Олег Јекниќ
Од Википедија, слободна енциклопедија,
Creative Commons 3.0 Unported и GFDL
Олег Јекниќ (Сараево, 16. април 1970) е српски филмски и телевизиски режисер, теоретичар на медиумите.
Предава историја и теорија на филмот на Академијата за уметностите во Белград.[1] Неговата студија Теорија на интерфејсот (срп. Теорија интерфејса), со историски преглед на концептот на медиумите и интерфејсот, и предлогот на новите теории за медиуми, е објавена во 2014. године.[2]
Во раната кариера во 1990-тите како режисер, помеѓу другото, бил и еден од втемелувачите на современите сцени на филмската фантастика во Србија, како и режисер на спотовите на групата Бјесови.
Образование
Филмска и телевизиска режија дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1998 година.
Докторската дисертација „Општа теорија на медиумите заснована врз теоријата на функција на интерфејсот во интерактивната комуникација“ ја одбранил во 2009 година на Универзитетот за уметности во Белград, во рамките на Интердисциплинарните студии на групата за теорија на уметноста и медиумите.[3] Врз основа на овој труд настала книгата Теорија на интерфејсот, објавена во 2014 година.
Уметничка и медиумска кариера
Со филмовите на Динко Туцаковиќ и Марко Костиќ, Јекниќевите рани филмови во периодот меѓу 1993-1995 година (Игра на пионите и Кратки патеки ) се сметаат за зачетници на денешните сцени на фантастичниот филм во Србија.[4] Освен ова, авторот во раниот дел на кариерата се занимавал и со документаристика, музички спотови и мултимедија.
За белградските рекламни агенции и телевизиски продукции од 1995 до 2003 година бил режисер на реклами, сценарист и копирајтер, како и продуцент и автор на интернет сајтови и портали.
Режисер (избор)
- „Игра на пионите“, краток игран филм, ФДУ, Белград, 1993. По мотиви од стрип на Мирко Илиќ и Игор Кордеја
- Кратки патеки“, краток игран филм, ФДУ и Радио Телевизија Србија, Белград, 1995.
- „Enlitement“, документарен филм, ТВ БК Телеком, Белград, 1995.
- Беспризори“, краток игран филм, ФДУ, „Cyber films“ и „Crony“, Белград, 1996.
- „Бјесови: Сѐ што гледам и сѐ што знам“, музички спот, „Metropolis Music“, Белград, 1997.
- „Бјесови: Кога ќе ми застане здивот“, музички спот, „Metropolis Music“, Белград, 1998.
- „63. падобранска бригада“, документарен филм, Воено-филмски центар "Застава филм" и ФРЗ "Белград", Белград, 1996-1998.
Академска кариера
Педагошка работа
Од 2000-та година Јекниќ претежно се занимава со академска работа. На Академијата за уметности Алфа универзитет во Белград бил асистент во периодот од 2003-2008, а на истиот факултет од 2010 година е доцент по предметите Историја на српската кинематографија, Историја на светската кинематографија и Теорија на филмот.
На Факултетот за медиуми и комуникации Универзитетот „Сингидунум“ во Белград предава Теорија на интерфејсот.[5]
Оценка на научната работа
Јекниќевиот придонес за теоријата на медиумите е оценет како значаен:
„Олег Јекниќ успешно и оригинално ја поставил и разработил општата теорија на медиумите и теоријата на интерфејсот. Со своите аргументации ги назначил сериозните и темелните заклучоци за 'природата' на техничките медиуми и нивната комуникацијска улога. Неговите теориски резултати во нашата средина се сосема нови и ветувачки. Многу ретки се научните студии коишто се занимаваат со феноменалноста на новите медиуми на така широкиот и разработениот фон на соочување на филозофската и теориската епистемологијата.“ — Комисија за одбрана на докторската теза, 2009.[6][3]
За иновативноста на новите теории, рецензентот на книгата, проф. д-р Миодраг Шуваковиќ, вели:
„Теориската иновација на ова интердисциплинарно научно дело, содржана е во тезата и аргументацијата на поимот на интерфејсот да завземе цела низа на значења и функции кои припаѓале на традиционалниот поим на медиумите. Јекниќ извел извонредно сложено истражување кое го водело кон нова и оригинална научна и поетичка теорија за техничко-филозофските и теоријско-естетичките толкувања на смислата, улогите и функциите на медиумите и интерфејсот во современата уметност и култура.“ — Миодраг Шуваковиќ, во: Јекниќ, Олег. Теорија на интерфејсот, задна корица на книгата, 2014
Библиографија
- Јекниќ, Олег. Општа теорија на медиумите заснована на теоријата и функцијата на интерфејсот во интерактивната комуникација (докторска дисертација), Група за теорија на уметноста и медиумите на Интердисциплинарните докторски студии на Универзитетот за уметности во Белград, 2009.
- —||— „Марк Б. Н. Хансен: Филозофија на тела као сучеља техничких и биолошких информационих система“, у: Фигури во движење, Современа западна естетика, филозофија и теорија на уметноста, Мишко Шуваковиќ и Алеш Ерјавец (ур.), Белград, „Аточа“, 2009. (стр. 721-740)
- —||— Теорија на интерфејсот, Центар за медиуми и комуникации, Факултет за медиуми и комуникации, Белград, 2014. ISBN 978-86-87107-15-1
Извори
1. ^ Академија за уметности, Биографије на професорот: Олег Јекниќ, 2013.
2. ^
3. ^ а б „Професор Олег Јекниќ докторирал на Универзитетот за уметности“, Академија за уметности, Белград, 2009
4. ^ „БЕОКОН 2009. и 4. Фестивал на српскиот филм на фантастиката“, Дом на млади, Белград, 2009
5. ^ Факултет за медиуми и комуникации: Дигитални уметности, Предавачи
6. ^ Комисија за одбрана на докторска теза во состав: Миодраг Шуваковиќ, Невена Даковиќ, Весна Микиќ, Новица Милиќ и Јерко Денегри, Група за теорија на уметностите и медиуми на Интердисциплинарните докторски студии на Универзитетот за уметност во Белград, 5. септември 2009.
Надворешни врски
- IMDb Олег Јекниќ на IMDb ((en))
- Лична страна
- „Субјективизмот на Источноевропјаните — работилница за Кишловски со Олег Jeкниќ“ (информација); Видео снимка, „Кустендорф, филмски и музички фестивал“, Меќавник, Мокра гора, 2013.
Датум последње измене: 2014-06-28 20:21:33