Јоаким Крчовски

Чудеса пресвјатија Богородици

извадоци

ЧУДО 11

Бил у Галлии некој цар, прва жена му умрела, што му е била родила една дштерка, многу красна и прилична девица, ѝ нарекли име Мариа. И по това после царот се оженил пак за друга и таја била многу хубава, ама колку со снага хубава, толку сос душата лоша и груба, и завидела, сакала да нема друга жена како неа хубава. И видела незина пасторка зашто ќе да биде похубава от неа, и ја научил дјавол да ја убие. И отишел царо далеко. Она тогива нашла време и рекла на един измеќар: „Сакам да ми учиниш една љубов, ама никој да не знае, и ќем да ти дадем што ти е најмило“. А он се заклел да учини това што ќе да му рече. Тогива му она говорила: „Првата жена царева родила оваја девојка, ама не е сос него, ами сос некој друг човек зол, зашто е от лош татко, затова и она сè лошо чини, сака да посрамоти царскиј дом. Утро да ја земеш и речи ѝ како да ја водиш на теферич, и отведи ја у планината да ја убиеш. И за нишан да ѝ отсечеш руките, да ги донесеш.“

И у полношт ја собудила царицата девојката и ѝ рекла: „Иди, Марие, напред, и ја по сахат после ќе дојдем по тебе.“ И така ја качили на една кола и ја завели у пустиња. А она се сетила зашто е лажа, от што била многу разумна, и се бојала от Бога, и се дигнала и погледнала на небо, и се молила со слзи и говорила: „Владичице моја Богородице, ја немам друга помоштница, салт благодат твоја, — и да им платиш на тија што чинат неправо.“ А тија што ја водиле рекле: „Не бој се, не ти чиниме ништо.“ А она говорила: „Зашто ме лажете? Маштеха моја ме излагала и ме дала на ваши руки да ме убиете, ама се надејам да ви оврне вам Бог за такво беззаконие. Ви се молим да ме не убиете бирден, ами да ме почекате, докад да си учиним душата моја теслим Богу.“ И они отговориле: „Кога си знала ти това, добро би било да не си пошла сос нас. Нити би погинала, ни ние би у такво беззаконие паднали. А сега ќе да учиниме това што ни е рекла маштеха ти.“ Говори она: „Не боите ли се вие Бога, да ме убиете без кабахат? Да знаете право, такова беззаконие ќе да се јави, ни пак ќе да ви се остави праведниј судија без наказание, ами ќе да ви отврне и вам, и на онаја немилостива ѕверица. А ако сакате да се куртулисате от овој грех, оставете ме овде у планината жива и речете: ја убихме. Похарно да умрем овде сама от глад и вие да не си утопите руките ваши у крв безгрешна и права.“

Тако им говореше Мариа сос слзи и ним се нажалило и рекле ѝ: „И нам ни е жал и би те оставиле жива, ама ни е рекла маштеха ти да ѝ отнесеме твоите руки за нишан. А ако тако не учиниме, нас ќе да ни убие. И да те оставиме жива, ама ѕверове ќе да те изедат.“ Говори она: „Горко и това и това. Ама имам барем мало утеха да ме изедат ѕверове а не човек, и вие ќе да бидете без кабахат от мојата крв. И ви заклинам вас у имја пресвјатија Богородици, што е родила истиннаго Бога и судију всјех, немојте ме убивати. А ако сакате моите руки да ги носите за нишан, а вие отсечете ми руките и носете ги.“ И тури си руките на едно дрво и ги отсекле и ги отнесле на царицата, и им дала многу дарове.

А жалостна Мариа останала полумертва, и немала кому да се надее, ни хекимџија имала, но имала имја пресвјатија Деви на ум, това имала и устата не можела да си отвори от големи жалби и болести. И нè била сосем оставлена, ами манием Божиим нашла помошт. Некое момче от добра рода поминало тамо заради лов и Бог го научил, дошел близу на това место дека е била Мариа, и чул стенание, и така потрчал на глас стенанија и нашел та девојка. И се чудиле сичките, што је се учинило така, и питало ја момчето: „Што е таја работа на тебе?“ А она не му отговорила ништо, ами текле је слзи от очите и учинила ишарет да ја поможат нешто. И рекло момчето на слугите: „Сега не е време да је испитуеме. Нас ни донел овде Бог заради неа. Земете ја да ја отнесеме дома.“

И ја отнели дома, и излекували раните, и сичките се чудиле на нејна хубост и како разумно ходила. И многу пати ја прашале чија е дштерка и зашто са ѝ отсекли руките. А она не отговара ништо ами молчи како нема. И момчето ја возљубило и зборило на татко си да му земе таја за жена. И му рекл татко му: „Чедо, нам требува да земеме девојка на наша прилика, а ти сакаш неја — не салт што е без руки, ами Бог знае каква е некоја сељанка и за кој кабахат ѝ отсекли руките Това ќе да ни е на срам.“ Рекло момчето: „Отче не може да биде таја хубост и таја разум на проста рода. Она се види да е царскиј род. Ама ако би била и от проста рода, ја неја сакам а друга ниедна.“ Видел татко му зашто се не оставја от неја и по закону венчал го сос неја.

А цар незин татко паднал у голема жалост за неја, што се е учинила прељубезна дштерка негова. А царицата му рекла да е побегнала скришом; у ношт. А царот плакал и не могл да се утеши, и имал шубе на царицата, ами молчал и тражил на секиј вилает и писал на сите страни да се собера сите негови царски човеци, да Играјат сос коњи да се малку развесели от таја жалост. Дошал хабар и на свекор Мариин да иде тамо, а син му рекл: „Отче, ја да идем на твое место, а ти чувај моја невеста како мене, и ако роди докад не сам дошел, чувај и неја и детета.“

Отец го благослови и прати го да иде сос Божија помошт. И тамо се показал пред другите јунак, и разумен, и сите го похвалили. И го видела таја лукава царица, и сакала да го заљуби, и викнала еден негов слуга и питала го: „От дека е твој господин и има ли жена?“ Тој негов слуга казал је сичкото како е било, како нашел една девица без руки, и какво лице имала, и сичкото. И у това време дошла му книга от татко му, зашто родила жената му две деца мажки. Тогива таја зла царица се уплашила. Зачат болезн и роди беззаконие. И викнала при себе тој што донел книгата и го питала за сите работи што са жали тамо, и дала му дар и рекла му: „Кога ќе да си идеш, да ми се кажеш.“

И така момчето отписа на башта си, благодари му и радова му се, и пак на него оставја и невестата и децата дури да си дојде. И человеко зема книгата и отиде да се каже на парицата. Она му тури трапеза да го гости, и напои го, и извадила му скришома книгата што му ја дал негов господар и турила свое писмо какво да го е момчето пратило на татка си, така написала: „Отче, да знаеш зашто таја моја жена била дштерка на еден лош человек убијца и за нејни лоши работи пресекле еи руки. И тија деца не се мои. И ти се молим, какво прочиташ таја моја книга, у тој час да ја убиеш сос децата заедно. И ако чуем дека не е убиена, неќем да дојдем дома.“

Кога дојде писмото на татко му у руки, и прочитал го, и многу му се нажалило, и не знал што да чини. И прашувал свои пријатели што да чини, а они му рекли да не ја убива, ами, да ја прати тамо дека ја нашол син му и тамо да ја остават на Бога. И така учинили. И пак пратил книга на сина си и му казал да е учинил какво му рекл.

А она сирота останала сос децата у онаја планина у голема жалост и туга. Жалила помногу да умре, а не да гледа децата да умират. Плачејќи видела една патика мала и земала децата под мишките и отишла по онаја патика и нашла еден старец у една пештера. Кога ја видел старецо, се уплашил да не е дјаволска работа. И кога разбра нојната страданија, пожали ја и уведе ја у пештерата, а он се пресели на друго место. Сакиј ден носеше ѝ корење от тија што јадеше сам и нагледуваше ја.

И по неколку дниј дојде момчето дома и разбра што са уработили. Плачеше горко, и така појде да ја тражи. И мислил, и говорил: „Се надејам на пресвјата Богородица, зашто не ќе да ја остави, како и прво што ја не оставила зашто имала голема надежда на Богоматер. И у таја ношт јавила сја Богомати на Мариа у видение и рекла ѝ: „Утре ќе да дојде твој муж верниј да те води дома, и ќе да ти престанат тија муки и неволи за терпение твое и вера твоја што имаш на мене.“Отговорила Мариа: „Благодарим ти, Владичица моја, ти не ме оставјаш у неволи мои. ма како можем да имам совршена   радост кога сам без руки? Ами пак не се оставјам, на тебе се надеем.“ Tако говорила сос смирение. Чуе Владичица и говори на Мариа: „Земи си твоите руки. Благодатију сина моего ти се даруват. Кои ме љубат и кои прибегнуват под покров мој, сите добри работи зимајат и и мене дарујат.“И у тој час Мариa види свои руки цели и здрави како и прво, когa биле неотсечени. И кој може да изрече онаја радост и веселие. И сета ношт стојала и чинила благодарение Богоматери, и читала „Богородице дјево радујсја“ како и секиј пат имала хадет, с великим умилением и сокрушением срдца.“

На утрото дошел мажот и и ја видел, и се поклонил, и ја пригрнал от радости, и не може да проговори от плач. А кога ја видел сос здрави руки разумел зашто е това добро учинила пресвјатаја Богородица, прослави Бога и пресвјатују Богородицу, и се вратиха дома сос неизречена радост. И башта му учини праздник на пресвјатаја Богородица, да празднува момчето осм дена и да се весели. И собираха се сичките пријатели нихни и чудеха се и прославјаху Бога и пресвјатаја Богородица.

Потова после потражи и фана да испитува господара за онаја лажовна книга. Тогава Мариа фати да кажува кој е себеб бил на нојната мука и страдание, и рекла: „Досега сам таила, но ако е волја Божија сега ќем да кажем, — зашто сам јазе на вашио цар ќерка, ама ми завиде маштеха ми, та сам това потеглила. Ама пресвјатаја Богородица, царица небеснаја, не ме остави да ми се радуват моите душмани, ами ме избавила от сичкиите мои жалости. И сега чинете хабер на моего отца, да знае зашто сам се нашла, дури ние пристигнеме тамо.“

И тогава ја тија познаха зашто е на нихнио цар ќерка. И тогава тие благодариле Бога зашто се удостоили да имат у дом свој царска ќерка. И тогава тамо сите што биле се зарадоваха, и се поклониле и учиниле еи царска чест. И у тој час пратиле хабер на царо, и сами пошле да идат тамо. И третиј ден дошли до царскиј град, и царо изшел сос неговите бољари на срешта, и кога видел неговата љубезна ќерка, притрчал и ја пригрнал како татко сос радост и сос слзи.

Како чула таја лукава царица това и се скрила, а царо кога разбрал како што учинила царица негова, заповедал да накладат огн, да ја изгорат жива. И учинил зета си да е цар, и по негово умирање зет му да царуе. Тогава дошел и татко му да се весели сос царо и сос сина своего. И сичките роднина и пријатели благодариле Бога и пресвјатаја Богородица и ѝ направиле црков заради да се знае до века, и празднували праздници Богородични. И така царица Мариа чинила сички добри работи и давала - милостињу на сиромаси и говорила им: „Овија руки не са мои, ами си ми дарова небеснаја царица заради нејна голема милост, и не е харно да се лениме, кога искаме да чиниме добри работи.“ И така царица Мариа поживејала дури остарела сè богоугодно, и прешла у вечнија обители. Слава Богу и Богоматери, да и ми сподобимсја получити, тој дар, во веки веков, амин.

ЧУДО 23

Во Италијска страна имало богат човек, име тому Агапиј. Сета стока си похарчил зашто живејал грешно и блудно, и осиромашел, и дошел веќе да се остави от Бога. И се проклинал самаго себе, и отишел да сака некој маѓесника, да го пита дали може дјавол да го обогати. И ходеиќи срел го дјавол и му се показал како некој воин и му рекл: „Ја сам тој што сакаш ти. Ако сакаш да ми се запишеш сос твоја крв и да се отречеш Христа и да бидеш мој, да ти дадем сè што сакаш.“

А он окајанниј сакал да живее како прво лошо. Се обешта и даде писмо да се отрече Христа. А он тој час го обогати и му чинил измет, ама му се показувал како воин, и сè што сакал му давал на руките.

Еден пат минал при една црква и видел икона Богородичина и помислил у колку големо зло паднал и воздихнал от срдце. У тој час го бил дјавол, тоја што бил како воин, и едва остана жив. И му рекл: „Чувај се да не гледаш отсега на икона Мариина, зашто ми е она многу зло учинила и многу ми човеци зела от моите руки. Акo чиниш това, пак ќе да те убием сос љута смерт да загубиш овој рахат, и душата ќе да ти отнесе у вечна мука.“

Кога чул това окајанниј, му се учинили големи жалости. Не зашто го бил дјавол по снагата ами да не му погине душата у вечна мука. Мислил што да учини, да се куртулиса от тој плен. Сам себе си говорил, како му дјавол казал, зашто Богомати многу човеци зела от неговите руки: „и мене да биде милостива, зашто е мати на всемилостиваго Бога.“

Това мислеше тој сиромах, а дјавол не знал што он мислил и го провел покрај друга црква, да види дали ќе да се пак обрне каде црквата. А тој, како видел црквата отворена, затрчал се и скоро влезнал у неја и паднал на земља пред икона Богоматери и се бил у груди и викал и от срце воздихал со слзи: „Владичице мира пресвјатаја Богородице, скоро помози ми и избави мја от руки дјаволски. Многу можеш, Всецарице, помози ми преокајаному.“ И така се молил на многу време сос големо сокрушение и плач.

А дјавол пред црквата многу чинил калабал'к и му рекл: „Ја идем, неверне, ме пади Мариа, ама твое писмо што си писал ја го чувам и ќе да ти го покажем на страшен суд, зашто си се со своја волја отрекл от Христа“. Това рекл дјавол и не се видел а Агапиа сос голем плач се молил, сакал милост, и така дошел, и ум му се занел от труд и плач. И видел пречистују Богородицу пред себе и му рекла: „Ти си се отрекл от сина моего, — што си влегл у црквата, што тражиш веќе у мојата црква?“ А он отговорил смирено и сос многу страх: „О пресвјатаја Владичице, нели за грешници твој син се мучил, и ја се познавам зашто сам големо беззаконие учинил (и така поменувал многу грешнии што биле). А син твој простил ги, — оште тебе немале таква помоштница, а он простил ги. Мене да ме приимеш, Владичице, колку сакаш можеш да испросиш у сина твоего.“ Му рекла Владичица: „Зашто си се покајал от сичко сердце, те приимам, ама да не се јавиш неблагодарен у оваја голема благодет, ами да покажеш добра работа за покајание.“ Он и рекл: „И другиј дар сакам — да ми се даде таја книга што дадох на дјавола, да   ми  ја дадеш.“Отговори му Богородица: „Во славу сина моега и Бога, да ти биде тебе и това.“

          И чу се глас сос фучање на воздух, и говори дјавол: „Ако си ти мати правди, не чини такваја неправда, о Владичице, да не ми земаш ового што ми се записал со своја крв.“ Отговори Владичица: „Враже истини, секиј пат лажеш, а сега право говориш да јесм мати правди. Затова сакам да учиним праведниј суд, да истргнем создание сина моего от твои руки. Не е право ти да ги држиш.“

Чул това Агапиа и се зарадувал и се освестил како от глубокиј“ сон и видел своје рукописание у руки свои. Многу се зарадувал; и сите кои видели и чули таково чудо. Това се чуло по сичкио свет. Това дошло у уши блаженному Лву Папи Римскому, и пратил и довели Агапиа, и видел това писание, и заповеда да биде по сите церкви благодарение Богу и Богоматери. И многу човеци, кои имале секаквии грехове, се покајале, фанале да се надејат на пресвјатаја Богородица. А Агапиа се учинил калуѓер и се покајал како му заповедала Богомати, јејаже молитвами, амин.

ЧУДО 26

    У место зовомо Нарна, тамо тече велика река, — у това село бил еден человек богат, имал многу измеќари, и имал еден арапин, многу време му работил, и го миловал господаро. И родила жената му дете црно како арапин. А жена била честна, чиста, неходила сос друг муж, салт со свој. А имала голема милост на пресвјатаја Богородица. Затова ја возљубила и свјатаја Богородица и учинила милост сос неа.

Сите человеци говориле: „Това дете е от арапинот.“ Муж незин не можел да терпи толку хули и смех. Помислил да убие дете и арапина и жената, ама Богородица удержала го. Знала зашто она е чиста.

Рекл он на жената си: „Земи, злаја жено, това копиле што си родила, иди си скоро от мој дом, иди да те не зидат мои очи, да не те убијам со мои руки.“ И ја фанал за косите и ја испадил сос детето. И она отишла у еден роднина. Знала зашто ќе да ја прииме, и тие ја испадиле. Ним им се чинило зашто е родила от арапино.

Тогива таја сирота жена от многу жалби и туги, зашто никој не ја прибирал, сакала да се убие и себе и детето. Това мислеиќи, дошла у една црков Богоматери и се застојала пред иконата, плакала неутешно, от многу слзи сета црков се намокрила, и рекла: „Сладчајшаја моја Богородице, не остави душа моја да иде на мучение, да не бидам самоубијца, — и немам дека да идам.“

Това рекла и излегла на пазариште и викнала колку може: „Да ме чуете сички за име Божие.“ И сичкии слушале: „Пресвјатаја Богородица да покаже некое чудо за уверение, зашто немам кабахат. Ја да се избавим от ова осуждение и клевети“. И така скочила у реката сос детето. А муж незин чул, му се нажалило, притерчал. А она пропаднала у водата.

И они отишле у црков да се мољат Богу, да не им пушти некое зло за незина душа, зашто ја клеветиле. Тамо како се молили, чуле вонка, надвор, шамата от человеци. И говориле: „Слава Богу, излегла жената жива от водата, и дете бело и красно лицето му.“

И тогива муж незин многу се чудил и ја прегрнал и плакал от радост и ја молил да му прости зашто многу ја хулил, и целовал детето и славил Бога зашто не ги оставил да се удават без кабахат.

Тогива ја прашале: „Како жива си излегла от водата?“ Она говори: „Вие сите ме оставихте и испадихте. Ја не знаех што да чинам, отидох у црква и се дадох на руки Богородици. И како сам плакала, рече ми Богородица, — „не бој се, не те оставам да се удавиш“. И водата се раздели на две. И ја рекох: „Зашто ми е живот, Владичице, кога толку имам беди и скорби?“ Она рече ми: „Друга неќе да има славна и честна како тебе, ни друго дете похубаво.“ Това ми рече и ме зеде сос детето и ме отнесе на мосто, и така ми рече и отиде на небо. А дете измени се у таја красота.“

Сите кои чуле славиле Бога и пречистују Богородицу, а жената ја молиле да им прости, а повише муж незин, — и ја молил да иде дома. Она рекла: „Слава Богу и Богуматери, зашто си се уверил зашто сам била верна к тебе. А мене Богомати ме спасла от смерти, — не е лепо да служим дому твоему ни да сам неблагодарна на таја што ми многу големо добро учинила. Ти си ме испадил, а она ме прибрала и не ме оставила да погинам сос душа и тело.“ И отишла у девическиј монастир и живеала богоугодно и се преселила ко благодетелиици своеј.

ЧУДО 64

Во дни Теодосија великаго имало некој человек у Цариград, добродетелен и многу богат, имал сина единороднаго, именем Теофил. У старости осиромашел многу, немал со што да, се храни, и рекол на сина си: „Чедо, видиш зашто сме сиромаси и не можеме да се гледаме, — ами да те продам, и ти да живееш, и ние да се храниме.“ И така Јулијан продал сина своего на еден богат человек, и го учил, — кога промине покрај некоја церков, ако читат или ако литургиа служат, „колку да имаш некаде скора работа, да свратиш у црквата, да стоиш и да слушаш.

Тоја што го купил многу го возљубил, зашто имал добр хадет и разум, и му стојал диван кога вечерал. Еден ден отишел господаро у царскијот двор, и си заборавил тефтеро дома, и пратил Теофила да иде брже да го донесе. И он отишел, влезнал дома, и скоро земал тефтеро, и видел жената на господаро курвила сос еден измеќар. Ама не гледал на них.

Отишел при господаро си, а жената се уплашила да не каже на господаро, — и кога дошел господаро, а она рекла: „Така тој, што си купил, дојде да ме силое у постељата, и ја викнах, да не беше дошел другијот, ќеше да ме насилова. Бог ме учува да не се посрамим. Утре ако да му не отсечеш главата, ја не живеем с тебе.“

Чул това господаро, и се разљутил на Теофила, и рече да учини по нејна волја. И на утрото отишел при судијата градскиј и му рекл: „Утре ќе да ти пратим сос писмо еден слуга мој да му отсечеш главата и да ја завиеш, да ми ја пратиш.“ А судијата рекл: „Без шаити не бива.“ А он викнал еден пријател негов, и тој рекл: „Така било и ја знам.“

Тогај господаро дал писмо на Теофила да го носи на судијата. Како ходил, минал при една црква Богородици и застанал да слуша литургиа, како што го учил татко му, да слуша до отпуст. А жената не може да трае, прати своего љубовника скоро да му донесе главата. И кога отишел другијот, отсекле му главата. По литургиа после отишел и Теофил, и му дал судијата главата завиена. Теофил носил ја и не знаел што е, како што му заповедал господаро. Кога дошел дома, видели го, и се зачудили, а жената се уплашила и се учинила како умрена.

И го питал за таја работа, и познали зашто е истинниј суд Божји, и возљубиха Теофила за чистота душевна. И после господаро си го посинил, и прослави се Теофил за негова добра работа. Затова требуе да слушаме родители што учат на закон Божиј, а тија што не учат свои чеда книга и закон Божиј не се родители, ами губители и убијци на свои чеда. Христос говори, — тежко на тија кои чинат лошо пред свои чеда. Требуе да ги учат на закон Божиј, и да идеме у црква, зашто имаме многу на душата спасение.

МИТАРСТВА - извадоци

Слушајте и да знаете како бидуе покајание. Имало у Цариград един постник, свјатиј Василиа новиј. И имало една стара удовица, име тое Теодора. Она чинила измет на свјатаго Василиа и го почитала како ангела Божија. А он ја учил свјатое покајание. Таја жена многу години постила и плакала за греховите нејни, и после се покалуѓерила сос чисто покајание. И така се преставила.

А имало тамо другиј постник, свјатиј Григориа. Тој често ходил и се поучавал от свјатаго Василиа. Тој Григориа разбрал за блаженнаја Теодора, како се преставила, и фанал да мисли за неја, и сакал да знае дека се находи нејната душа: дали зела некоја милост от Бога, дали отишла у рај Божиј. И това како мислеше Григориа, често се молише на свјатаго Василиа да му каже заради неја. Веруваше без шубе зашто не е скришно на угодника Божија свјатаго Василиа заради нојната душа.

          И така често му се молил на свјатаго Василиа, и он не хтел да го оскорби ида разсрди духовнаго своего сина, и се помолил Богу да му јави заради Теодора, да ја види, и да му се открие. И една ношт, како лежал на постељата си, и му открил Бог, и ја видел дека била блаженнаја Теодора у рај, и у дворове прекрасни што биле уготовани от Бога на свјатаго Василиа. И сос молитва свјатаго Василиа, што беше му чинила измет, и беше си отишла у тија прекрасниј сарај.

И како ја виде Григориа, и се зарадува, и фана да ја пита како на јаве сос неја. И запраша ја: „Како си се разделила от снага, и како си прешла невоља смертна, и како си поминала баждарници дјаволскии?“

А она фанала да му казуе: „Чедо Григорие, заради страшните работи си ме прашал, што е страшно да го споменуем и да го казуем. Гледах лица што никој пат не бех видела и слушах зборови што никак не бех чула. И како да ти кажам, тежко и љуто, што се не надејах, това ме срете: онија страшни дјаволи заради моите грехови. Ама заради молитвата, и со помошт свјатаго Василиа, сè ми легко биде. 

...

       И не знам, кога дојдох веќе на умирање, и дојде сахат да се раздвојам от снага: видох многу дјаволи страшки и црни како арапи, — дојдоха около мене и нихните лица беха црни како саги, очите нихни како жар и нихното “гледање толку љуто како сама вечна мука. И фанаха да чинат калабал'к и шамата. Еднии рикаха како ѕверове и добици, а другии како пси лаеха, другии виеха како волци, а еднии како свини цвичеха. Сите гледаха на мене и ’ржеха, и потрчаха на мене страшно, и чкртаха сос зуби на мене, и сакаха да ме г’лтнат бирден. И готовеха книги, како да речеш некој судија чекаха да дојде, и тефтери отвораха, у них беше сичкиите мои зли грехови.

Тогаи моја сирота душа се учини у голем страх и беда, за хер не ми стигаше таја горчива смертна болест, ами и от тија страшнии дјаволи и грозно нихно гледање и љутост, како друга смерт пољута. И отвраќах си очите тамо и овамо, да не гледам тија страшни лица ни да чујам нихни страшниј глас, и не можех да се скријам от них зашто беха многу безброј, и немаше никој да ми помогне от таја беда, и бех до крај.

И тогај видох два светоносни ангели Божии. При мене дојдоха како некои хубави момчиња. Нихна хубавина не може да се искаже, лицата нихни беха пресветли, со очите ме гледаха мило, на главите нихни косата им беше бела како снег, како златна светеше, рубите нихни беха како това што светнуе на небо кога има дожд. Беха крстосани при сисите сос појаси златни.

Тие како дојдоха, и бирден застанаха от десна страна и нешто си тихо говореха. И јазе како видох, и се зарадовах, и весело гледах на них. А тие црните дјаволи, како видеха, и се уплашиха от них, побегнаха.

...

И дојде смерт, како арслан, рикаше страшно, беше како човек а снага немаше, салде голи кости составлени. И носеше турли турли халати на мучение: сабли, стрели, маздраци, брадви, коси, српови, ражни, пили, секири, тесли, брадви и вадици и другии сечива што ги никој не знае.

Това како виде мојата смиренна душа, се потресе от страх. И рекоха свјатии ангели на смертта: „Зашто се забаваш? Отдели ја оваја душа от тија зглобови снажни. Скоро и тихо раздели ја, зашто нема тежки грехови.“ И бирден дојде при мене смертта, зема малка брадва и фати да ми отсечуе прво ногите мои, пак руците мои пак зема, другиј халат, пак ми разслаби сите жили, от составите раздели, и не могох веќе да си подигна ни руки ни ноги - сета снага ми се учини како мертва. Пак зема тесла и отсече ми главата, и не могох веќе да си подигнам главата. Сè ми чужда стана снагата. После направи шербет у чаша, та ме напои со сила. ...

И тој час ја зедоха свјатиј ангели у своите руки. И погледнах назад, видох мојата снага, лежеше бездушна како некој кога си соблече свои руби и ги остави и гледа на них. Така ја гледах на мојата снага и многу се чудех. И ме држеха свјатии ангели, а тија страшнии арапи пак нè обколисаха и викаха: „Многу грехови има таја душа!“ И ми показаха греховите мои.

А свјатии ангели фанаха да тражат мои добри работи, и најдоха сос помошт Божија што бех учинила, и собираха сè што бех добро учинила: ако бех дала милостиња на сиромаси, и што бех гладни наситила, и жеднаго напоила, или голаго облекла, или јабанџиа у дом мој довела, или на болни или затворени бех пригледнала, и што бех ходила со страх у Божија црков, и што бех се молила со слзи и со страх, или четење или поење црковно со срце бех слушала, или тимиам и свешти или друго нешто бех принела у црков, или зејтин у кандила сипала, и што бех целивала свјатија икони со страх Божиј, и што бех постила среда и петок и другии свјатии пости, и што бех метании чинила, и колку ноќи бех се молила Богу и воздихнала и проплакала за греховите мои, и што бех на христиани добро учинила, и кој зло ми чинеше ја не му се љутех и трпех сè што ми чинеха лошо, и некои што беха у жалби и неволи — и јас плачех и жалех со них барабар, или некого от греховни работи отвратих, или си задржих јазик от клетви и л’жи и от праздни зборови, — сите мои добри работи видох ги како днеска учинени и се зарадувах. И ги собираха едно по едно да ги турат на терезиа спроти моите зли работи.

Дјаволите това гледаха и чкртаха со зуби, сакаха да ме земат от руки ангелски и да ме фрлат на дно у мука вечна. И у тој сахат се јави свјатиј Василиа и рече на ангелите: „Господари мои, оваја душа многу ми е измет учинила на мојата старост, и молих се заради неја Богу и Бог ми ја хариза.“ И, това изрече и извади от пазухи свои мех црвен пун. Ја помислих това да е злато, а оно не било злато, ами молитви свјатаго Василиа. И даде го на ангелите и им рече: „Господари мои, кога ќе да идете нагоре, на страшнии ѓумруци дјаволскии, оваја душа да ја откупите сос тој мој мех, зашто е лун сос Божиј дар от мој пот и от мој захмет“.

    Това рече и отиде, а лукавии дјаволи това видоха и останаха како без ум и се заплакаха и отидоха... 

МИТАРСТВО  1

Тамо истражуват грехови и зборови празднии. И тој час ни запреха, извадиха многу тефтери. У них беше написани моите зли грешнии зборови и речи гнасни на шака и на маскара, што бех чинила у моја младост, и смех што бех чинила да се смејат другии. И гледах тамо написани сите мои - луди и гнаснии лакрдии и песни грешни светскии, сè до една реч, што е лоша.

Тија дјаволи сос това ме укориха и се препираха и ми показуваха дека што бех зборила и сос кого сум се залагувала сос праздни лакрдии и разсрдих Бога. Това ја не мислих да е грех и не го  исповедах ни се покајах за тие грехови. Това како видох, и молчех како нема, немах што да отговорим на лукавиите дјаволи, зашто така наистина бех чинила. И се чудех како они толку години не заборавиле а ја отдавна бех заборавила.

А они се това, како денеска зборено, едно по едно ми показуваха. Ја се засрамих и се потресох от страх. Тогај свјатии ангели, што ме водеха, туриха от моите добри работи на терезиа, и што не достигна, туриха от това што ми хариза свјатиј Василиа мој духовник. И откупиха ме, и дојдохме от тамо понависоко, и приближихме друго митарство.

МИТАРСТВО 4

          Што се вика чревоугодие? И ни сретоха бирден, и чкртаха со зуби на нас, и се радуеха како да се нашле голем ќелепур. И видех на тија дјаволи лица гнасни и груби, не може да се искаже. И показуеха манџи и пиења.

И видех манџи на тија што многу се прејадувале. И носеха каленици и котли сос манџи, а еднии носеха чаши и грнци сос пиење, се това што се опивале, и това пиење — како гној смрден и како гнасна бљуветина. И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови. Тако тија дјаволи чинеха и укораваха души грешнии на това митарство.

Тија дјаволи ни обиколиха како пси и ни запреха, и у тој час донесоха пред мене сичко многу јадење, и што бех јала скришно, и што бех јала рано па Богу не бех се помолила ни прекрстила. И пианство ми показуеха, и ми показаха тија садови што бех пила от них и викала: „Толку и толку си испила на зиафет сос тија човеци, и на други места сос толку си се опивала сос дјаволски песни.“

И у праздници, или у свјатаја недеља пред свјатаја литургиа, ако бех јала или пила, това тураха пред мене, сос това се радоваха. Како идехме нагоре, а свјатии ангели си зборуеха и рекоха: „Голема помошт има оваја душа от свјатаго Василиа. Негови молитви поминаха от тија страшни баждарници.“ ...

МИТАРСТВО 20

Последниј ѓумрук, што е немилосердие, санкиј кој не е милостив и кој е срдит. Беха тие многу дјаволи, и књаз нихни, и се видеше сух и како дремлив от срдење, — дихаше како сос огн немилостив. Тамо без милости се испитуват и истражуват човеци кои биле немилостиви.

...

А ја Теодора, сос милост Христова, поминах и таја баждарница без беди. Помогнаха ми секаде молитви свјатаго Василиа што беше ме даровал от неговите добри работи и ме искупи от горкии и страшнии баждарници дјаволски. Побегнах и се курталисах и видох тогај врати небесниј беха како срча много светла, и грееше и сијаше неисказанно. И младии момчина у вратите стоеха како слнце светлии. Тие ме видеха како ме водеха сос руки ангелски, много се радоваха заради мене, зашто Божие милосердие ме покри и ме учува от тие горки баждарници.

И мило нас нè сретоха и ме уведоха унатре. Што тамо видех и слушах, о чедо Григорие, не е кабил да ти искажам едно по едно, и не е возможно да се искаже. Видох што око човеческо не видело и чух што ухо не чуло, и не е кабил да се искаже, ни на сердце некому от живите на земјата не му дошло таква благост и сладост.

И ме доведоха пред престол Божиј непреступнија слави, обстоимиј херувимами и серафимами и множеством вои небесних, неизреченними песнми всегда славјашчих Бога. И падши поклонихсја невидимому и непостижимому и недоведомому Божеству. И тогива запејаха небеснија сили песн преслатка, прославјајушче милосердие Божие сос шчедроти. Санкии грехови човеческии не се оставља Бог, ами ги жали и ги милуе кога се покајат.

И дојде глас от велелепнија слави: повелеваше на тија свјати ангели што ме водеха да ме заведат да видам на сите свјатии домовите, така да видам сичкиите муки на грешните, пак после да ме постават у лепи кашти свјатаго Василиа. И ме водиха на секаде. И видех прекраснија кашти и домове многу, ама не секому, ами на тие кои имале чиста вера и кои поминале из иглени уши“ и на тие кои љубат Бога от чисто срдце. Тамо уготовани преисполнени слави и благодати, ми показаха тие што ме водеха, свјатии ангели, башка ломови апостолскии, башка пророческии, башка зладическии, башка на свјатии мученици, башка башка кашти и домови. Сека кашта и дом красоти нихни и хубавини не може да се искаже, и ширина и должина, рекла би колку Цариград, — ама тие многу поголеми и похубави и покраснии, не сос руки направени.

најдолна земља в бездна и видех страшнија и нестрпимија муки во аде грешником што се уготовани за них...

Пак после, пак ме доведоха у мој дом, дека ме видиш, што ми е от свјатаго Василиа, и ме упокоиха овде и ми рекоха: „Сега ти чини памјат, санкиј служат свјатаја литургиа, заради тебе свјатиј Василиа.“ И познах зашто за 40 дни по мое преставление дојдох на ова место покојно.“ Това ми показа свјатаја Теодора.

Показала свјатаму Григорију сите хубавини на тија домови и богатство духовное сос многу захмети што беше собрал свјатиј Василиа, наслажденија и славу, и турли турли садови сос златнии листвие. Тому свјатому Григорију му открил всемилостивиј и всеблагиј Бог да покаже тија страшнии двадесет баждарници дјаволскии, — секии православнии христианин да веруе право Христово свјатое евангелие, зашто това показуе правиј пат Божиј.

Сме сички должни да се готовиме за умирање и секи да има на ум тој страшниј час смертниј. Первии христиани, и мужи и жени, ходиле и живеале како ангели со страх Божиј. Зашто свјатии ангели ден и ношт стојат Богу диван и от страх се тресат и треперат. Така и ние сме должни да живееме, а не многу јадење ни многу пиење. Они сè това мислиле — како да си спасат душите...

Елате, братие, да си измиеме сироти души. Ама сос солзи се измиват души. Зашто скоро, скоро имаме да поминеме многу долгиј пат. Ох тесен и страшен пат! За тој страшен пат царови секиј пат мислиле, затова от чул кошули носиле. Тамо секого чекат. И имат кој не се исповедал сите грехови написани. Ние чиниме грехови а дјавол ни пленуе умот, да не мислиме страшниј час смертниј.

О смерте, горка твоја чаша! О смерте, страшнии твои халати! О смерте, без милости биеш! О смерте, тебе не може да те запре ни кале ни врати железни! О смерте, вси Божии ангели милостиви, а ти немилостива! О смерте, и стари и млади сечеш, дробиш, хич не жалиш!

Затова сичките свјатии плакале. Они никаков грех немале, а плакале ден и ношт. А ние сиромаси како ќе да поминеме, и како ќе да се јавиме на това страшно судиште? Затова секој човек да се моли Богу и да си мисли тија от Бога посланнија и блаженнија зборови. Блазе кој ги держи тија речи четири: первое смерт, второе суд, третее царство небесное, четвертое мука вечнаја. Троице свјатаја и ти мати Божија, покри и сохрани всех православних христијан о Христе Иисусе, Господе нашем; буди чест слава и поклонение, со отцем и сином и животворјашчим Духом, в Троице славимому Богу, ниње и присно и во веки веков, амин.

ПОВЕСТ – извадоци

СЛОВО ЗАРАДИ СТРАШЕН СУД БОЖИЈ И ВТОРОЕ ПРИШЕСТВИЕ ХРИСТОВО

„Во творениих руку твоеју поучахсја“, глаголет пророк. Дух свјатиј учи человеци да познајат от стихии Бога, так и первии свјатии. Тогаи книга немало, а они гледале небо и красоти небеснија. И виделе земља и море и сè што е у них. Зашто има на небо слнце и месец и ѕвезди, и ветрови духат студении и топлии, сите тие мертви се, а ден и ношт ходат и чинат това што им Бог заповедал. Они не се живи, а от Бога се бојат и имат страх. Така и ние человеци сме создание Божие, — да познаеме отца нашего Бога.

Перво создал Бог десет чинови ангелскии. И перв ангел бил многу хубав, ама помислил една грешна помисл. Затова паднал от Бога и от небо и се учинил темен и страшен дјавол. И негово место останало праздно. Затова после создал Бог небо и земља. И от земља создал перваго человека Адама и го поставил у рај да седи. И му рекл: „От сè да јадеш, а от едно древо што е по среде рај да не јадеш. Ако јадеш от него, ќе да умреш.“

А дјавол видел Адама у голема красота у Божии светлости и завидел дјавол Адаму и рекл на жената Ева: „Да јадете от древото, да бидете големи како Бога.“ И јале от това древо и се виделе голи.

Ете от завист дјаволска дошла смерт. А затова создал Бог човеци, да идат на това от дека испаднале дјаволите. А сега човеци от грешно живеење не познават ни Бога ни закон Божиј, ами ходат и живеат како безумни добици. Затова рекле свјатии Божии: „Вол и маска познават своите стопани, а мои људи не ме познават мене Бога. Аз есм создал небо и земља и море и вас человеци, а вие неќете да ме познаете. Ја ваш и отец и Бог и создател.“ Ох голема ваша слепота! Вас ви влече дјавол надолу, а вие не познавате како ќе да пречекате страшнаго судија Иисуса Христа. Он ќе да дојде, да суди и живи и мертви.

Тамо на страшен суд ќе да оживеат от гробовите сите умрени, и грешни и праведни, и верни и неверни. А правите ќе да летнат да не ги фане огин. Зашто тогај земља ќе да се запали, да гори со силниј огин. Толку е силен тој огин, да падне морето и сите реки у тој огин, не можат да угасат ни една искра.

Слушајте колку љути и тешки муки ќе да дојдат на тие човеци кои неќат да се покајат и кој не слушат свјатое евангелие. Них ќе да ги запали тој силниј огин, да ги мучи. А праведни ќе да летнат високо како орли, да пречекат Христа на облаци. А грешните ќе да останат на земља, темни, гнасни, и грозни, и страшнии, и тешки како олово. Ох! И тој огин ќе да ги завлече у муки огнении.

Затова сме сите христиани должни да сакаме: зашто наша живот ест на небо. Тамо ќе да сме живи во вечнија и безконечнија веки, а овде сме сургун. Оваја живот ест кратка како роса и слана, и како трава и цвет и дим. Тие скоро гинат. Така и ние човеци скоро ќе да умреме и ќе идеме тамо на вечна живот. Тамо никој пат не се умира. Затова да живееме со страх Божиј, зашто дјавол ест књаз на овој век, ходи по човеци и рика како арслан страшно — сака да ни изеде живи. Това е и така јаде дјавол човеци, боде и бие, им зема вера и им краде ум, да не мисљат греховите и да заборават умирање. Со това бие дјавол човеци. Тие се стрели дјаволски. И учи човеци да мисљат за стока. Тие, кои това мисљат, тие се врзани. Они се сос души и снаги у темници. Тие не видат ни умирање ни грехови нихни.

Слушајте сега: има троица свјатии живи — свјатиј пророк Енох и свјатиј пророк Илиа и свјатиј Јоанн Богослов. Тие три свјатии ни јадат ни пиат, а се живи от сила Божија. А тие ќе да умрат, Антихрист ќе да ги убие, и по три дни ќе да оживеат со сите свјатии заедно. А сега што умират човеци, тие души поминуват по страшни баждарници дјаволски. Тие чекат души христиански, и мужи и жени от десет години више, фаштат секого тамо и запират за секакови грехови. Кој не се исповедал, тамо тие дјаволи таја душа ја држат. Они имат сите грехови написани на нихни книги. Затова, кои се исповедат, им се отписуват сите грехови от книгите дјаволски. Затова христиани писуват умрените на свјатаја литургиа. Кои умрени се поменуват на свјатаја литургиа, тие се куртулисуват от руки дјаволски. Така рекл Христос. Сите христиани така да чинат, со таја свјатаја литургиа се простујат сите грехови на човеци.

А што раздават вино и хлеб и манџи, това не дава закон. Первии христиани така чиниле, како рекл Христос. А сега се собират, јадат и пиат. Некој да ги пита што е това, а они зборат: „Чиниме за душа“. Ох слепи! Това е чуждо от свјатаја црков. За них требуе свјатаја литургиа, а не јадење и пиење.

Слушајте како ќе да биде страшен суд. Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне  слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин. Толку е силен тој огин, — да падне морето и сите реки у тој огин, не можат да угасат ни една искра.

Слушајте колку љути муки ќе да купат грешните сами себе. Зашто не ќе да ги мучи Бог, ами ќе да ги мучат нихните грехови зашто не се покајале. Ако би се покајале, Бог би ги простил. А тие кои ходат по баење и по маѓии и кои сон верујат, тешко и горко ним! Тие се предани на дјавола. Тогаи ќе да се јави честниј крст от небо, ангели ќе да го носат и ќе да го постават на това место дека бил Христос распјат. И ќе да дојде Христос со сите свјатии ангели, и ќе да се соберат пред Христа и живи и умрени човеци. Тогаи ќе да оживеат сите умрени и ќе да се млади сите на 33 години, сите ќе да се еден бој, муж и жена сè едно лице. А правите ќе да се зарадуват голема радост кога ќе да видат честнаго крста, а грешнии и невернии страшно ќе да се уплашат. И ќе да се отвори пред них страшна јама длабока и ќе да прати Бог ангели да ги фрлат у јамата, што е силниј огин. А правите ќе да летнат високо како орли и ќе да се лични и светли како слнце и хубави како ангели. А грешните ќе да речат: „Ох, зашто не се покајахме?“ А тие сега кои се покајат, Христос ги простуе. Нема човеци грешни колку е грешен дјавол. И тој да се покае, и него простуе Владика Христос.

Слушајте сичкии вие што сте грешнии. Христос простуе дјавола, и вас ви простуе, ами сака да се покаете. Не се мучил Христос за правите, ами се мучил за грешните. Така рекл Христос: „Жена ако заборави свое чедо, а ја вас не ви заборавам, кои имат вера Божија и кои чисто живет.“ А кои немат вера и грешно живеат, них неќе да ги види. Они смрдат Богу како пси. Они се дјаволски.

Христос вика сите човеци и така кажуе: „Кои чука на моја врата, ја му отворујам.“ Това е чукање, кои имат вера, тие се Божиј, а кои не верујат евангелие, тие се дјаволскии. И да се чувате от сите грехови и да се исповедате сичките грехове. Ама ако се исповедат, а не се уплашат от Бога, не им простуе Бог ни еден грех, зашто немат вери.

...

Чуете ли колку е силно свјатое исповедание? Да знаете чисто зашто духовник зема души грешнии от руки дјаволски и ги доведуе у царство Божие. Кои не се уплашат кога се исповедујат, а они тако ќе да се уплашат на страшен суд Божиј. Тамо ќе да се појават грешните голи и темни и страшни, и ќе да прати Бог ангели немилостивии да им врзат руки и ноги у страшни синџири железни и ќе да ги заведат у муки. А правите никако не ќе да се ни гладни ни жедни. Они ќе да се сити пред свјатаја причестна.

И сега има две тела на небо, Христос и пресвјатаја Богородица. Тие се на сите христиани урнек. Тие отишле на небо. Така правите ќе да идат на небо при Христа, а грешните ќе да речат: „Ох тешко и горко нам зашто не се покајахме! Да се проклети тие години и тие дни што сме жиле без покајание!“

А тие кои имале грехови, пак се покајале, блазе на них! Они ќе да се со правите у рај. И тие кои се мажале со белило, тие тамо ќе да ги помажат со кибрит. Зашто оние носиле лице дјаволско. И за тие грехови ќе да ги јадат и гризат љутии змии и страшни жаби. Ох тогај ќе да се заплачат грешниите и ќе да се плашат души от снаги, едни от други грешните души от снагите нихни, и ќе да се хуљат и клеветат едни други души и снаги. Ама ангели Божии ќе да ги накарат со сила, и ќе да влезат душите у снагите. Тогаи ќе да речат душите на снагите: „Да сте проклети вие, снаги! Вие сос многу јадење и со многу вино пиење, вие сте ни затвориле нам рај.“

...

Колку ќе да паднат грешните у муките, тогај ќе да запеат ангели чудни и дивни сладки песни, да славословјат Бога вседержитеља. А грешните со многу слези и плач ќе да речат: „Ох, како не сме умреле млади, би се курталисале от овој страх и от овие љути муки!“ И ќе да посакат смерт, да умрат, а смерт ќе да побегне от них. Тогај ќе да фанат да викат: „Елате гори и планини, да ни покриете живи! Елате и вие, ѕверови, да ни изедете живи докат не сме паднале у љути муки! Ох, тешко и горко нам зашто сме слушале снага!“

И ќе да погледат на пресвјатаја Богородица, она да моли Христа за них, да ги прости. А она ке да им рече: „Ја секи час, и ден и ношт, молех сина моего за вас. А вие, слепи, зашто не се покајахте? Вие сте слушале снага и дјавола. Сега син мој не е милостив, ами е судија страшен. Сега он не слуша никого.“ Тогај ќе да речат грешните: „Сме биле синове Божии, а сега синове дјаволскии. Сме можеле да бидеме сити, а сега ќе да сме гладни во веки.“ И от глади грешните ќе да си јадат и жвакат и гризат јазиците. Тогај ќе да речат душите на снагите: „Тешко и горко вам, проклети снаги! Тие манџи, и това вино, што сте пиле без хесап, тие сега ќе да се учинат да ви горат и мучат.“

Така ќе да се раздељат грешните у љути маки, а праведните при Христа в безконечнија веки, амин.

На Растку објављено: 2008-08-13
Датум последње измене: 2008-08-13 17:42:09
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија