Софија Тренчовска

Заокружена е третата фаза од Проектот Растко - Македонија

Заокружувањето на третата фаза од електронската библиотека на културата и традицијата на Македонија, „Проект Растко – Македонија“ (ПР-МК), го крунисуваме со нова низа книжевни драгоцености.

Со желба да им служиме на читателите и на авторите/творците, со единствена цел - делото побрзо да циркулира, да кореспондира, да се промовира и понатаму да живее, веќе петта година во континуитет ја збогатуваме оваа наша дигитална архива.

Досегашниот резултат е ваков: (пре)објавени се речиси 400 наслови, обработени се над 15000 страници текстуален материјал и опфатени се околу 200 авторски имиња.

Редовни посетители на нашата веб страница се пред сè учениците, студентите и истражувачите, но има и пасионирани читатели на македонскиот збор од сите меридијани на светот – било од академската средина, било од сферата на општата култура.

При овој чин на заокружување на третата фаза од нашиот веб-портал ПР-МК, ја користиме можноста да им изразиме благодарност на сите писатели за отстапувањето на нивните творби за објавување, како и на сите наши соработници, на издавачките куќи, на партнерските и помагателските субјекти.

Започнатата мисија ја продолжуваме и понатаму, со мисла уште повеќе да растеме и да  ја збогатуваме оваа ризница на книжевни и духовни вредности.

Слободно отворете ја, читајте ја и ползувајте ја нашата е-библиотека „Проект Растко – Македонија“!

www.makedonija.rastko.net

Софија Тренчовска
Уредник на „Проект Растко – Македонија“

28 август 2012, Успение на Пресвета Богородица

На Растку објављено: 2012-08-28
Датум последње измене: 2012-09-01 17:17:54
 

Пројекат Растко / Проект Растко Македонија