Некои помалку познати филмски и ТВ проекти на Тренчовски
Има неколку филмски и ТВ проекти во режија на Горан Тренчовски кои се помалку познати, но подеднакво значајни со останатите наслови од филмографијата на ИМДБ и од други референтни извори.
Еден од нив е испитниот (студентски) филм на Тренчовски од прва година со наслов ЛАГА, работен според мотивите на истоимениот расказ од Леонид Андрејев. Тука може да се вбројат и документарните филмови: ПОЛОВИНА ВЕК СО ТАЛИЈА во којшто се истражува за феноменот наречен „струмички театар“ и МОРАВИЈА ВИА БРЕГАЛНИЦА во којшто се истражува за кирилометодиевската традициска дијагонала која се протега од Водоча (Република Македонија) до Микулчице (Чешка Република).
Покрај овие, три проекти (ТУТУНСКИ СПОМЕНАР, ДЕН ШЕСТИ, КЛЕВЕТА) коишто како режисер ги потпишува Тренчовски, се настанати во периодот на преломот од стариот во новиот милениум. Проектот СТРУМИЦА 1918 е направен во знак на одбележувањето на 90-годишнината од првата јавна филмска проекција во Струмица.
Еден од поновите проекти каде режисер е Тренчовски е и документарната серија во седум продолженија МАКЕДОНИЈА НИЗ ИСТОРИЈАТА, во знак на 20-годишнината од самостојноста на Македонија.
ЛАГА (1989, декември; Академија на уметностите, Нови Сад; 15 мин.)
ПОЛОВИНА ВЕК СО ТАЛИЈА (1999, октомври; ТВ Канал ВИС, Струмица; 60 мин.)
МОРАВИЈА ВИА БРЕГАЛНИЦА (2000, ноември; МТВ, Скопје; 25 мин.)
ТУТУНСКИ СПОМЕНАР (2001, април; МТВ, Скопје; 70 мин.)
ДЕН ШЕСТИ (2002, август; МТВ, Скопје; 14 мин.)
КЛЕВЕТА (2002, декември; Еврокулт 2000, Скопје; 25 мин.)
СТРУМИЦА 1918 (2008, мај; ТФА АФ, Струмица; 50 мин.)
МАКЕДОНИЈА НИЗ ИСТОРИЈАТА (2011, ноември; Револушн, Скопје; 7 х 40 мин.)
С. Т.
Датум последње измене: 2012-09-01 17:18:11