Митко Бојаџиски
4 песни
СЛИКИ
солена вода како прочистена крв
минатото зборува низ ситото на премрежјето
меѓите се бакнуваат во темнината
раѓаат расплакани очи
полека
се патува по патеката на желките
како морници со пресушени стрели
сонови забранети за јавна употреба
рожби фрлени во калта
единствено зелено во кое не расте ништо
ЗНАЦИ
се пополнуваме
во пелени и брчки
во загради пропуштаат мисли
во бранови и бразди
наезди
патоказ за кревките молчаливи
ЗА МАСКИТЕ
сакаа да ми ги одземат боите
невидлив да бидам
ги избришав солзите
го испразнив носот
плукнав кон лошиот правец
историјата на маските има премногу бели даамки
и немоќ пред моите доказни средства
ГОДИНИ – ДУША – ТЕЛО
(размислување)
обременети плаштови
кристални ѕвона
звуци се губат
во својата сличност
мрежата е над мене
а имам кратки нозе за да бегам
голтаат тела – велат
можеби е претерување
но огнот се храни и со зборови
а таму некаде чади
се прашувам
ќе ме изедат ли цел
(Од збирката Силуети и сенки, Алфа, 1989)
Датум последње измене: 2012-09-01 17:18:31