"Нова Македонија", Скопје, октобар 1992.

 

Разговори на МОТ

Не сме лажни космополити!

• Јас са обидувам на Словените да им ги продаваме нивнит сништа. Јас се обидувам во пишувањето да ја впрегнам космичката енергија во естетски кодови за кои се подразбира дека на Словените им се архетипски – истакнува младиот драматург Зоран Стефановиќ автор на текстот "Словенски Орфеј"

Зоран Стефановиќ (1969) во македонската културиа јавност е познат по драмскиот текст "Словенски Орфеј" кој во постановка на Народниот театар " Антон Панов" од Струмица, а во режија на Горан Тренчовски наиде на убав прием од публиката и критиката во нашата република. Претставата "Словенски Орфеј" деновиве имавме можност да ја видиме во рамките на МОТ 92, а присуството на младиот драматург Зоран Стефановиќ го искористивме за краток разговор со него.

Стефановиќ е пред дипломирање на отсекот за драматургија на Театарската академија во Белград, а досега е автор на три драмски текетови што се изведени во професионални театри: "Словенски Орфеј" во Струмица, "Островски приказни" во Ваљево и "Тристија" во Лозница. Автор е и на пет сценарија за краткометражни филмови работени во копродукција на филмски институции од Белград, Прага и од САД. Во моментот се привршуваат работите на серијата "Јанусовото лице на историјата" во продукцнја на Телевизија Србија, чиј автор е тој. Во текот на 1990. година Зоран Стефановиќ беше на студиски престој во САД.

Разговорот го започнуваме на македонски јазик, што Стефановиќ го говори добро. Ги објаснува своите врски со современото македонско уметничко творештво, пред се сврзани со театарот и музиката. Со воодушевување зборува за македонските авангарднн групи: "Падот на Византија", "Архангел", "Лола В. Стеин" и "Мизар", за соработката со режисерот Горан Тренчовски.

- Горан го запознав во Нови Сад по една негова претстава што ми остави силен впечаток. Тренчовски има чисто дефинирана театарска енергија и се надевам дека за неколку години тој ќе израсне во водечки режисер од младата генерација на пошироките балкански простори. Нашнот "Словенски Орфеј" се роди како резултат на тоа познанство и претставува апокрифна верзија на митот за Орфеј сврзана со балканските и словенски митови и ритуали и истовремено со силни современи конотации, но и претстава што не се приклонува кон ниедна страна и која што никој не може да ја присвојува.

Се обидуваме да оствариме спој на античкиот и популарниот фолклорен театар, а притоа да не бидеме анахрони. Сакаме модерен и снажен театар. Живееме во време на медиумски сензации и такви претстави сакаме да реализираме – истакнува Стефановиќ.

"Словенски Орфеј" всушност е почеток на еден пообемен проект што опфаќа уште три претстави што треба да бидат реализирани во Благоевград, Суботица и Белград, за кои текстовите ги напиша Стефановиќ а режисер ќе биде Тренчовски. Имено, до средината на идната година се очекува реализација на претставите: "Сказна за космичкото јајце", "Теодора, сведок" и "Ка6аре во Синиот Бејрут", како циклус со наслов "Словенска апокалипса".

– Се обидуваме на Словените да им ги продаваме нивните сништа. Јас се обидувам во пишувањето да ја впрегнам космичката енергија во естетски кодови за кои се подразбира дека на Словените им се архетипски. При тоа помирени сме со фактот дека тие сништа често пати се комшмарни, вели Стефановиќ.

– Пораснавме и созреваме во сурово време, што од нас бара да мислиме трезвено. Не сме лажни космополити, како некои претходни генерации, немаме илузии и знаеме каде се наоѓаме. Се чувствувам како припадник на словенска Европа и својот идентитет го барам врз основа на тоа. Денес сме изопачени и измачени народи и само стрпливиот и тежок "еврејски" ред може да не ревитализира, подвлекува Стефановиќ.

Г.[оце] Ристоски


Главна странаСловенски Орфеј - позоришна драмаСловенски Орфеј - радио-драма
ХронологијаРецензијеБиблиографија, театрографија...Документи
О Орфеју у миту и уметностиЛинковиПројекат РасткоСрпско позориште и драма