душа даде, душа нема,
без да кажеш слово
ни за мајка, ни за либе;
крвта ти истече
как на рудо, сине, јагне,
младо и безгрешно!
Беше ошел ти на пазар
во Прилепа града
да продадеш осмак жито,
жито и пченица...
Чеках ден ја, чеках два дни
три дни и три ношти,
ти не идеш, сè те нема
и совсем не дојде...
Затова л'ја ти сја радвах,
тебе ја одгледах?
Те одгледах и те вардех
како прва рожба?!
Затова л'ја тебе готвих
хубаво девојче?
Ти го виде, го замилва,
шеташе ти с него!...
Боже вишниј, боже милиј,
зло какво ме најде!
Грех каков ја сторих, боже,
ил' бе тешка клетва?

Што ја клета не дочеках
венци да целувам,
себ' одмена да донесам,
сину прва љуба...
А сега ја си останах
пуста кукавица,
денем, ноштем, ја кукувам,
като луда ходам.
Ето така, момче младо,
бог да ми те чуват!
Имах сина, имах чедо,
а сега го немам.
Ја го гледах, ја го вардех
како свои очи
и сос него ја забравах
тешки си години.
Ошт' од малечки години
учех сина, карах
он од Турчина да бегат,
да не му отврштат.
Љуто слово да не казват,
да не го разљутит.
Дека Турчин ште сретит,
нему пат да правит
и да м'лчит, кога Турчин
него псуват, хулит.
Секога да казват нему:
в "Ага, беј, ефенди,
многу ти дни и години!"
И ак' нему Турчин кажит:
"Ѓаур, ќор оласан",
него он да да не докачват
с јаловита дума.

Ако л' в кашти дојдит Турчин
него да дочакват
с мед и млеко, с слатки думи
и него да служит
со што искат, с какво искат
и с вино чрвено.
Пржено ли пиле, јајца,
младо л' тл'сто јагне,
млеко л' кисело, ил' пресно,
баница ил' мазник,
или пресен леб домашен,
в подница испечен,
пресно л' сирене, ил' масло
кравско или овчско,
сè, што сакат ага-Турчин,
сичко да му дават.
Ето така карах, учех
Божина си сина
од години оште малки,
оште од пелени.
Али зла и тешка била
та година, младо!...
Беха дошле Турци клети,
врли Арнаути,
не двамина, не тримина,
цели десетмина.
Наредиха ми сја в кашти,
седнаха си редом.
Јадат, пијат, песни пејат
турски, арнаутски,
наша вера хуљат, псуват,
кршјат стол и чаши.

Ножове удриха в земја,
пушки на колена;
грло кинат, гласи креват:
"Брго ти, ѓаурин,
сестри л' имаш, или тетки,
донеси ги овде,
те нас редом да ни служат,
да стојат на нозе;
чаши ртедом да подават,
чаши с вино п'лни."
Чух ја, младо, тези думи,
сину си ја рекох:
- Бегај, сине, зло те најде!
Бегај, криј сја в слама,
сине, трпи там под копа,
да ги уталожам...-
Ојде син ми, он побегна,
а па ја ним казвам:
- Аги мили, аги златни,
жи' ви турска вера,
жи' ви вера, жи' ви бога,
жи' ви Мохамеда,
жи' ви турска книга, аги,
сина не губете!
Нема сестри, нема тетки,
никого он нема:
е едничек, е самичек,
сираче без татка... -
Оште речта не дорекох,
викнаха тук Турци:
- Не, ѓаурко, псешка штерко!
Сина ште заколим! -
Тргнаха тук ножове зли,
блесна им железо,
ја от страх паднах ничком
и сја обезсвестих...
Много л' лежех, малко л' лежех
без свест и без памјат...
али кога дојдох в себе
и погледнах в кашта,
видох, синко, што сум сама,
нема Турци клети.
Одвај станах, ојдох в плевња,
Божина си најдох...
Мина сја ден, вториј, третиј,
мина сја недеља;
ништо нема, сè е мирно
в село, п' околија.
Минало е злото, казвах,
помолих сја богу.
Боже милиј, казвах, боже,
пречиста ти мајко!
Не дај, боже, не дај, мајко,
син ми да погинит.
Кој ште, боже, мене стара
в хладен гроб отпусне?
Кој ште, боже, при смртта ми
очи да заклопат?
Ти, пречиста божа мајко,
смили сја над мене,
не дај злото да ме најдит,
сина доварди ми.
Мина злото, ја си казвах,
син ми жив остана,
го прегрнах, го целувах
во чело, во очи.
Па го карах и го учех
себе си да чуват,
да не казват љута дума
Турчину си нигде...
Врвех си дни, недели,
нигде нема ништо,
сегде тихо, сегде мирно,
радост и веселба!
Радваше сја клето срце,
кога гледах сина, че излегол,
че отиде да пречекат
Грозда у широките пољани,
пред сл'нчевен изгрев,
Грозда, хубава девојка,
Грозда чрноока, белолика хубавица,
румена калинка.
Идит Грозда,
прусат Грозда низ гастите треви,
носит Грозда на глава си баница
ил' мазник на овчари,
кои пасат калешо и стадо.
Недалеко там в пољана
срешташе ја Божин;
пулеха сја оба в очи, оба червенеха.
"Помози бог, лепа Гроздо,
  добро утро, Гроздо!"
А та нему: "Жив да ми си!
Дал ти господ добро!"
"Дека ходиш, лепа Гроздо?"
"Гледаш, ручек носам,
кога ште е наша сватба?"
"Скоро, Гроздо, скоро, лепа,
скоро крај Митровден."
А та нему: "Слушај, Божин,
ако не ме земеш,
сама ште ти дојдам, Божин,
бегалка ште станам,
татка, мајка ште оставам,
љуба да ти бидам."
Пулеха сја оба в очи,
оба червенеха,
па тргнуваха си оба -
Божин преко поле,
Грозда преко гасти ниви,
секој в своја кашта.
А мајчино клето срце
радва ли се радва,
че голем јунак е станал
син ѝ за женење...
Не на многу време радост
е била за мене, стига веч година чрна,
злото веч ме најде.
Беше дошло клето време 
данок да сја дават.
Натовари кола с жито,
спрегна си волове,
па си тргна в град на пазар
жито да продава.
Ако да бех знала, чедо,
че зло ште го најдит,
него немаше да пуштам,
в тој ден клетиј, черниј.
Да бех знала... да бех знала,
можех ли да знајам?...

Оште пат си не изврви
он до половина,
беха му пресекли патјат
Турци-Арнаути.
Обколиха него, чедо,
Турци крвопијци,
а он падна на колена,
милно им сја молит
да не земат млада глава,
че един у мајка.
Ал' не слушајат му молби
Турци крвопијци,
пушка пламна, пушка пукна
в турски раце клети,
зрно оловно продупна
белите му гради.
Друг изм'кна јатаган'т,
глава располови,
тил и теме, и чело му
на две половини.
Па му пливна крв червена
низ зелена трава,
спростре сја на чрна земја
снага му бездушна.
Летна му душа из снага,
низ уста му неми,
летна, без да кажит слово
(немаше и кому)
ни за себе, ни за мајка,
ни за прво либе...
Мина сја ден и ношт мина,
ништо ја не знајах,
на други ден утром рано
сина донесоха.

Донесоха мртва снага,
а душа му нема!
Окрвавени му дрехи
и кошуља чрна...
Видох снага, видох глава
на две половини,
и продупнати му видох
мртви, млади гради.
Видох, паднах ја на него,
замрех ја над него;
го прегрнах и примрела
лежех ја над него
полужива, полумртва
цел ден и ношт цела...
Клети с'лзи, врели с'лзи
совсем не помагат,
не помогнаха му с'лзи,
не воскрснаха го.
Станах, младо, като луда,
измих мртва снага,
измих снага, измих рана,
сина си промених
и заврзах на глава му
двете половини,
них обвих ја с бела крпа,
бела, копринена.
Облекох го в бела риза,
нови, чисти дрехи,
па го спрострех посред кашти.
Седнах да го тажам;
тажам, плачам, косми корнам,
прстите си кршам;
бијам себе и по глава,
и по слаби гради.

Држех него у дома си
три дни и три ношти,
дор у него мртва снага,
хвана да смрдеит.
Многу време стенках, плаках,
пролих жешки с'лзи,
не штех да ја пуштам
в гроб'т т'мен, студен.
Али нему ја не можех
душа да му дадам,
станах, каних два-три попа,
збраха сја роднини,
дојдоха и познајници,
врстници-момчета,
кренаха го на носила,
носат го на рамо;
и на гробиштата тамо
поп молитва пеја,
па го од носила зеха,
пуштиха го в гробот...
Ето така момче младо,
бог да ми те чуват,
имах чедо, имах сина,
а сега гонемам.
Само ми остана, младо,
крвава кошуља,
над која ја тажам, плачам,
врели с'лзи лијам.
Вардам синовна кошуља,
крвава кошуља,
и сос неја ја ште легнам
в гроб студен и т'мен...

IV.

Јадна, клета бабо-мајко,
тешка ти садбина!
Тешка ти година, бабо,
немаш вече сина!
Твои думи, јадна бабо,
тврдо ја запомних,
помнам тија жешки с'лзи,
јадри като бисер.

На Растку објављено: 2008-08-11
Датум последње измене: 2008-08-13 17:41:59
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија