Теорија на интерфејсот (книга, инфо)
Од Википедија, слободна енциклопедија,
Creative Commons 3.0 Unported и GFDL
Автор |
Олег Јекниќ |
Дизајн на корица |
Борут Вилд |
Држава |
Србија |
Јазик |
српски јaзик |
Жанр |
Теорија на медиумите, комуникологија, филозофија |
Вид дело |
научна студија |
Издавач |
Центар за медиуми и комуникација, Факултет за медиуми и комуникациi, Белград |
Датум на издавање |
2014. |
Вид на корица |
броширано |
Број на страници |
253 |
ISBN |
978-86-87107-15-1 |
Теорија на интерфејсот (срп.: Теорија интерфејса) е книга на српскиот теоретичар на медиуми, историчар на филмот и режисер Олег Јекниќ објавена во 2014 година.[1]
Книгата ги разгледува прашањата кои се актуелни во современата теорија на медиуми: што е интерфејс и која му је улогата во комуникацијата; што е медиум; каква е разликата помеѓу медиумот и интерфејсот, и во каков однос се наоѓаат тие. Во неа е даден историско-аналитички преглед на концептот на интерфејсот, од античките мислители до модерните филозофи и теоретичари, како што се Имануел Кант, Анри Бергсон, Морис Мерло-Понти, Маршал Маклуан, Џејмс Гибсон, Лев Манович, Марк Хансен и други.
Во книгата Јекниќ ја дал и својата оригинална теорија на интерфејсот и медиумите воопшто, реконцептуализирајќи го Маклуановиот став за мноштвото медиуми — со сопствен заклучок за еден медиум и мноштвото интерфејси.
Издавач на монографијата е Центарот за медиуми и комуникации при Факултетот за медиуми и комуникации на Универзитетот „Сингидунум“ во Белград. Рецензенти на изданието се професорите Миодраг Шуваковиќ и Новица Милиќ. Графички книгата ја обликувал Борут Вилд.
Книгата настанала врз основа на докторската дисертација „Општа теорија на медиумите заснована на теоријата и функцијата на интерфејсот во интерактивната комуникација“ одбранета во 2009 година во Белград.
Содржина на книгата
· Предговор
· Вовед
· Теориски рамки
o Основни поими
§ Субјект и објект
§ Медиум
§ Интерфејс
· Интерфејсен модел на комуникација
o Гибсоновата теорија на директна перцепција
o Интерфејсен модел на комуникација
o Интерфејсен модел во телекомуникациите
o Интерфејсен модел и Маклуановата теорија на медиуми
· Телото како интерфејс
· „Топологија“ на субјективитетот
o Имануел Кант – Телото како епистемолошка граница
o Морис Мерло-Понти – Феноменолошко тело
o Анри Бергсон – Афективно тело
o Марк Хансен – Телото во кôдот
· Современи теории на интерфејсот
o Перцепцијата како интерфејс
o Знакот како интерфејс
o Кôдот како интерфејс
o Фантазијата како интерфејс
o „Интерфејс на интерфејсот“
· Заклучок
Додатоци: Цртежи и табели, Литература, Индекс на имиња и Индекс на поими
Стручна рецепција
Јекниќевиот научен придонес за теоријата на медиумите е оценет како значаен:
„Олег Јекниќ успешно и оригинално ја поставил и разработил општата теорија медиумите и теоријата на интерфејсот. Со своите аргументации назначил сериозни и темелни заклучоци за 'природата' на техничките медиуми и нивната комуникациска улога. Неговите теориски резултати во нашата средина се сосем нови и ветувачки. Многу ретки се научните студии кои се занимаваат со феноменалноста на новите медиуми на така широк и разработен фон на соочување на филозофските и теоријските епистемологии.“ — Комисија за одбрана на докторската теза, 2009.[3][2]
За иновативноста на новата теорија рецензентот на книгата, проф. д-р Миодраг Шуваковиќ, вели:
„Теориската иновација на ова интердисциплинарно научно дело содржана е во тезата и аргументацијата поимот на интерфејсот да превзема цела низа на значења и функции кои припаѓале на традиционалниот поим за медиуми. Јекниќ извел извонредно сложено истражување кое го водело кон нова и оригинална научна и поетичка теорија за техничко-филозофските и теориско-естетичките толкувања на смислата, улогата и функциите на медиумите и интерфејсот во современата уметност и култура.“ — Миодраг Шуваковиќ, во: Јекниќ, Олег. Теорија на интерејсот, задна корица на книгата, 2014
Извори
1. ^
2. ^ а б „Професор Олег Јекниќ докторирал на Универзитетт за уметности“, Академија на уметностите, Белград, 2009
3. ^ Комисија за одбрана на докторска теза во састав: Миодраг Шуваковиќ, Невена Даковиќ, Весна Микиќ, Новица Милиќ и Јерко Денегри, Група за теорија на уметноста и медиумите на Интердисциплинарните докторски студии на Универзитетот за уметности во Белград, 5. септември 2009.
Датум последње измене: 2014-06-28 20:30:10